- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Бреј ама сте осетливи.Сам си одговори со постов на несмешниве досетки што ги фураш периодов упорно.
Овој Милан сезонава не беше скроен за борба за титула, амбицијата за истата се виде и у Јануарскиот преоден рок, нити па некој од нас на почеток на сезона очекуваше борба.
Али ако е Интер доволно очаен и просипа бодои, не би имал никој на страната на Милан против.
Еве, ќе почекаме саат време, и ќе се врати на темава префинетиот хумор со ставање на табели, броење на бодови од заостанатата со Болоња, па можда и некоја слика од Симеоне ќе падне.
Уствари, тоа ако имаше навивачи на тим што игра за титула, овде само навивачи на тимови што се борат за топ 4 гледам.
Како и да е, не знам што ви е со муабетов дека Скудетото е на Интер да го изгуби. Нема таква разлика меѓу Милан и Интер во квалитет, што се виде и на дербињата, па и цела сезона. Нијанси се во прашање реално, што веројатно се на страната на Интер. Ама воопшто нема да е чудно Милан да освои титула. Милан треба да игра за титула во ваква конкуренција. Немаат изговори и они.
Него работата е со детскиве варијации. По секој добар резултат, се прават калкулации за Скудето, после секој лош се прават калкулации за топ 4. Како саат, две сезони по ред истото.
Ќе игра Милан за титула до крај и ќе се пласира во ЛШ, јасно е тоа, не знам што се правите будали со сила.
Реално и резултатов на Интер на полувреме е ок. Интер е граден за топ 4 сезонава, сепак изгуби 2-3 од најдобрите играчи и докажан тренер. Битно да се пласираме во ЛШ на крај.