Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?

  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
синдикат аман веке интер не е голем клуб , во него играле голем број легенди да имаше тежок период да ама ако си ти толку интелигентен не може да ја омаловажуваш големината на интер
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.614
Поени од реакции
43.457
Браво бе. Една година бевме трганти од Серија А и не споредваш со двата најголеми резили шо постојат во фудбалот. :drk:

Ok , ја утна мојата поента , имаше некој на форумов што збореше нешто у стил Јуве биле најтрофејни , и тн и тн , а поентата ми беше дека истото , т.е. минатото , немало , нема и ке нема никаква врска со сегашноста и иднината , ирелевантно е .

Сеа ме свати ?
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.463
Поени од реакции
47.339
Споредив период кога бев дете ( го потенцирам тоа ) , вашето понашање мн ме потсеќа на тој период , т.е. како и ти сега , навраќање во минатото, индиректно тешење , ама знаеш Милан имаат толку и толку титули , Милан се европски Прваци , Милан тепаа со Интер 6-0 и тн и тн , кога бевме деца обично така се препуцававме , денес човек што живее со минатото нема иднина , факат , освоивте Титула во Европа ( најискрено Браво ) , освoивте и Светска клупска Титула ( Браво ) , ги тепавте Интер у минатото , имате повеќе Титули од нив и тн и тн , и кажи ми какво значење има тоа со сегашната борба за 4то Место , со моменталната состојба , со сегашноста , кога ке сватите дека минатото не носи иднина , не носи резултат и не носи радост .

Еве ти една споредба , еден Фан на Ливерпул кој е најтрофеен клуб во Англија треба сега да е рамнодушен со тоа ???? Немаат освоено Титула од 89та , кажи ми какво значење има тоа што се најтрофејни во последниве 18 години а , какво значење има тоа со моменталната состојба во премиер Лигата .
Ова важи и за оние што го величат Јуве како најтрофеен во Италија .
Споредбава ти е многу плитка што не ми се ни верува ни дека ја кажа
Споредуваш Ливерпул што немал трофеј минати 18 годни со Милан што последни 20 е најтофеен во светов божји..а со твоите сваќања за сегашност и минато не би сакал да се расправам на Милан сегашноста е Европски/Светски првак на Интер е Италијански разликата е јасна.

Последни неколку години Милан е релативно слаб во Серија А тоа ти гарантирам е клупска стратегија и јасно сфаќање дека еден фронт се жртвува на сметка на друг без идеи за дупли круни и од таму е ваљда борбата за 4то место.
На Милан Италија не му е приоритет има амбиции за Европа/Свет и таму е супериорен Интер за таму не е дораснат.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.463
Поени од реакции
47.339
@SYn
Како може минатото да нема врска со сегашноста и иднината сега сакаш да млатиме филозофија на темава имаше една мисла ''Историјата се повторува'' дека е ''логично следство'' итн итн
Тебе нормално дека твојата ти смета и ти е небитна пошто ни е славна ни ја сакаш таа тебе те пече од како знаеш за Интер и минато пред 3 години тебе тоа те боли те потсеќа на Рим и almost шампиони на Милан и на Фреј пута 6 и такви некои случки.
Мојата јас си ја сакам а се сетам ми идат само убави настани и моменти тоа ти е...
 
Споредбата беше once again дадена поради тоа што многу од вас овде се повикуваат на минатото , т.е. на бројот на титули , пролистај малце ке видиш , и поентата беше дека истото не е битно , што се однесува на Лигата на Шампионите , оваа година ке имаме нов шампион , така да титулата на Милан за мене е минато , а титулата Светски Клупски Првак неда не ми е релевантна , у принцип ако освоиш Лига на Шампиони , Светската Титула ти е на дофат со оглед дека играш со клубови кои доаѓаат од многу понеквалитетни првенства .

А таа клупска стратегија , одење на титула во Европа а во домашното првентсво заостаток на 15 бода зад првопласиранот е погрешна , а и фановите на Милан во Италија гледам како ја прифаќаат .
А и мислам дека грешиш дека Италија не им е приоритет на Милан , домашното првентсво у принцип е приоритет за секоја екипа , не само во Италија .
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Со сигурност тврдам дека на италијанските навивачи им е милион пати помило нивниот тим да ја освој Сериа А, отколку ЛШ, светски купој, што ти ја знам таму!Ете типичен пример Милан!Јак во ЛШ, светски првак ама сепак пликој вртат по поштите..Тоа треба да значи нешто!

syn, тоа со титулите го напишав само да се знај кој колку титули има во Италија..А според тебе минатото не е важно?Епа ако не е важно на прашањето, што те влечи да гледаш италијанско првенство?Ќе одговориш Јас го гледам италијанското првенство поради Пистоезе и Монца??Нормално, ќе речеш поради Јуве, Интер, Милан , Рома!Од кај ќе ги знаеш нив?Од минатото, од титулите, од староста на клубот и се кое не се гради само со една две или само со десет години..Треба да поминат едни добри минимум 40 години да изградиш бренд од типот на Јуве,Милан, Интер еве да ги земеме Манчестер, Барселона, Реал, Арсенал, Ливерпул..итн итн Колку сака тимот нека е во криза, кога ќе го видат неговото минато со респект ќе се однесуваат со него!Пример ете сега Милан е 7ми, а Удинезе е 5, Јувентус има меч со Милан..Па Јувентус нема да му биди сеедно да игра со Милан или со Удинезе, бидејќи Милан си е Милан,Удинезе е Удинезе..Со мечот со Милан играчите на Јуве ќе влезат со поголем респект!Знајш зошто?Зошто играат со Милан!Иако Удинезе е пред Милан на табелата,иако има подобар скор!Thats what i am talkin` about!!
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
друже интер може да биде втора лига да се бори за опстанок и ја пак ке бидам горд на интер затоа што го сакам клубот а тоа колку титули освоил воопшто нема да го промени тоа. тоа се вика лојалност
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Последни неколку години Милан е релативно слаб во Серија А тоа ти гарантирам е клупска стратегија и јасно сфаќање дека еден фронт се жртвува на сметка на друг без идеи за дупли круни и од таму е ваљда борбата за 4то место.
На Милан Италија не му е приоритет има амбиции за Европа/Свет и таму е супериорен Интер за таму не е дораснат.
Прво, не се согласувам дека е клупска стратегија на Милан да се жртвува домашното првенство за сметка на ЛШ. Што ако се прежртвуваат и бидат 5-ти оваа година? Догодина нема ни да учествуваат во ЛШ во тој случај. Да не зборуваме за тоа каква финансиска загуба може да им донесе ваквата “жртва“. А во Европа никому не му е гарантиран успех, односно учество во финалето. Нокаут средбите не се исто што и првенство, таму одлучуваат нијанси, моменти на инспирација, грешки итн... Не верувам дека има барем еден нормален во раководството на Милан што мисли дека со овој тим ќе ја освојат ЛШ (со оглед на тоа дека за Милан само тоа било успех, нели?) Не се работи за тоа дека жртвувале еден фронт за друг. Едноставно не вложија доволно во тимот и ги жртвуваа сите фронтови.

И стварно мислам, тие забелешки како Милан бил голем клуб (е, не дека не е) ама Интер не бил дораснат за Европа ти реков ми рече... смешни се веќе, ако не и трагични. Секој клуб си има години на слава и на успеси и години на кризи и неуспеси. Некој повеќе, некој помалку. Кај беше Милан кога Интер владееше во Европа. Знам сега ќе се затрчате со поентите: „тоа било одамна’. Одамна беше ама и ова што го освојуваше Милан може еден ден да стане одамна. Тоа не значи дека Милан не бил (и нема да биде) голем. Ливерпул како што спомна некој предходно нема освоено титула во премиер Бог знае од кога. И што сега, Ливерпул не е голем клуб?

Дај бидете сериозни малце иначе џабе пишуваме. Навивање е едно ама да не можеш да ја видиш реалноста е сосема друго. И Милан, и Јувентус и Интер се едни од најголемите клубови во Европа. Сакате по титули, сакате по бројот на навивачи, сакате по традицијата... По што сакате мерете.

Немав намера да расправам за историја. Само да ви укажам на некои работи. Добри фанови се оние кои ги сакаат своите екипи и се гордеат со нивните успеси, навиваат за нив и во време на кризи и лоши резултати... А не оние кои посилно ќе плукнат на противникот.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Алооо Пејо:
Тема Италијанско првенство. Аман со ЛШ. Бравоооо за титулата и не труј појќе сите сфатија дека МИЛАН Е АКТУЕЛЕН ЕВРОПСКИ ШАМПИОН. Ко ќе те читам пишман сум шо навивав за нив во финалето.

А за историја еднаш зборавме.
Еве и јас сум фан на јувентус ( кој има далеку поарна историја од таа на милан ) и и јас сум за да не млатиме пак за историјата. Ти текнува пред една недела шо зборавме или не. Шо ќе прајме ај ќе го прчиме со титули од кој знај кога досадни се. Дајте да се расправаме за сега шо има интересно.

Апел до модераторите да ја прекрстат темава во Италијанско првенство 2007/2008 .
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.463
Поени од реакции
47.339
А таа клупска стратегија , одење на титула во Европа а во домашното првентсво заостаток на 15 бода зад првопласиранот е погрешна , а и фановите на Милан во Италија гледам како ја прифаќаат .
А и мислам дека грешиш дека Италија не им е приоритет на Милан , домашното првентсво у принцип е приоритет за секоја екипа , не само во Италија .
Како поелитно поквалитетно и основно и над се попрофитабилно првенство е приоритет за секој ти од твој агол сакаш да веруваш дека не така.Обичен навивач може не метак и цел тенк пред врата нека стави тоа му е тоа се клубови со стратегии и планирање во во кои они немаат удел
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.614
Поени од реакции
43.457
@SYn
Како може минатото да нема врска со сегашноста и иднината сега сакаш да млатиме филозофија на темава имаше една мисла ''Историјата се повторува'' дека е ''логично следство'' итн итн
Тебе нормално дека твојата ти смета и ти е небитна пошто ни е славна ни ја сакаш таа тебе те пече од како знаеш за Интер и минато пред 3 години тебе тоа те боли те потсеќа на Рим и almost шампиони на Милан и на Фреј пута 6 и такви некои случки.
Мојата јас си ја сакам а се сетам ми идат само убави настани и моменти тоа ти е...

