На HBO GO.Каде можам да го гледам Исцелител?
![hbogo.mk](https://hbomax-images.warnermediacdn.com/2020-05/square%20social%20logo%20400%20x%20400_0.png)
HBO Max | Гледај HBO, Warner Bros., DC, Cartoon Network и многу други.
Кажи здраво на HBO Max, извонредна стриминг платформа, богата со одлични блокбастери, култни серии и популарни семејни фаворити.
На HBO GO.Каде можам да го гледам Исцелител?
одамна не ти е достапен исцелител на хбо гоНа HBO GO.
![]()
HBO Max | Гледај HBO, Warner Bros., DC, Cartoon Network и многу други.
Кажи здраво на HBO Max, извонредна стриминг платформа, богата со одлични блокбастери, култни серии и популарни семејни фаворити.hbogo.mk
Ок му пратив линк за онлајн да го гледа. Крш слика ама тоа е.одамна не ти е достапен исцелител на хбо го
Дали знае Теона што е мит, и каков тоа мит постои за Мајка Тереза што она сака да го прикаже?нејзиниот седми проект е приказна за вистинската личност зад митот за Мајка Тереза, „не е биографски филм“, туку е „приказна што прикажува пет дена од животот на една 44-годишна амбициозна жена, токму во моментот кога треба да замине од манастирот ‘Света Марија’ и да создаде свој религиозен ред“.
Мене општо ме изненадува дека ако си писател по дифолт си и сценаристПрилично изненадува што читам дека и Гоце Смилевски е еден од сценаристите. Одличен писател да соработува со потпросечна режисерка. Dear lord.
Никој не го тврди тоа џимеј. Се знае професија писател и професија сценарист.Мене општо ме изненадува дека ако си писател по дифолт си и сценарист![]()
Мислев на филмаџиите кај нас, кои за жал (или од незнаење или недостаток на кадар на којшто му веруваат) посегнуваат по писатели. Инаку кој режисер и да прашаш ќе ти каже дека ако некогаш најде сценарио кое ќе му се допадне, ќе го снима (сите лажат, сакаат да ги снимаат нивните приказни, инаку мотивацијата не им е иста).Никој не го тврди тоа џимеј. Се знае професија писател и професија сценарист.
Мене повеќе ме изненадува општото мислење дека ако си режисер по дифолт си и сценарист и се изнедруваат еден куп просечни филмови ради горделивост и недоволна начитаност на режисерите.
Ако морам да бирам, ја би сакал комбинација писател+режисер да работат на сценаријата, кога нема саглам сценаристи.
Болдираново ми е јасно. И сè тоа е во ред. Никој не вика да снимаат туѓи приказни, нека бидат нивни, лични, ама да му ги прераскажат на некој друг и тој да ги напише.Мислев на филмаџиите кај нас, кои за жал (или од незнаење или недостаток на кадар на којшто му веруваат) посегнуваат по писатели. Инаку кој режисер и да прашаш ќе ти каже дека ако некогаш најде сценарио кое ќе му се допадне, ќе го снима (сите лажат, сакаат да ги снимаат нивните приказни, инаку мотивацијата не им е иста).
Инаку најјако нешто што случајно го открив, седам кај еден другар и на полувреме од утакмица префрли на Преспав, во кредити сценарист Моџо Килингтон. Туѓ срам ме јаде ама алал да му е, успеал со нула знаење и креативност да им се продаде.
Тешко ова. Да побараш некој што веќе снимил филм во Лавиринт продукција па да ти даде контакт од него.Дали некој го има гледано или го има кај да се гледа филмот "Дисидент" за Драган Богдановски?
Филмов пишува дека е на Петар Џуровски. Досега никаде го немам начекано филммов.
Еве линк од трејлер, бил на Манаки 2013
Типацот го видов и имаше проекција на Киненова премиера на тој филм што го имал снимано од 2015та, по некои околности бев таму за друг филм, а овај пред него имаше премиера, типацот режисер беше во некоја афектна состојба, сакаше да се тепа да се бори со сите таму од кинотека од директор до вработени затоа што имаше комеморативен настан за актерот Љупчо Тодоровски Упа и каснеше проекцијава на Џуровски и драми имаше.Тешко ова. Да побараш некој што веќе снимил филм во Лавиринт продукција па да ти даде контакт од него.
Инаку Петар има снимено еден краток филм "Несигурна смрт" во јануари 2015 г. и беше најавен дека ќе игра премиерно дури во октомври 2021 г. на Киненова фестивалот, ама во тој термин што го пишуваше дека ќе игра, не го дадоа.
Не знам што човек треба да си да спремаш снимен краток филм цели 6 години, ама режисер не си и не можеш да бидеш.
Ваљда еден од тие ликови што целта им е дојдат до пари, па после к*р ги боле дали ќе го види некој тој филм или ќе стои на некој сервер скриен.
Не дај боже долгометражен да добие, 15 години ќе го чекаме да излезе во кино и пак нема да го пушти.![]()
Фестивалот одеше на тв цел месец и мислев на тие 2-3 најави дека ќе оди на 24ка, а пуштаа друг филм. За проекциите во живо поима немам, не бев.Типацот го видов и имаше проекција на Киненова премиера на тој филм што го имал снимано од 2015та, по некои околности бев таму за друг филм, а овај пред него имаше премиера, типацот режисер беше во некоја афектна состојба, сакаше да се тепа да се бори со сите таму од кинотека од директор до вработени затоа што имаше комеморативен настан за актерот Љупчо Тодоровски Упа и каснеше проекцијава на Џуровски и драми имаше.
Така да филмот од 2015 е крш невиден, перење пари, да му даделе на студенти филм да прават ќе направеле 50 пати подобар филм.