Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.712
Југославија не беше привремена држава, тоа беше наша одлука. Некои ја рушеа Југославија со пушки, бомби, тенкови и авиони, а ние тука ја рушевме со пенкало. Уште во тоа Југословенско време на Словенците им се сервираа муабети дека нивната држава економски заостанува на сметка на посиромашните републики, а во Македонија се сервираа обратните муабети, дека Македонија е пљачкосувана од побогатите републики. Ниту едното, ниту другото беше точно. И они и ние одбравме да веруваме во тоа, и стигнавме таму кај што стигнавме. Да, денешна Словенија нас ни изгледа дека е просперитетна земја, и можеби е, но кога они ја рушеа Југославија заедно со нас, нивните очекувања и проекции беа дека за 30 години ќе имаат стандард рамо до рамо со Швајцарија. Несомнено се подобри од нас, меѓутоа Швајцарија и Австрија нив им бегаат исто толку колку што им бегаа и пред 30 години.Муабетот беше околу северџанството.
Има две решение. Едно е да се криеш под скутот на појакиот. Тоа решение е привремено - како што беше привремен животот на Тито и СФРЈ.
Второто решение е да си направиш нормална држава без корупција со функционални институции и јака економија. Воколку тоа го направиш, на никому нема да им е битно што Грција или Бугарите сакаат. Впрочем и нивното однесување би било различно. Кога некој нема самопочит и самодоверба разни комплексаши се редат да лечат комплекси. На инидивидуално и колективно ниво.
А што се однесува до нас, за градење на нормална држава, со функционални иснтитуции и јака економија, потребна и плодна почва. Неможеш ти да садиш патлиџан кај што на почвата има пермафрост. Словенија се граничи со цивилизиран свет, Италија, Австрија, Маџарска. Ти се граничиш со диви и не-едуцирани народи задоени со екстремен национализам што едноставно сакаат да те нема, небитно дали ќе те асимилираат или геноцидизираат. При такви околности е невозможно да постоиш(постоиме со помош на други држави) камоли да имаш функционална држава.