Зависи како ги перцепираш работите , Интер , факт е имаа Црн Период од 90та до пред неколку години , али без оглед колку навивам за нив на настаните од минатото нит пиев вода со шеќер , нит мавав глава у ѕид , нит плачев, секогаш ги прифаќав такви какви што се ( свесен бев за многу работи што фалеа и без оглед што го имаа и Рони тој период , беа далеку назад од мн клубови во Европа и Италија ), реално гледав на работите , читај и на темата за Интер, премногу работи фалеа и Интер беа далеку , т.е. премногу далеку од тимот што е денес и сеуште тврдам дека фалат уште неколку работи на кои треба да се работи во Иднина .

А и верувам дека ти е ова познато кога ја спомна филозофијата , за секој филозоф постои уште еден кој е целосна спротивност на првиот , а што е најтрагично и двајцата не се во право :D , така да нема потреба да млатиме Филозофија .
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Ok , ја утна мојата поента , имаше некој на форумов што збореше нешто у стил Јуве биле најтрофејни , и тн и тн , а поентата ми беше дека истото , т.е. минатото , немало , нема и ке нема никаква врска со сегашноста и иднината , ирелевантно е .
Хм....во најмала рака смешно. Едно прашање само од себе се наметнува: Зошто тогаш се бројат титулите? По вашава "логика на ирелевантно минато" сите титули треба да се поништат во Јуни и од наредните сезони да се почне пак со освоени нула титули на сите фронтови:tapp: . Дај бе мислете што пишувате, немојте вицови да кажувате:pos2: .
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.614
Поени од реакции
43.457
Хм....во најмала рака смешно. Едно прашање само од себе се наметнува: Зошто тогаш се бројат титулите? По вашава "логика на ирелевантно минато" сите титули треба да се поништат во Јуни и од наредните сезони да се почне пак со освоени нула титули на сите фронтови:tapp: . Дај бе мислете што пишувате, немојте вицови да кажувате:pos2: .
Има некакво значење титулата освоена од Интер во 89та утре т.е. денес во дуелот со Јуве , или титулите на Јуве во минатото , ако утре Интер победи , некој овде ке треба да дојде и да рече џабе тепавте коа гледате и сами дека имаме поголем број на титули , никогаш нема да не стигнете и тн и тн , не те иритира тоа , банално е да се повикуваш на тие титули , така да воопшто не е смешен постот што го цитираше . Така да постовите беа до оние кои со титулите освоени во далечната 1963 на некој начин се тешат со она што се случува во сегашноста , т.е. незнам како да го наречам тоа , у тој поглед титулите ирелевантни се , Да .
Иначе секоја чест за истите !
 
eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Syn, тие се сепак титули кои се освоени, некој за 20-30 години може да збори исто за титулата Интер што ја освои минатата сезона (дека не била битна, а секоја титула е титула и како таква е битна). Еве на пример, Наполи и Лацио (ги молам фановите на Лацио да не се нервираат, споредбата е чисто за пример) се бивши шампиони и поради тоа го знаат низ светот, што не е слушај со ... да речеме Анкона, Лече (и такви тимови). Ќе зборев и за ЛШ, ама ај за Серија А е темава.

п.с. Дајте бе доста со тоа пенал беше, не беше пенал. Колина рекол тоа што рекол, не вадете муабети што ќе било ако било (приказни од типот ако слонот можел да лета). Ако таков пенал му досудат на Милан, јас ќе признаам дека судите зргрешиле и голема работа, резултатот пак ќе остане ист (во случајов 2-3 за Интер).
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.020
Поени од реакции
1.135

Се сложувам со постот но ова последното не ти требаше.. убаво си го почна, да смириш ситуација и ајде пак мала провокација на крај.. ама нема врска сега тоа, нека си остани на тоа шо беше и уште еднаш јас ќе побарам од сите вас.. АЈДЕ ДА ПИШИМЕ ПОСТОВИ САМО ЗА ОВАА СЕЗОНА И САМО ЗА ИТАЛИЈАНСКО ПРВЕНСТВО!

Денес се игра еден заостанат натпревар од Сериа А (Реџина - Милан 20:30) и три натпревари од италијанскоит куп..
Катанија - Удинезе 15:00
Фиорентина - Лацио 17:45
Јувентус - Интер 21:00

4 интересно натпревари за кои ќе има многу да анализираме и пишиме.. И дали знае некој пренос дали ќе има од Реџина - Милан на Телма и Јуве - Интер на некоја ТВ.. треба да има на телеспорт но не сум сигурен..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom