Некои шпекулации одат дотаму дека од Јувентус ќе бараат да се преигра дуелот од Суперкупот
Ова што си допишал новинарот на крај, официјален став на клубот да не е?
Јас само се изнасмеав. Ако го преведеш твитот ќе видиш дека пишува Јуве дека известиле дека ќе поднесат приговор. Дали е вистина или не, не знам. Јас ниту ги следам нив на социјалниве мрежи ниту пак сакам да ги следам.
Поентата зошто е смешно и тажно ова воедно, е тоа што јувенташите сте лоши губитници(не сите нормално). Тоа се покажа со Бонучи вчера, денес со статијава која излегла од навивач, а уште полошо би било и како клуб ако стварно е вистинито ова што е пишано. Ние сме напатени души, сме плачеле, сме пцуеле и конечно освојуваме неколку титули после 10+ години и читаш како не било регуларно ... смешно е. А сосема заслужена беше победата.
П.С. линкот ми го прати навивач на јуве