94 американски филмски награди (Оскари 2021)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2021?


  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.907
Оскарите се враќаат во старите термини! По дебаклот лани (или поточно - во април годинава) од Академијата се надеваат дека ќе успеат да ја вратат гледаноста на шоуто, на тој начин. Годинава во конкуренција се филмови кои имале премиера во Америка во периодот од 01 март 2021, до 31 декември 2021. Церемонијата на доделувањето на наградите е закажана за 27 март 2022, повторно во Dolby Theatre во Холивуд. Заради COVID-19 пандемијата, оние модифицирани критериуми кои беа на сила до лани, ќе останат да важат, па така direct-to-digital филмовите ќе можат да се натпреваруваат иако немале кино премиери.

Друга значајна измена е што за прв пат по долго време категоријата Најдобар филм ќе има 10 номинирани (од 84 доделување на наградите до лани, во таа категорија бројот на номинирани варираше помеѓу 5 и 10, во зависност од процентот на гласовите за филмовите. Постојат и некои други, но помалку важни измени и во некои од техничките категории, кои реално за нас не значат многу.

Почесните Оскари за 2021 и хуманитарниот Оскар се веќе доделени. Нив ги добија: Семјуел Л. Џексон (актер), Илејн Меј (сценарист, режисер, актерка) и Лив Улман (норвешка актерка), а хуманитарната награда Џин Хершолт ја доби актерот Дени Гловер заради: "Glover's decades-long advocacy for justice and human rights reflects his dedication to recognizing our shared humanity on and off the screen".

Оваа тема е десетта ваква по ред (!!!) што на форумов прерасна во традиција на која сум особено горд. Значи годинава славиме своевиден јубилеј. За тие кои не знаат што всушност е сето ова, може да ги ѕирнат старите теми:
2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020/21

За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 10 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)
Стандардно, до објавувањето на номинациите пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум.

Еве ги годинешните (рани) фаворити во некои од главните категории:
______________________________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)


1. THE POWER OF THE DOG - Jane Campion (6.7)
THE POWER OF THE DOG.jpg

2. BELFAST - Kenneth Branagh (7.8)
BELFAST.jpg

3. NIGHTMARE ALLEY - Guillermo del Toro (N/A)
NIGHTMARE ALLEY.jpg

4. DUNE - Denis Villeneuve (8.2)
DUNE.jpg

5. KING RICHARD - Reinaldo Marcus Green (6.8)
KING RICHARD.jpg

6. LICORICE PIZZA - Paul Thomas Anderson (N/A)
LICORICE PIZZA.jpg

7. THE TRAGEDY OF MACBETH - Joel Coen (7.5)
MACBETH.jpg

8. WEST SIDE STORY - Steven Spielberg (N/A)
WEST SIDE STORY.jpg

9. HOUSE OF GUCCI - Ridley Scott (N/A)
GUCCI.jpg

10. DON'T LOOK UP - Adam McKay (N/A)
DON'T LOOK UP.jpg

11. CODA - Sian Heder (8.1)
CODA.jpg

12. SPENCER - Pablo Larraín (7.3)
SPENCER.png

13. TICK, TICK... BOOM! - Lin-Manuel Miranda (8.5)
TICK TICK BOOM.jpg

14. BEING THE RICARDOS - Aaron Sorkin (N/A)
BEING THE RICARDOS.jpg

15. THE LOST DAUGHTER - Maggie Gyllenhaal (6.7)
THE LOST DAUGHTER.jpg

16. MASS - Fran Kranz (8.0)
MASS.jpg

17. THE FRENCH DISPATCH - Wes Anderson (7.5)
FRENCH DISPATCH.jpg

18. PARALLEL MOTHERS - Pedro Almodóvar (6.9)
PARALLEL MOTHERS.jpg

19. C'MON C'MON - Mike Mills (7.9)
C'MON C'MON.jpg

20. PASSING - Rebecca Hall (6.6)
PASSING.jpg

...to be continued...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.881
жифти све
по која основа е Шанг факинг Чи тука на листиве?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Уште го немам гледано Shang Chi и не знам ни дали ќе го гледам, до толку не сум заинтересиран за филмов...

Ама и на невидено се кладам дека е далеку од Best picture материјал. Ако го кандидираат тоа ќе биде само ради некоја вештачка политичка коректност, како што направија со Black Panther.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.907
жифти све
по која основа е Шанг факинг Чи тука на листиве?
На 31 место е на листата, а 10 номинирани ќе има. Во кладилниците шансите му се 100/1 за да биде номиниран. Како и секоја година, така и оваа, на листите ставаат филмови на тепка, веројатно како еден вид реклама, за да ги гледа повеќе народ. Лани Mulan беше на факинг 20 место, ако се сеќавате. Овој го немам гледано, а ни The Suicide Squad, па не можам да зборувам со 100% сигурност, но веројатно и овој е таков - ставен тука како реклама, а и плус заради политичка коректност. Годинава како што може на прва да се забележи, недостасуваат филмови за обесправените црнци, а и во актерските категории има многу помалку кандидати црнци од вообичаено во последните 4-5 години, па затоа можеби компензираат со Азијати, who knows.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.881
Стално компензираат со монголоиди, не само сега. Али тоа е повеќе заради огромниот пазар на монголоиди, а не толку заради политичка коректност.

* Морам да појаснам - има три раси: монголоиди, негроиди и кавказоиди. Медицинската состојба монголидност нема врска со ова, a името го добила по расата. Ја само се изразувам со антрополшки речник.
Автоматски споено мислење:

Хуманитарен Оскар? Сеа го прочитав тоа и прв-пат слушам за тоа.
Каква врска со уметност има тоа, Бог да чува...
 
