Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Матрикс ми е најдобра трологија ever со над 5 - 6 прегледувања (сега уште еднаш ќе ги гледам). Се сложувам дека кецот е најдобар, ама дека двојката и тројката се ѓон (The Animatrix исто) и не се сложувам баш. Е сега ова ѓубрето што излезе (го немам гледано уште и се мислам дали да го гледам воопшто) што е некаков суперхеројски обид претпоставувам со многу лоши ефекти и апла се гледа дека е само cash cow е ѓон 100%.

p.s Лана нека ја продаде франшизата и нека му дадат на Вилнев да собере тим и знам дека ќе добијам филм. Дод уша Вилнев е веке пикиран за следниот сци фи серијал Рандеву со Рама од Артур Ц. Кларк.
 
Рок е легенда, само бета љубоморни мажиња може да го хејтаат. Он тоа што има постигнато ретко кој во холивуд може да се пофали. Човекот е машина за пари правење.
Никој не вика дека не направил многу пари ама како глумец во вистинса смисла на зборот, емоција или моќ на трансформација е на ниво на Тимчо Муцунски...
 
Никој не вика дека не направил многу пари ама како глумец во вистинса смисла на зборот, емоција или моќ на трансформација е на ниво на Тимчо Муцунски...

Он има своја нишка на филмови, он не глуми татко во некоја драма па да изрази емоција. Типчето крши коски, и за тоа го бива. Исто и ко Шварценегер, Сталоне, Статам.
 
Он има своја нишка на филмови, он не глуми татко во некоја драма па да изрази емоција. Типчето крши коски, и за тоа го бива. Исто и ко Шварценегер, Сталоне, Статам.

1640093248733.png
 
Дека е машина за пари, е. Ама филмовите т.е. улогите му се бог да чува... Еве од 2018 навака го држи врвот (или прво или второ место) како најплатен актер. Под него се Крис Хемсворт, Роберт ДЏ, Марк Волберг, Бен Афлек и еве Џорџ Клуни во 2018 распалил со 239 милиони.

Сите овие се далеку од добри глумци ама во споредба со карпава за него се Џек Николсон.
 
Ај другиве, ама Марк Волберг подобар? :D Па и да бидам искрена, радо би го гледала Рок неголи одвратнион Афлек.
Она што е малце за греота овде е што сите овие фаци, кој поталентиран, кој за свирче исто не го бива ко Рок, вадат пари од суперхеројски филмови. Тој е само поуспешен за нијанса во истото. :D
 
Абе види држи вода и твојов муабет ама што знам, Марк барем има улоги што биле ок... The Departed, Shooter, The Fighter, Deepwater Horizon, The Gambler па еве и Тед. Не е дека го мразам Рок па сеа ќе хејтам, му ги имам изгледано скоро сите филмови ама не сум видел една улога да речеш океј браво. Филмовите му се баш за тепање време пред телевизор ако немаш ништо попаметно.
 
Па никој не вика дека улогите му се нешто спектакуларно, бидејќи јасно е дека не се. Прашањето е зошто заработувал повеќе од другиве кога не го бива. Затоа што рајата сака да гледа такви филмови кои не го замараат мозокот, тој го знае тоа и си го тера тоа што му носи кеш, не трча ваљда по оскари. :D
А за Марк, не сметам дека е нешто поарен од овој ко актер, може ради физикусот можел да фати и нешто што не е баш типична акција филм, мада овие филмови што ги спомна би биле сосема океј и тој да бил сменет со друг актер.
 
Ај другиве, ама Марк Волберг подобар? :D Па и да бидам искрена, радо би го гледала Рок неголи одвратнион Афлек.
Она што е малце за греота овде е што сите овие фаци, кој поталентиран, кој за свирче исто не го бива ко Рок, вадат пари од суперхеројски филмови. Тој е само поуспешен за нијанса во истото. :D
Бен Афлек е надвор од сите конкуренции.. Има енергија на крап..
 
Тома

Уф, со грутка во грло го пишувам ова. Јас сум друга генерација што ги има пропуштено овие години, и сум израснат со друга музика. Се што се пее во кафани за мене е горе доле непознато, поготово оваа генерација на пејачи. Не дека не ја сакам музиката, едноставно не можам да уживам во тие текстови. Не сум наоѓал убавина. Татко ми беше поштувач на метал, рок поготово екс ју рок. Имаше колекција од преку 500 плочи, а во таа цела рок колекција имаше и Тозовац и Тома. Ко дете копук уште ништо не разбирав му викав дека тоа е шабанска музика. Памтам секогаш се лутеше и викаше дека ова е култна музика. И ден денес не ги слушам, а пола од песниве на памет ги знаев од кафани. Дури денес ја сфатив длабочината на зборовите во песните.

Има филмови со добра приказна, а технички дел лош, има и обратно. Овде ама буквално ништо друго не ми беше битно освен приказната. Мајка ми се уби од плачење, а ќе излажам ако кажам дека и мене не ме допре приказната. Тажен филм, и би рекол 10/10 како човек што нема појма од животот на Тома.

Песната за Љиљана посебно ме допре, и на почетокот кога кажа "Srecni ljudi ne pisu pesme".
 
Последно уредено:
На Фокс иде Индијана Џонс и Светиот Грал, сакам да кажам дека хемијата што ја имаат Харисон Форд и Шон Конери ретко се гледа по други филмови. Можеби само и Гудман, Бушеми и Џеф Бриџис во Big Lebowskи... Али тие се тие два филма на кои ми текнува моментално, нема други барем за мене :D
 
Дечки, во темата за Оскарите има поставено анкета која ќе биде валидна до објавувањето на номинациите, за тоа што мислите, кои 10 филма ќе бидат номинирани за Оскар за најдобар филм. Анкета за прогнозирање е, да видиме дали ќе ги погодиме десетте номинирани филмови. По објавувањето на номинациите, нормално, ќе ја замениме со стандардната анкета - кој ќе освои Оскар?

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom