Ако веќе прогнозираме, најсигурно е да се игра на тоа дека без разлика на резултат ти ќе искоментираш нешто за јавните или тајните желби, очекувања и стравови на навивачите на Милан.Сеа да погодам, доаѓа време за "ако не се усериозниме нема ни топ 4 да фатиме" коментари
На следен кикс на Интер, ќе се игра за титула пак.
Ама кое е објаснувањето ме интересира?Интересен офсајд.
Влијаел на штоперот.Ама кое е објаснувањето ме интересира?
Гледам од стрим и не е многу квалитетна снимката, ама јас не видов Хатебур да ја допре топката.
Не знам, мене не ми е ова офсајд. Не можам да најдам видео, ама од сликиве на твитер не ми изгледа дека овој гол треба да се поништи.Влијаел на штоперот.
Ќе објаснат розевите, чек прво да изгуби Аталанта.
Не знам. Мене не ме убедува видеово дека топката беше наменета за него. Мислам ок, по секоја логика да, така е. Ама офсајд не се досудува на претпоставки а ниту Хатебур ниту одбранбениот на Фиорентина не играа со топката.Еве видео од дешавката, и по мене иако овој немаше контакт со топката, очигледно е дека беше топка упатена на него и влијаеше на акцијата, колку и да делува глупо некако правилово.
Основата на која е даден тука офсајд е дека Хатебур влијае врз еден од играчите во одбраната на Фиорентина, оној кој го чуваше во конкретниов случај. Дискутабилно е ама тоа ќе е објаснувањето, by the book се тера во случајов ама мислам дека главниот судија мораше ова да го погледне и он да го каже финалниот збор.Не знам. Мене не ме убедува видеово дека топката беше наменета за него. Мислам ок, по секоја логика да, така е. Ама офсајд не се досудува на претпоставки а ниту Хатебур ниту одбранбениот на Фиорентина не играа со топката.
Еве едно прашање. Што ако никој не ја допреше топката до крај и таа завршеше во голот на Фиорентина?
Пак ќе се судеше офсајд заради Хатебур?
Затоа што е позади голман.А дур сме на тема офсајди, зашто ова го гледаа вчера? И зашто Тео не се рачуна?
Прегледај го приврзокот 322681
Ако никој не ја допреше, ќе беше гол, зашто никако не би влијаел тука Хатебур врз голманот и одбраната.
И брат на актуелно директорче во истоимениот клуб.Вчера и Мурињо нешто гестикулирал за судијата којшто бил син на поранешен поданик на еден директор за кого снимија епизода на еден документарец, чиј клуб ја посрамоти земјата од каде што доаѓа.