Последно уредено:
S

sim4e

Гостин
Ко Божик го чекам новиот филм на Пол Томас Андерсон. Љубопитен сум да ги погледнам и филмовите на Џоел Коен, Вес Андерсон, Кенет Брана и Мајк Милс; другите не ме занимаат и најверојатно нема да гледам ништо од нив. А најмалку од сè ме занима кој ќе освои Оскар во која било категорија.


И јас прв пат слушам за Хуманитарен Оскар, но не затоа што се работи за синтагма којашто Златикевичиус очигледно самиот си ја измислил, туку затоа што немам ни за Џин Хершолт слушнато, ниту пак за наградата којашто во негова чест се доделува за хуманитарен мерит. Има врска со уметност колку и Блек Пантер што има врска со уметност.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.907
но не затоа што се работи за синтагма којашто Златикевичиус очигледно самиот си ја измислил
1637175440492.png

Тајлер Пери:
1637175541126.png

Џина Дејвис:
1637175568391.png

Анџелина Џоли:
1637175608153.png

Златикевичиус така, од немање што да прави си измислува синтагми за да може тие кои не знаат (ко тебе) да научат нешто ново. ;)

Гледаш, Оскар е статуетката, се добива за хуманитарни активности на некој кој е вклучен во процесот на создавање филмови (поединец или организација, сеедно), гледаш дека и кај други се нарекува хуманитарен Оскар (слика 1)... Како инаку да го наречам?

Башка, наградата се доделува од 1956, порано (плус и во 2021) на самото доделување на Оскарите, последните години на манифестација пред Оскарите, наречена Governors Awards, а за доделувањето на Оскарите емитуваат само сегмент од тоа доделување, но колку што јас се сеќавам, никогаш не било изоставено. Ама ОК, не си следел, не си забележал. Човекот учи додека е жив. ;)
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Не знаев дека Дел Торо има нов филм.

Тој би сакал да го гледам, после Dоn't look up со Дикаприо, Tick, tick...boom, новите на Вес Андерсон и Алмодовар <3, можда Дуелов на Ридли Скот со бедесот од Килинг Ив, Џемс Бонд веќе симнат, норвешкиов кандидат за оскар и данскиов хибрид од анимација+документарец.

Другиве комотно ќе се избегнат, засега.

Како по обичај повеќе филмови сакам да изгледам од категоријата странски филм: Финска, Исланд, Јапонија, Кина, Косово, Македонија, Мексико, Норвешка, Данска, Перу, Сингапур, Словенија, Србија, Шпанија, Тајван, Црна Гора и Виетнам.

Нешто што веќе ме интересираше од оваа категорија изгледав.

- Аргентинскиот трилер El Profugo не ме освои некако. Почна интересно, ама како да снемала инспирација сценаристката на пола филм. Доби просечна оцена 6/10.
- Хрватскиот Tereza37 - досадна драма веќе видена во 100 претходни хрватски филмови. 5/10
- Францускиот Titane - почна интересно и се претвори во некоја чудна и одвратна акционо-сај-фај драма. 4/10
- Германскиот Ich bin dein Man - лежерно, feel-good филмче без непотребни тупења. 7/10
- Романскиот Bad Luck Banging, веќе го споменував во темата за рецензии. 8/10
- Јужнокорејскиот Escape from Mogadishu, добро филмче. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.907
НАЈДОБАР АКТЕР (ранг-листа)

1. Will Smith - King Richard
Will Smith.png

2. Benedict Cumberbatch - The Power of the Dog
Benedict Cumberbach.png

3. Denzel Washington - The Tragedy of Macbeth
Denzel Washington.png

4. Andrew Garfield - tick, tick... Boom!
Andrew Garfield.png

5. Peter Dinklage - Cyrano
Peter Dinklage.png

6. Leonardo DiCaprio - Don't Look Up
Leonardo di Caprio.png

7. Bradley Cooper - Nightmare Alley
Bradley Cooper.png

8. Joaquin Phoenix - C'mon C'mon
Joakin Phoenix.png

9. Adam Driver - House of Gucci
Adam Driver.png

10. Javier Bardem - Being the Ricardos
Javier Bardem.png

11. Nicolas Cage - Pig
Nicolas Cage.png

12. Clifton Collins, Jr. - Jockey
Clifton Colins Jr..png

13. Timothee Chalamet - Dune
Timothee Chalamet.png

14. Simon Rex - Red Rocket
Simon Rex.png

15. Jake Gyllenhaal - The Guilty
Jake Gylenhaal.png

16. Adam Driver - Annette
17. Oscar Isaac - The Card Counter
18. Steven Yeun - The Humans
19. Cooper Hoffman - Licorice Pizza
20. Jude Hill - Belfast
21. Caleb Landry Jones - Nitram
22. Mahershala Ali - Swan Song
23. Ben Platt - Dear Evan Hansen
24. Clint Eastwood - Cry Macho
25. Benedict Cumberbatch - The Courier
26. Tom Hanks - Finch
27. Anthony Ramos - In the Heights
28. Matt Damon - The Last Duel
29. Adam Driver - The Last Duel
30. Matt Damon - Stillwater
31. Daniel Craig - No Time to Die
32. Michael B. Jordan - A Journal for Jordan
33. Antonio Banderas - Official Competition
34. Ansel Elgort - West Side Story
35. Gary Oldman - The Woman in the Window
36. Riz Ahmed - Encounter
37. Max Harwood - Everybody's Talking About Jamie
38. Benedict Cumberbatch - Electrical Life of Louis Wain
39. Ralph Fiennes - The Forgiven
40. Mark Wahlberg - Joe Bell
 

Kajgana Shop

На врв Bottom