FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Coach Carter
Иако навидум изгледа како уште една спортска приказна со способен тренер, мене ми беше малку повеќе од тоа... Филмот е лесен за гледање, ама ми се допадна што печатот не е градење на изолирана спорстка приказна туку на самата личност.
Јас сум по природа идеалист и верувам во луѓе и некако тренерот ми беше многу близок со начинот на размислување. Помирливоста со условите и средината и ниски очекувања од самиот себе се тоа што се обидува да го надмине. Да успееш на некого да му укажеш дека вреди и може повеќе е сериозен успех.
Убаво е вметната и приказната за начинот на кој се третираат децата од нефаворизирани средини со рутина во образованието без ентузијазам и желба да добијат некаков потик.
И покрај тоа што е предлидлив крајот, самиот факт дека е вистинита приказна го става надвор од клише.
Семјуел ми е баш погоден за улогата. Строг, правичен ама полн со емоции.

Мене баш убаво ми легна. И така се заситив од предимензионирани филмови што мојот мозок на плавуша треба да се мачи да ги долови....
7.5/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Coach Carter (2005)

Филмов претставува критика на неколку целини, општеството, образовниот систем и менталниот склоп на припадниците на тие изолирани општествени заедници кои сеуште живеат во сплотен племенски дух. Внатрешната сегрегација не може да вроди со преродби.

Воочлива е и разлика од пристапот и односот на двата тренери и нивните принципи и методи на работа до судирите во тимот, со тимот и заедницата. Промената на авторитетниот статус може да даде позитивни резултати, а тоа сме го виделе и во светот на спортот и во светот на бизнисот (иако и спортот најчесто е бизнис).

Повеќе емоции и огорченост имаше кога осозна дека најголемиот дел од играчите паѓаат на предметите, отколку на (не)успесите на полето кое самиот мораше да покаже успех. Цената да се вратат на отпадничкиот живот на улиците по тие 5 минути слава, е превисока.

Образовниот систем е претставен како систем на сопки и кочници. Внатрешниот притисок, интензивно, беше најголем. Без карактерот на тимот, тука ќе загубеше.

Новата функционална поставеност се одрази на целокупниот менталитет на тимот. Од неслога до крајна сплотеност, постепено, Картер, го затегаше ланецот затоа што веруваше во одредени вткаени принципи на кои сите се сложија од самиот старт. На крајот запиша двојна победа.

Клише или не, филмов е повеќе од една (успешна) спортска приказна. Мислев дека ќе гледам досаден филм за досаден спорт, ама беше убава промена во однос на тоа што вообичаено преферирам да гледам.

7/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Coach Carter
Мислам дека главно убавината на овој филм е во тоа што е вистинска приказна.
Ме допре делот дека 50% од учениците не го завршуваат средното, а само 1 од генерација можеби ќе замине на факултет; дека 80% поголеми шанси имаат по средно да завршат во затвор отколку на факултет...
Лесен филм за гледање.

А да, ова ми се допадна:
„Само затоа што ја заслуживте (победата/ титулата), не значи дека ќе ви ја дадат, туку треба да излезете и да си ја земете.“ :)

7/10
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Coach Carter (2005)
Интересен филм со Самуел Џексон ,Афричко Американсак продукциа да неречам црнечка,го опишува патот на денешните кошакркари мотивационо инспиративен како авторитет од доверба за
црнците да играат кошарка да се тргнат од нба и еден дена да бидат славни но ова ае само еден мал дел од тоа реален не многу фантазерки како сапце џаџ со Џордан или бекон со Африканскиот,инако филмо е од вистински настан не е картер кошаркаро и водитело друг картер е според вистинскинастами .тоа се тие идоли на црнците џоран лутер 2паки сл ,7.0 оцена Richmond Oileres :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Coach Carter
Доста солиден филм. 7.5/10
Џексон ми е меѓу омилените глумци и секогаш обожавам да го гледам со неговата пасија и авторитативност. Таман улога за него во овој филм, ги нареди децата ко шо треба. Океј глума од нигерчињава. На клишо му клиша малку секако, се очекуваше да фаќаат кривини, да не му се покоруваат целосно, овој Круз апла мислев ќе отиде и ќе загине или нешто но ете сепак братучед му го упуцаа.

Убаво што не заврши целосно со клише кај што они ќе освојат и ќе бидат најбоље и сето тоа because that's life.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Coach Carter

Стварно не би да го репризирам, скоро го имам гледано. Океј филмче, ама многу предвидлив. Од почеток до крај. Да го оценував за клише 10/10 ќе имаше, вака само 7/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Coach Carter

И јас одлучив да не го репризирам, иако ме копка зошто сум му дал 4-ка, таа оценка е префрлена од ИМДБ, гледан ми е кој знае од кога. Али барем еден фактор е константа, клише. Обично никогаш не давам високи оценки за клише, треба со нешто да се издвојува за да можам да занемарам и да речам, клише е да, ама има доста работи што прават да го занемариш тоа и да имаш добро возење. Имам изгледано доста спортски драми, од истиов период кога сум го гледал и Картер, и сите ми останале во сеќавање и би сакал да ги репризирам, ама овој не.

4/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.278
Јас мислам дека нема поента да чекаме до 22:00, со оглед на тоа што сите активни членови на клубот го гледаа и пишаа рецензија за Coach Carter. Вкупно 16 членови ги побија оние кои тврдеа дека клубов згаснува! Бројот 16 е највисока гледаност на филм во клубот по пауза од 9 филма, односно 18 недели или околу 4 и пол месеци. Или од 29 филма до сега во кругов, само 5 имале повеќе гледачи од Coach Carter, а 6 исто колку него - 16. Му дадовме средна оценка 6,6, што е еднакво на просекот на сите досегашни филмови во кругов. Значи овојпат немаме тагнувања за жолти и црвени картони.

Е сега, конечно филмот кој сите со нетрпение го чекавте! Неговиот предложувач (нема да откријам кој е, ама мислам дека најлесно ќе го препознаете, особено постарите членови, зашто ова не му е прв предлог во клубот) не ми напиша ништо за филмот, па бидејќи мене ми е гледан, еве еден краток вовед од мене: станува збор за чешки филм сместен во Полска за време на Втората светска војна (иако Полска одбила да соработува при снимањето на филмот), кој во 2020 влезе во кратката листа од 9 филма пред номинациите за Оскар за најдобар странски филм. Станува збор за адаптација на мемоар на Јержи Косински во кој истиот тврди дека за време на неговото детство ги доживеал и преживеал сите бруталности кои се одлично претставени во филмот. Режисерот на филмот, Вацлав Мархул одлучил да не го направи филмот на еден словенски јазик (на пример чешки, зашто е филм од Чешка или полски, зашто е инспириран од случувања во Полска), туку го создава првиот филм кој е снимен на интерсловенски јазик (некој вид сесловенско есперанто), создаден за да ја олесни комуникацијата помеѓу различни словенски народи. Па така, ако ви се причини дека слушате некој македонски збор во филмот, да знаете дека не ви се причинува. :P

Својата премиера филмот ја имаше на Венецискиот филмски фестивал во 2019 година, каде веднаш стана „познат“ по бројните напуштања на кино салите за време на проекциите. :P Весникот The Guardian дури објавил статија дека на некоја проекција 12 луѓе од публиката очајно се обидувале да ја напуштат салата низ врата која била заклучена, па ситуаацијата била до таа мера гротескна, што на шега коментирале дека со драго срце би гледале филм инспириран од тој момент - кога 12 гледачи сакаат да ја напуштат салата при проекцијата на The Painted Bird, но низ заклучена врата.

Се надевам дека вас нема да ве одврати овој момент, и дека ќе уживате во филмов. Во секој случај е уникатно и неповторливо искуство кое ќе ви остане во сеќавање уште долго, долго... Ladies and gentlemen, во следните 2 недели, како 144 филм во клубот ќе го гледаме:

Nabarvené ptáče / The Painted Bird

1645387543538.png
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Кога се преселив во Прага, филмов беше единствениот што имаше постер со нагласено ENGLISH FRIENDLY. Секако бев да го гледам да видам што се нуди, и доволно е да се спомне дека на "премиерата" имаше околу 20тина луѓе. Мислам дека никој не остана до крај. Јас си заминав уште во првиот саат, а пола од луѓето веќе си беа отидени. Во домашна атмосфера ќе му дадам шанса уште еднаш ионака го има на Нетфликс.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
За овој ли ќе пцујам? :D
Многу нежен си станал, Злате сака малце да те врати у живот. Што е ноа 7ца за тренерон Картер, а цела рецензија зборуеш дека е клише. :D
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Филмов е преодвратен и не можам да го догледам. Не ни сакам. Ми го згади денов, а така убав ми беше. Не ни сакам да знам што се случува во другиот саат. Која душа ќе остане на ваков филм во кино салата не знам. За кој е направен филмов и тоа не знам. Ме изнервира до бескрај. Би му дала 10/10 за одвратност. Ни рецензија не заслужува........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom