- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.914
- Поени од реакции
- 36.994
Локацијата таму генерално е добра и треба да се урбанизира, ама воопшто немам верба дека ќе се урбанизира како што треба според некои нормални стандарди за човеково живеење. Мислам дека на тој дел таму (од ист гејт до фон) ќе се градат зградишта на принципот кој инвеститор како успеал да спои парцели, без каков било стандард за нормално живеење или некој ДУП кој дава генерален распоред како населбата ќе изгледа.Види, тој дел беше забатален од сам старт, и лошо е што граничи со „Бејрут“ населби од брачата.
Инаку локациски гледано е на 2.5 км од строг центар, по Гоце Делчев има велосипедски патеки до сам центар, за 2 минути си спуштен на Кеј и можеш со велосипед/електричен тротинет да шпарташ подолжно преку цело Скопје, со возило исто (кога ќе го направат мостот кај хотел Русија ќе има многу подобра врска со Аеродром), за 5 минути си излезен на автопат.
Лошо е што во Автокоманда нема многу нови објекти, инаку за дополнителен 1км се исплати далеку повеќе, пониска е цената, генерално е македонска населба, исто конекција имаш кон цело Скопје, единствен и најголем проблем (кој не верувам дека ќе остане со исто темпо повеќе од 15 години е Железара).
Ќе се донесе некој ДУП, па некој инвеститор ќе спои парцели па ќе менуваат дупот, ќе додаваат маркици ќе спојуваат парцели. Све тоа ќе личи на вилица со криви заби, една зграда нагоре, друга залепена на првата, трета на косо праена, и така. Од паркови, ќе поплочат некоја полјана од 300 квадрати со бекатонки и три дрва и ќе ти речат, ете ти зелена површина. Прилично сум сигурен дека ниту еден стандард на урбаното планирање нема да биде запазен. Ете таа зградата од Саник спроти на кејот е најава како ќе се гради таму. Види од спротива како е организирана населбата, на која далечина од кејот е првата зграда па види овие од Саник како праат. Таму да може ќе се гради и во коритото на Вардар.
А за овие позади Ист Гејт, не знам што етникум купува таму, ама јас не би се изненадил ако наместо основно училиште и градинка, прв јавен објект таму да биде џамија.