Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Вака беше тоа.

Расположението на мнозинството народ во Македонија беше за останок во каква таква Југославија. На Американците не им одговараше негативен исход од референдумот и за да успее, го преформулираа референдумското прашање, во - Дали сте за независна Македонија, со можност после да се соедини со други републики кои произлегуваат од СФРЈ.
Тогаш, во тој момент, СФРЈ веќе беше минато и не смееше да му се дозволи на народот да ја припои земјава кон Србославија.
Истата финта со преформулациите беше употребена и за преспанскиот референдум.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Дури нуклеарна воjна само помегу САД и СССР би го уништила животот на планетата.
Не е вистина!

Да се надоврзам уште кратко околу кризата во 90тите затоа што испуштив 2 битни сегменти.

Зборував за војната во Југославија, поради истата пропаднаа многу пазари. Немаше пласирање на полупроизводите и суровините, истите беа складирани во магацини затоа што претходно постоеше широка соработка меѓу пазарите меѓу федералните држави во Југославија.

Потоа и за блокадата на јужната граница и за ембаргото од Грција која не чинеше милијарди тие ~2 години. Но изоставив 2 битни моменти.

Првиот е Бугарија. Бугарија излегуваше од социјализмот и транзицијата ја плати со хиперинфлација. Истите се фалат дека ни дале 10тина тенкови, а притоа забораваат дека ние им дававме од нашите државни резерви со пченица!

Вториот феномен е Албанија, каде Албанците ја напуштија изградбата на бункери и влегоа во некоја постепена транзиција.

Така сите наши соседи беа во лоша економска состојба, па и сите држави во овој дел од Европа кои беа во транзициски период по 50тина години владеење на комунистичката/социјалистичката чизма. Од командна преминаа во пазарна економија. Имаше менување на целиот општествен, политички, економски, културен и правен систем. Целосна трансформација. Нови устави и постепено правење и нови закони.

Моите стари се југоносталгичари и комунисти. Така сеуште е присутен култот кон Тито и за тој општествен поредок. Ги разбирам, од општ глад (биле многу сиромашни, а вина делел и Тито) сами се искачиле кон средната-висока класа (подвид на средната класа).

И мене нивните размислувања ми се контрадикторни, ама култот бил развиен поради пропагандата која почнувала од раната возраст (така мајка ми ми ја пееше "Тито е најсакан човек"!), со детски песнички, па преку основното, средното и високото образование. Потоа и културата, кинематографијата, музиката, ликовната уметност, литературата (посебно и лектирните изданија) и сл. :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
Замисли ова денес.
Само погледни како шипците стојат у став мирно пред инспекторот/цајканот и ќе сфатиш колку Македонците изгубиле како етникум споредено со Југославија.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.922
Поени од реакции
1.775
Киро е единствениот политичар од домашната политичка сцена кој константно би го гласал. Немаа што и на стари години му извадија секс скандал додека другите околу него ги полнеа торбите од парите од транзицијата.

Државичкава можеше да биде под шепата на Милошевиќ, ни ја донесе до независност без испукан куршум. Беше одличен претседател, ги постави темелите на добрососедските односи, кои подоцна Сдссм/Дпмне ги уништија, ги осакатија со лоша надворешна политика односно лоши билатерални договори.

Скромен човек, политички поткован и рационален. Остана присебен (немој само со неговиот говор кога заплака) и кога партијата му го сврте грбот.

Му се фаќаат за името (и за знамето)! Тоа беше единствен начин како можевме да бидеме признаени и да станеме дел од ООН. Чисто за потсетување: немавме надворешен пазар, коридорот север-југ беше блокиран- имаше војна во Југославија и така се уништи дел од пазарот, а Грција ни ставаше ембарго поради трговските марки! Тоа ембарго го уништи нашиот пазар. Штетата изнесуваше неколку милијарди. Потоа требаше да се санираат банките (Стопанска банка), тука отидоа 200 мил! Потоа дојде и кризата на Косово, и тука отидоа 100ци мил! Јавниот долг отиде до плафон.

