Ѓоковиќ против Австралија

  • Креатор на темата Креатор на темата Лопов
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Простено му е. Под стрес е човекот, му го затворија неговиот Идол, не може да спие од нервоза па мора да се распуцава по форум со телефонот кој очигледно го става и крие под перница.
Bukvalno e taka
 
Сега наводно имал позитивен ПЦР тест на 16ти декември, но никаде не прочитав дека воопшто бил во изолација, камо ли болен.
Како и да е на балкан зарем е проблем да се обезбеди секаква документација. НЕ! Вакцинален сертификат ~300еур, негативен тест 20-30еур, секако дека и позитивен по потреба може да се набави, за здравиот да биде "болен". Балкански финти пуштени на турбо!
Класичен неписмен ропак.
Овој да ми падне во раце, има да го банирам веќе да не стапне во државата.
 
Ваква фрка немаше да се направи да беа Надал или Федерер во оваа ситуација...

...или Ноле да имаше 21 или 17,18 грен-слем титули... вака не им се дава некој Србин или балканец да биде GOAT (што веќе и е, ама му фали само тој параметар во освоени ГС титули)

Во сите други статистички бројки ги мачка Надал и Федерер ко лепче со паштета за доручек.
А где је Олимпијада? Или не се важи тоа не е тенис? :D

Ги мачкал ко лепче со паштета :pos:
 
Hehe. Смешен е западов. Можам да им ја замислам болката во срце која ја трпат кога Балканец е подобар од нив... Ако ако нека трпат. Ноле ќе ги тепа на следниот турнир пак...Сеа два три дена ќе покажат заби, на следниот турнир пак западот ќе губи.
Не се ни свесни дека тој што ќе ја освои титулата на турнирот ќе го изгнасат пошо секогаш ќе стои прашањето дали ќе ја освоеше титулата ако му дозволеа на Ѓокович да игра наместо да изиграваат поштени држави на глуп начин?

Си ги уништуваат сопствените здравствени системи со глупи идеи, не изградиле доволно болници, не си го вакцинирале населението на време, две цели години имаа се да средат, па сеа некој тенисер им е крив... Ма дај на друг тие финти.
Какви милиони ќе им однесе?
Па блокирани се границите за странски капитал, а внатре сигурно не купуваат карти само поради него.
 
Hehe. Смешен е западов. Можам да им ја замислам болката во срце која ја трпат кога Балканец е подобар од нив... Ако ако нека трпат. Ноле ќе ги тепа на следниот турнир пак...Сеа два три дена ќе покажат заби, на следниот турнир пак западот ќе губи.
Не се ни свесни дека тој што ќе ја освои титулата на турнирот ќе го изгнасат пошо секогаш ќе стои прашањето дали ќе ја освоеше титулата ако му дозволеа на Ѓокович да игра наместо да изиграваат поштени држави на глуп начин?

Си ги уништуваат сопствените здравствени системи со глупи идеи, не изградиле доволно болници, не си го вакцинирале населението на време, две цели години имаа се да средат, па сеа некој тенисер им е крив... Ма дај на друг тие финти.
Од каде потребата во спорт да мешате политика?

Немам ништо против да ги тепа Новак ако е подобар спортист. Ама да ги тепа само затоа што е Балканец и за да ја осетам болката у срцето на западот е надвор од суштината на спортот. Вистинските обожаватели на спортот не треба да бидат националисти и да ги мразат противниците.
 
Ete koj navival za Anglija na evropsko :pos:
 
А где је Олимпијада? Или не се важи тоа не е тенис? :D

Ги мачкал ко лепче со паштета :pos:

Тенис на Олимпијада е ветар на магла. Ако аргументот дека Џокович не е најдобар во историјата е тоа што нема Олимписко злато, поарно да не спомнуваш. Не ми е мене нешто Џокович посебно симпатичен, но во моментов по сите релевантни критериуми е најдобар тенисер во историјата. Има 20 ГС и најверојатно кариерата ќе ја заврши со 25+. Федерер нема повеќе да освои слем, Надал можеби еден или два Ролан Гароса. Џокович ги има освоено сите мастерс турнири, Надал и Федерер не. Џокович е единствениот од тројцата што ги има освоено сите четири слема барем по два пати. Џокович има подобар меѓусебен со двата конкуренти, и тука некаде завршува приказната за тоа кој е најдобар во историјата.
 
Малку да се фокусираше на логика и пиар немаше да му биде лошо. Дека е најдобар е најдобар ама само во тенис...се окулу му е хаос. Да си таков тенисер а да завршиш со мигранти треба да си :Кезец:
 
Абе ние стручњаците од Кајгана знаеме што му треба на Новак...
 
Малку да се фокусираше на логика и пиар немаше да му биде лошо. Дека е најдобар е најдобар ама само во тенис...се окулу му е хаос. Да си таков тенисер а да завршиш со мигранти треба да си :Кезец:

Сериозно мислиш дека во тимот на Џокович има некој аматер кој згрешил нешто во документацијата и Џокович завршил со мигранти? На нивото на кое егзистира Џокович, како и сите врвни спортисти, такви аматери не постојат.
 
Ete koj navival za Anglija na evropsko :pos:
Едно е да навиваш од патриотски побуди и да си го бодриш своето, а скроз друго е да навиваш само затоа што ги мразиш противниците.

Не знам, јас сум огромен љубител на споротот и мислам дека секој еден треба да го гледа исклучиво заради забава, без никакви други претензии. Секогаш кога игра Македонија, нормално е да навивам за својата држава, ама доволно сум објективна да признаам дека противникот играл подобро и заслужено си ја однел победата.
 
Сериозно мислиш дека во тимот на Џокович има некој аматер кој згрешил нешто во документацијата и Џокович завршил со мигранти? На нивото на кое егзистира Џокович, како и сите врвни спортисти, такви аматери не постојат.
Искрено мислам дека Џокович е ретардиран ама ајде...да не почнеме да оговараме.
 
Ретардираниот Џокович е најдобар играч во историјата на тенисот, зборува неколку јазици, се дружи со светската елита, и е една од најпознатите личности на светот. Навистина нема потреба од тресење глупости. Јас и ти не сме ретардирани што пишуваме за него на кајгана во 9:30 во недела, тој бил ретардиран. Малку перспектива никогаш не е на одмет.
 
Ок ретардиран требаше во наводници. Како и да е дечкото си има проблем...
 
Има сериозни проблеми, мора да носи облека Lacoste и патики Asics. И има пари кои не може да ги истроши во 100 животи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom