Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Jas najmalku se zamaram so masoni I sekti. Haksli ili kako se vika avtorot na taa kniga go spomnav onaka, zasto po moe nekoe sogleduvanje na rabotite svetot ubrzano se dvizi kon nesto novo, za nekogo ke bide is to, za razvieniot zapad nesto novo I ne tolku dobro. Vreme e za realna ekonomija.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530
Шкиптарскиот или грчкиот национализам се негативни или позитивни? Ако веќе национализамот не е нешто лошо...
Автоматски споено мислење:
Супер позитивни за нив, тоа е факт.

Негативни ако си на другата страна, ама што кур ги боли нив за останатите? Си ја гледаат нивната цел.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.825
Поени од реакции
30.710
Ми недостига, во тоа време сум бил мал и безгрижен и ич не ми дремело дали е Југославија или не :pos:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Супер позитивни за нив, тоа е факт.

Негативни ако си на другата страна, ама што кур ги боли нив за останатите? Си ја гледаат нивната цел.
А во што се состои таа позитивност, што постигнале со нивниот национализам?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Кредитите се обично главниот аргумент на луѓето кои имаат негативен став кон Југославија. Во денешно време државите кои настанаа по распадот на Југославија се задолжени до гуша. Се земаат кредити за да се финансираат изборни кампањи, што да зборуваме понатаму?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530
А во што се состои таа позитивност, што постигнале со нивниот национализам?
Национализмот не е леб да те нахрани или вино да го испиеш, ниту пак награда на подиум.

Национализмот е основното ткиво на еден народ. Од него почнува се и диригира како ќе се развива едно општество.

Националист е и црнецот во Америка и интегрираниот алжирец кој се родил во Франција. Тука нема граници ниту поделби.

Италијанската држава е создадена од еден куп „народи и народности„ кои едвај ист јазик зборуваат (сардо "дијалектот" е поблизок до албански јазик а италијанец од северот воопшто не го разбира, е вакви имаш дваесетина јазици во Италија, покрај италијанскиот) ама сите тие се обединети над една италијанска нација.

Национализмот ги обединува да бидат појаки заедно, со јака национална стратегија можат да бидат посилни на економски и политички план.

Е затоа национализмот е битен.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Национализмот не е леб да те нахрани или вино да го испиеш, ниту пак награда на подиум.

Национализмот е основното ткиво на еден народ. Од него почнува се и диригира како ќе се развива едно општество.

Националист е и црнецот во Америка и интегрираниот алжирец кој се родил во Франција. Тука нема граници ниту поделби.

Италијанската држава е создадена од еден куп „народи и народности„ кои едвај ист јазик зборуваат (сардо "дијалектот" е поблизок до албански јазик а италијанец од северот воопшто не го разбира, е вакви имаш дваесетина јазици во Италија, покрај италијанскиот) ама сите тие се обединети над една италијанска нација.

Национализмот ги обединува да бидат појаки заедно, со јака национална стратегија можат да бидат посилни на економски и политички план.

Е затоа национализмот е битен.
Грција а особено Албанија и не се нешто примери за успех на било кое поле, вклучувајќи и економски и политички план. Арнаутите како етнос со екстремно изразен национализам се на дното на Европа по еден куп показатели.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Киро е само зачетокот на лошите поставени „темели„ на државата ако може да се нарече држава. Северџанството е плод кој го засади неодлучноста и лошата визија на Киро. Мислам дека твоите симпатии кон Кирца се темелат на фактот што кога ќе го споредиме него, стара принципиелна комуњара, непоткуплива со политичарите кои ги имавме за време на негово владеење и после него, изгледа ко Киро да ни е Џорџ Вашингтон ако го споредиш со жмигавецот Ѓорѓе или со мафијашот Бранко.

Мислам дека и двајцата ќе се согласиме дека Киро немаше лоши намери, го сакаше најдоброто за Македонија - ама се посра.
Киро не е зачеток на лошите поставени темели или северџанството. Северџанството е пред се резултат на недостиг на самодоверба дека нештата зависи од нас. Дека некој друг ќе ни ги реши проблемите. Тој недостиг на самодоверба постои многу порано и длабоко врежано во народот. Наведната глава сабја не сече менталитет. За време на СФРЈ, нити една промена не се случи, поради македонските политичари. А имаа 45 години за тоа. Тие воглавно гледаа во Белград или кој страна е најсилна во моментот. Народот не сакаше да се отцепи од Југославија, не заради некакво органско југословенство, туку немање на самодоверба дека независна Македонија ќе преживи - те заради Албанците или Бугарите или Грците или Србите..