Сите критики се на место и старата римска максима "за мртвите само добро", но со оглед на околностите, за волја на вистината тој солидно се справи со предизвиците во 90тите. Вината лежи во останатите политички субјекти кои сакаат да преземаат само заслуги. :)
Све е на место кажано:cuc:.Јас едино шо би му замерил е дека ги исфрли од игра ветераните, еден од нив е Лазар Мојсов со најголемо искуство во надворешната политика во тоа време во светот голем пријател со Иглбергер и руски влијателни политичари ...секое лето беа во Охрид.
До 1998 г требаше да се напрајт подобар договор од Преспанскиот со Грција, сигурен сум дека можеше и ќе бевме влезени во Еу пред Татаристан.
Во негова екипа да играше на карта со ветераните немаше да имаме Рамковисти.
Бранковци,Љубчовци,Кљусевци требаа само бурек да му носат а не министри да се.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.736

Му имаат понудено функции на Мојсов, ги има одбиено затоа што не се чувствувал како Македонец. Исто како и синот на Киро и жена му Нада кои долго го убедувале да не се враќа во Македонија и да си ги задржат позициите кои ги имаат створено во Белград. Фактот што и покрај таквите ставови на најблиските он се враќа во Македонија е можеби и најпатриотскиот чин кој го прави Киро.
Во однос на "ветераните", многу ме интересира дали некој може да пронајде интервју/колумна/став на Блаже Конески во периодот кога Југославија се растура и Македонија станува независна држава. 93та е умрен човекот, сум барал многу по интернетов да се обидам да најдам нешто такво, никогаш не сум успеал, како во последните 5-10 години од животот човекот да нема уста отворено, а е можеби и најголемото македонско име тогаш.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.986
Југославија не чинела,лугето биле заглвени во комунистичкиот ментален склоп,Тито не чинел ама најголемиот Титовист,Југословен и Комунист Киро Глигоров бил најдобриот Македонски политичар :D И после се лутите ако ви спомне човек Бардовци или слични установи за ментално заостанти и ретардирани
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.922
Поени од реакции
1.775
Му имаат понудено функции на Мојсов, ги има одбиено затоа што не се чувствувал како Македонец. Исто како и синот на Киро и жена му Нада кои долго го убедувале да не се враќа во Македонија и да си ги задржат позициите кои ги имаат створено во Белград. Фактот што и покрај таквите ставови на најблиските он се враќа во Македонија е можеби и најпатриотскиот чин кој го прави Киро.
Во однос на "ветераните", многу ме интересира дали некој може да пронајде интервју/колумна/став на Блаже Конески во периодот кога Југославија се растура и Македонија станува независна држава. 93та е умрен човекот, сум барал многу по интернетов да се обидам да најдам нешто такво, никогаш не сум успеал, како во последните 5-10 години од животот човекот да нема уста отворено, а е можеби и најголемото македонско име тогаш.
-Односите помеѓу Македонските политичари не беа во најдобри односи,не верувам дека Лазо би одбил ,секоја година беше во Охрид од 20 јуни до август.
-Имавме доста добри политичари,офицери во сите бивши ју републики....само требаше Киро да ја вратит екипата дома и ќе бевме држава со сите нишани.
-Антимакедонската партија Дпмне го ПОНИЖИ Блаже Конески и тој се повлече многу. Почна да се снимат филм за Блаже ама споро одит без помош од државата.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Си останувам на мислењето за Киро, но сепак една работа, гледав пред недела-две имаше некои документарци на МТВ за референдумот, за независноста, за уставот, и главни ликови во сите сцени се Киро, Андов, Блаже Ристовски. Не ми е јасно како покрај такви политички ветерани, плус Кљусев, Мијалков и други, за многу кратко време успеаа двајца пилиштари со 20 и нешто години како Љубчо и Бранко да бидат главните политички фактори во наредните 15 години во државата, се до 2006-та година.

Тоа е клучна грешка според мене, толкава моќ што им се дало на политички дечишта и неозбилни фаци со благо кажано сомнителни психички и морални квалитети.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667

Старите не беа спремни да му искочат у пресрет на влашкото лоби.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.614
Поени од реакции
26.133
Тоа е клучна грешка според мене, толкава моќ што им се дало на политички дечишта и неозбилни фаци со благо кажано сомнителни психички и морални квалитети.
Тоа е суштината, им дале моќ на дечишта, за да ги контролираат полесно.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
-Односите помеѓу Македонските политичари не беа во најдобри односи,не верувам дека Лазо би одбил ,секоја година беше во Охрид од 20 јуни до август.
-Имавме доста добри политичари,офицери во сите бивши ју републики....само требаше Киро да ја вратит екипата дома и ќе бевме држава со сите нишани.
-Антимакедонската партија Дпмне го ПОНИЖИ Блаже Конески и тој се повлече многу. Почна да се снимат филм за Блаже ама споро одит без помош од државата.
Антимакедонската Дпмне?А која е тогаш промакедонска,СДС?:cautious:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.674
Си останувам на мислењето за Киро, но сепак една работа, гледав пред недела-две имаше некои документарци на МТВ за референдумот, за независноста, за уставот, и главни ликови во сите сцени се Киро, Андов, Блаже Ристовски. Не ми е јасно како покрај такви политички ветерани, плус Кљусев, Мијалков и други, за многу кратко време успеаа двајца пилиштари со 20 и нешто години како Љубчо и Бранко да бидат главните политички фактори во наредните 15 години во државата, се до 2006-та година.

Тоа е клучна грешка според мене, толкава моќ што им се дало на политички дечишта и неозбилни фаци со благо кажано сомнителни психички и морални квалитети.
Си имаат тие сите старите една огромна сериска грешка. Недостаток на храброст сите ги има сјебано во кариера.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Не, катастрофалниот економски модел и паразитството се главните аргументи против Југославија. „Нишај врата земај плата“ менталитетот со пренатруповање на работници во државните фабрики и претпријатија, кои работеле со огромни загуби. Ми кажувале постари дека имало луѓе кои буквално ништо не работеле и си земале плата. И на такво расипништво и паразитсво уште и се чудат кога тој меур пукна и пропаднаа скоро сите фабрики, а со тоа и Југославија како држава со диригиран пазар.
Пример,имало работно место кафекуварка.Генерации се растени со паролата -Учи сине за да не работиш.Затоа сега како оставштина имаме плеада на партиски плакатолепачи кои сакаат да се поврзат на државна цицка и да земаат плата без работа.Нив им се придружија и рамковните борци за човекови права.Ако продолжат со вакви вработувања на секои избори,за пензии ќе нема пари.Па ќе го видиш следното лето за врме на шумски пожари Јоцо Манго како ја спасува ситуацијата со праисторискиот ФАП.Ама ако не друго барем во таа Југославија немало истренирани магариња.Во таа област сме далеку понапред.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.736
-Односите помеѓу Македонските политичари не беа во најдобри односи,не верувам дека Лазо би одбил ,секоја година беше во Охрид од 20 јуни до август.
-Имавме доста добри политичари,офицери во сите бивши ју републики....само требаше Киро да ја вратит екипата дома и ќе бевме држава со сите нишани.
-Антимакедонската партија Дпмне го ПОНИЖИ Блаже Конески и тој се повлече многу. Почна да се снимат филм за Блаже ама споро одит без помош од државата.
Ако некој сакал да помогне немало да чека да биде викнат, а сигурно и никој не изумил име како Мојсов. Многу од таа генерација на политичари, вклучително и Колишевски, ја гледале Македонија единствено како дел од Југославија и не сакале да се вклучат во креирање на самостојна држава.
За офицерите исто не сум многу многу убеден во тоа што го збориш, не знам кои се тие офицери што Киро "не ги вратил" според тебе ама ако се од оние кои со меко Л во говорот прават се за да спречат македонските војници да бидат вратени од фронтот во Хрватска тогаш исто не ќе да е до Киро. Тука мислам дека многу малку им се дава признание на Кљусев и Мијалков кои ја водат таа операција за враќање на војниците дома. Во Хрватска гинат и остануваат инвалиди отприлика ист број на наши војници колку во 2001ва.
Конески, никакво омаложување од Дпмне не можело и не би требало да го спречи да се изјасни за најбитната работа во нашата историја - независноста. Не знам, може и има кажано нешто, никогаш не сум успеал да пронајдам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom