Киро е единствениот политичар од домашната политичка сцена кој константно би го гласал. Немаа што и на стари години му извадија секс скандал додека другите околу него ги полнеа торбите од парите од транзицијата.
Државичкава можеше да биде под шепата на Милошевиќ, ни ја донесе до независност без испукан куршум. Беше одличен претседател, ги постави темелите на добрососедските односи, кои подоцна Сдссм/Дпмне ги уништија, ги осакатија со лоша надворешна политика односно лоши билатерални договори.
Скромен човек, политички поткован и рационален. Остана присебен (немој само со неговиот говор кога заплака) и кога партијата му го сврте грбот.
Му се фаќаат за името (и за знамето)! Тоа беше единствен начин како можевме да бидеме признаени и да станеме дел од ООН. Чисто за потсетување: немавме надворешен пазар, коридорот север-југ беше блокиран- имаше војна во Југославија и така се уништи дел од пазарот, а Грција ни ставаше ембарго поради трговските марки! Тоа ембарго го уништи нашиот пазар. Штетата изнесуваше неколку милијарди. Потоа требаше да се санираат банките (Стопанска банка), тука отидоа 200 мил! Потоа дојде и кризата на Косово, и тука отидоа 100ци мил! Јавниот долг отиде до плафон.
Сите критики се на место и старата римска максима "за мртвите само добро", но со оглед на околностите, за волја на вистината тој солидно се справи со предизвиците во 90тите. Вината лежи во останатите политички субјекти кои сакаат да преземаат само заслуги.