Мислам дека се обидуваш да најдеш некаква утеха во комфорниот затвор каде моментално живееш па релативизираш, демек шо има везе шо не смеам да прднам надвор кога имам брз интернет за нетфликс дома.
И во Европа се живее во големи куќи. Оние кои живеат во станови, живеат во централни гратски подрачја и тоа по избор, пошто таков стан кошта повеќе него голема куќа на периферијата.
Полициски часови, карантини, шетање на 1км од дома... Вие изгледа таму во Австралија стварно полека но сигурно го губите паметот.
Претходната недела скијав во Франција и Швајцарија. Полно е од Англичани, врие. Секој кафич е преполн. Пијат, лумпуваат.
Во Франција троа построги со мерки, се проверува и на скијачки лифтови. Во Швајцарија ама ич. Нема маски, ни редарите не носат.
Германци, Италијани, Чеси. Сите шетаат, фамилијарно, швалерски, секој ресторан полн.
Мислам дека кога за едно десетина години ќе можиш да излезиш од Австралија (со можност да се вратиш нели) кога ќе дојдиш во Европа има на гс на паднеш. Овде животот продолжува, луѓето веќе не ебаваат жива сила, децата гледаат до максимум да одат на школо макар и да бидат изложени на корона и онака се најотпорни на неа. Во Австралија до пред месец дена сам човек сопственик на глисер не смееше рекративно да се вози бе!
И во Норвешка така изгледаат затворите, трослојни џамови, подно греење, 55 инчи плазма телевизија, брз интернет...