По распадот на СФТЈ, 30 години политичари јаваа на немање на таа самодоверба, дај да влезиме под некој скут, дал ЕУ, дал НАТО. Сега коначно откако распродадовме се , променивме име и пак немаме шанса во ЕУ, можеби тоа ќе не натераме да се промениме и подобриме самите себеси, во спротивно, заслужуваме да исчезнеме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.812
Поени од реакции
11.848
Кредитите се обично главниот аргумент на луѓето кои имаат негативен став кон Југославија. Во денешно време државите кои настанаа по распадот на Југославија се задолжени до гуша. Се земаат кредити за да се финансираат изборни кампањи, што да зборуваме понатаму?
Не, катастрофалниот економски модел и паразитството се главните аргументи против Југославија. „Нишај врата земај плата“ менталитетот со пренатруповање на работници во државните фабрики и претпријатија, кои работеле со огромни загуби. Ми кажувале постари дека имало луѓе кои буквално ништо не работеле и си земале плата. И на такво расипништво и паразитсво уште и се чудат кога тој меур пукна и пропаднаа скоро сите фабрики, а со тоа и Југославија како држава со диригиран пазар.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Јас на тоа време се сеќавам на неколку работи.Мечето Ушко,смрдливо масло,возрсните битка водеа за да стигнат до кафе,место кафе наут,огромни редици за млеко,голема инфлација, милиција со фичовци и точаци први партизан на секаде.
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530
Јас на тоа време се сеќаван на неколку работи.Мечето Ушко,смрдливо масло,возрсните битка водеа за да стигнат до кафе,место кафе наут,огромни редици за млеко,голема инфлација милиција со фичовци и точаци први партизан на секаде.
Продавница „Скопско поле„ празни полици само 1 парче маргарин „Кристал„. Млеко за варење во ќеса само во 6 сабајле и то само 4-5 литри во сиво пластично гајбе. Кој не видел, не вервит
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
На форумов се кредитите, кога и да ја отворам оваа тема за тоа се пишува. Се земаа кредити и тогаш и сега. Се клатеше врата и тогаш и сега. Додуша сега не мораат ни на работа да одат, платата стига дома, претпријатието на апарати ама за мир во куќа сите ќутат. Кривично дело е и никој со прст не мрда...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Продавница „Скопско поле„ празни полици само 1 парче маргарин „Кристал„. Млеко за варење во ќеса само во 6 сабајле и то само 4-5 литри во сиво пластично гајбе. Кој не видел, не вервит
Да и то млекото смрзнато ко санта мраз.
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Југословенството е идеја на хрватски интелектуалци од средина на 19.век и нема никаква врска со Америка, ламинати, масони и секти.
Колку и да е точно ова, сепак Хрватите се и најголеми анти-Југословени. А можеби и така делува, пошто усташи им ја водат државата одкако ја имаат.
Хрватска можеше да загуби 1/3 од својата територија, Туџман, благодарение на надворешните сили си ја сочува читава, но Хрватска плати огромна штета. Дел од хрватските градови беа уништени до темел и беа убиени 10ци илјади луѓе, што војници, што цивили! Ние тоа го избегнавме. Пративме неколку бранови на војници, имаше протести и истите беа повлечени. Поминавме со 10тина жртви, ако не се лажам.
ХДЗ со години ја уништува државата до темел, бетер и од ЈНА у 92, сега се ЕУ, и ќораво и сакато се исели во Ирска. Ситуацијата во Хрватска е далеку од сјајна, али после трагедијата наречена Северџанија, нивните околности само на нас ни изгледаат поволни, а се далеку од тоа.
Можеше, Хрватска изгуби третина од нејзината територија и самата си ја поврати со одлучни, храбри акции. И тоа против каде-каде пооружан и поспремен противник.
Хрватска имаше силна поткрепа од надвор, но во моментот кога беа спроведени Олуја и Блијесак. А што се однесува до СР Југославија и Милошевич, тој располагаше со речиси цела воена моќ на ЈНА во иницијалните фази од војната, но не беше одлучен и спроведуваше половични, наместо целосни мерки. Затоа и заврши така како што заврши, од готово направи вересија. Не само што ја изгуби Српска и Крајина, и Косово отиде јабана. А доколку одлучно се справеше од стартот при распадот, можеше да го направи тоа што го направи Путин со Крим.
Што ако Македонија избори независност со десетина жртви а денес ни половина територија не може да ја контролира? Еден кафич државата не може да сруши, а не нешто друго? Третина држава не плаќа никаков данок, ДДВ, струја, вода. Без согласност од малцинството државата не може да функционира. Држава каде постои позитивна дискриминација (!), каде повисоко се рангира етничка припадност отколку образовните квалификации. Која е таа независност? Па да и се помочам на таквата независност.
Ниту Македонија е независна држава, ниту е држава. Ако е за утеха, на Балканот повеќе нема независни држави, освен можеби Турција, ако ја рачунаш на Балканот. Во светов можеби има некаде околу 20тина реално независни држави, кои слободно носат одлуки во врска со управувањето на државата, а до 91 и ние бевме во тие 20. Југославија, каква-таква, со сите маани, имаше геополитичка вредност. На Балканот никој со прст не смеел да мрдне без амин од Тито.
те заради Албанците или Бугарите или Грците или Србите..
А што мислиш ти, зошто Грците не бараа од Тито да се смени името на сојузната република Македонија? Исто и со Бугарите, зошто Тодор Живков не му отиде на посета на Тито и фино лепо, да му каже дека тие луѓе што живеат во Југословенска Македонија се Бугари, и мораат да се почитуваат правата на Бугарите во Југославија?
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
А што мислиш ти, зошто Грците не бараа од Тито да се смени името на сојузната република Македонија? Исто и со Бугарите, зошто Тодор Живков не му отиде на посета на Тито и фино лепо, да му каже дека тие луѓе што живеат во Југословенска Македонија се Бугари, и мораат да се почитуваат правата на Бугарите во Југославија?
Муабетот беше околу северџанството.
Има две решение. Едно е да се криеш под скутот на појакиот. Тоа решение е привремено - како што беше привремен животот на Тито и СФРЈ.
Второто решение е да си направиш нормална држава без корупција со функционални институции и јака економија. Воколку тоа го направиш, на никому нема да им е битно што Грција или Бугарите сакаат. Впрочем и нивното однесување би било различно. Кога некој нема самопочит и самодоверба разни комплексаши се редат да лечат комплекси. На инидивидуално и колективно ниво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom