Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера излезе продолжението на Vikings, односно Vikings: Valhalla. Дејството е сместено после 100 години. Да не должам многу, серијата мене ме бендиса иако има 6.2 оценка за сега. Дефинитивно не е на ниво како оргиналната серија со Рагнар, Лагерта, Ајвар и слично, меѓутоа тргна во добар правец. Ќе видиме што ќе направат понатака.
 
Најверојатно све ова ќе биде срање.
Автоматски споено мислење:

Читам погоре - 1883

ок, отварам и одма на насловна на тоа имдб или како и да се вика, глеам црнец каубоец, па затворам да се никад не вратим више
 
Најверојатно све ова ќе биде срање.
Автоматски споено мислење:

Читам погоре - 1883

ок, отварам и одма на насловна на тоа имдб или како и да се вика, глеам црнец каубоец, па затворам да се никад не вратим више

шериф е плус ама гледам на википедија во стариот запад имало само еден нигро маршал, не е само тоа и Сам Елиот човече 80години начукал се тепа како жан клод ван дам на млади дани

до 4еп сеа па сите причаат енглески хахаах
 
Последно уредено:
Ја гледав точно до сцената кога главната хероина реши од нигде-никаде да се брбешка со индијанецот во сред торнадо.
Толерирам ја глупи сценарија, ама се си има граница.
 
Само што ја изгледав хрватската 'Crno-bijeli svijet'.

Слушав доста пофални зборови за серијава, ама со оглед на тоа што на филмски план Хрватите ретко кога вадат филмови по мој вкус, ја одложував.

Имено, преку животот на едно загрепско семејство серијава го доловува битисувањето во поранешна Југославија кое многу од нас не го искусиле или биле премали за да се сеќаваат. Дејството почнува со прославата на Нова година 1980, а серијата завршува со дејството во 1986 г.

Во тој пресек од 6 години се доловуваат и спомнуваат многу случки кои се случиле во тоа време како смртта на Тито, атентатот на Џон Ленон, пазарењето за викенд во Трст, служењето војска 12 месеци, носењето џигерици, рок журките со музика на Прљаво Казалиште, Идоли, Осми Путник, Рундек со Хаустор, појавата на VHS лентите, тапкарошите пред кино, освојувањето на фудбалското првенството во Југославија од Динамо Загреб после скоро 30 години пауза, освојувањето на кошаркарското првенство од Цибона со поените од слободни на Дражен Петровиќ кое после ќе треба да го преиграат, ама Цибосиве нема да сакаат и првенството (или купот, не најдов инфо за што се бореа) ќе го добие Босна, одржувањето на ЗОИ во Сараево и случката кога Кирк Даглас стигнал во Сараево и во некоја ќебапчилница сакале да му наплатат неколку пати повеќе од што требало и еден куп други дешавки...

Мене ми беше ептен интересно да видам како се живеело во '80-тите во Југа и серијава баш ми го долови духот на тоа време. Тие што живееле тој период сигурно ќе ги мава носталгија за тој подобар живот што милуваат да го наречат.

Македонија на неколку пати е спомната во серијава. Во втора епизода еден од главните ликови Кипо ќе биде префрлен да служи војска од Ниш во Струга и во истата епизода ќе има кратко еден лик како ја пее Македонско девојче, покасно ќе има и еден друг војник што ќе зборува неколку фрази на македонски и најлегендарното спомнувањето на местачот Џаро. :D

CBS.jpg

Дури кога ја почнав серијава видов дека режисер е Горан Куленович кој претходно го има снимено еден од ретките хрватски филмови што ми се свиѓале 'Pjevajte nešto ljubavno', a исто негова е серијата 'Bitange i princeze' што некое време одеше и кај нас, на Канал 5 мислам.


CBS е лабава серија со тук-таму хумор, не очекувајте нешто оскаровско, да се разбереме. На почеток малку ме нервираше лошата глума, зашто добар дел од актериве се скроз непознати и немаат некој посериозен ангажман и искуство, по некоја сапуница во резимето и толку, ама со тек на време секоја сезона се сè поуходани. Од познатите лица Аница Добра игра една од главните улоги и беше топ од почеток до крај и епизодна улога имаат уште некои српски глумци како Зоран Цвијановиќ и Воја Брајовиќ.

Има 4 сезони, секоја по 12 епизоди и првите 2 сезони ги изгледав за 4 дена. Ете толку е добро серијалчето. Останатите 2 сезони ги гледав 2-3 недели, ама не зашто паѓа квалитетот туку јас намалив темпото, повеќе обврски и така.

Ми легна ко кец на десетка баш кога бев коронисал, ме смееше, ме едуцираше, ме забавуваше и од мене серијава добива 10/10. Препорачувам.

П.С. На крајот ко веќе завршува и ги ставија сите глумци низ некој филтер како остареле, Аница Добра ја направиле Блага Петреска. :pos:

Anica-Blaga .jpg
 
Јас ја почнав The leftovers.
Трета епизода, ништо не разбирам што се случува, многу работи не ми се јасни, но убаво е.
Анистон одличен вкус за мажи, не знаев дека и другиот бивш, покрај Бред, и е толку хот.
 
Јас ја почнав The leftovers.
Трета епизода, ништо не разбирам што се случува, многу работи не ми се јасни, но убаво е.
Анистон одличен вкус за мажи, не знаев дека и другиот бивш, покрај Бред, и е толку хот.
Пополека има време ќе се одмотува клопчето. Во тоа е и убавината на таа серија.

Инаку ја гледал некој?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom