Абе знам дека тие Бетмени уживаат некој култен статус и дека никој не смее да ги чепка и да прави некакви споредби се нив.
Се сложувам, без временски се, ама и овој Бетмен не е воопшто лош.
Еве, да не ја правиме споредбата како целина, бидејќи не знаеме овој универзум во кој е новиов Бетмен во која насока ќе движи и колку продолженија ќе има, али кога би се правела споредба на овој Бетмен и првиот дел од Бетмените на Нолан, не само што ќе кажам дека се рамо до рамо туку овој Бетмен е светлосни години пред првиот дел од Бетмените на Нолан.
Може новиов Бетмен не кажува нешто ново, ама начинот на кој што го кажува тоа за мене е нов.
Предобра ми беше цела таа dark атмосфера и детективското во филмот. Цело време движеше дејството.
Баш примети, на 3 саати времетраење колку малце акција и тепачки сцени имаше во филмот.
Роберт Патисон мене позитивно ме изненади, беше малце емо хахаха, тоа се сложувам поготово во сцените кога не ја носеше маската а тоа шминката на очите му остануваше

ама беше емо зашто така беше портретиран од режисерот и тоа го одглуми предобро.
За Гордон што бил црнец и како тоа било причина за да не се гледа филмов е тажно, онака не ни смешно, тажно е, знам дека не го кажа ова ти.
На крајот на денот може и ја сум консумер бе, не викам не.

Али си стојам на тоа дека Бетменов беше прејак и дека кога ќе се тргне таа бариера на Бетмените на Нолан и кога ќе се тргнат емотивните мислења кои ги имаме за тие филмови и се земе реално и со ладна глава да се гледа на филмовите, разликата меѓу овој Бетмен и тие не е прееееголема.