Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Фуј воа србоманите наши објавуат за победа на Србија сегде, а ги нема да честитат за Македонија. Баш сакав да ни се падне Србија у бараж и да ги плесниме, само заради србоманите.
Ае ако ни се падне Португалија, па може ни леже фа играме против нив хах.
 
Пласманот во бараж за СП > пласманот на ЕП. Или, да не биде екстремно, во најмала рака успехот е идентичен.

Патот кој нашата селекција го изоди за пласман во баражот беше навистина потежок и во мојот вредносен фудбалски систем, повеќе држи на цена.
Во бараж на регуларен начин, преку нормални квалификации, највеќе постигнати погодоци досега во група за било кое првенство (ако не се лажам), фантастична победа против Германија во Дуизбург и демолирање на Ерменија на гости. Без Пандев половина циклус, со двајца тренери, промена на момент.

Прерано се отпиша Mileball. Не навлегувам во тоа кој е подобар, ма да имам мислење одредено, ама некако Благоја иако изгледа физички непривлечно, со тренерчиња таков демек незаинтересиран, во однос на секогаш костумисаниот Мрмињо некако ми има повеќе стил за селектор, за шеф. Некој Нил Ворнок заебан фазон.
 
Прво сосема заслужено второ место во групата. Имавме и малце среќа стативата на Хаџи во 84 мин, но тоа си е проблем на Романците
Милевски си доби заслужени критики по трите нерешени со Ерменија и Романија дома и овој скапан Исланд на гости, за да во овој собир гледаме една поинаква Македонија. Иако фалеше моторот Адеми сепак најде соодветна замена во Костадинов. Дечкото мислам дека си обезбеди трансфер. Го имаше секаде во клучните утакмици некни со нинџите од Ерменија и денес против Исланд и башка многу има напреднато со пасовите, мислам дека немаше кикс. Барди што да кажам прсшање на време е кога ке го "црпне" некоја посериозна екипа од Леванте. Може не Барса и Реал али Вилереал, Севилја па и Атлетико Мадрид би биле идеални. Одбраната исто на ниво во двете утакмици. Муслиу која стабилност ја има секоја чест. И тој според мене прашање на време кога ке направи трансфер во топ пет лигите. Се на се одлична поставеност игравме фудбал допадлив за око максимално ефикасен (на двата клучни натпревари гол разлика 8:1), не чека светла иднина во фудбалот и за прв пат можам да кажам дека имаме 15-16 фудбалери кој можат да играт во први 11....

Баражот е еден натпревар што и да се деси они се веке победници, но докажавме дека можеме и мислам дека можеме да направиме проблем. Сега за првиот натпревар кога го немаме Елмас убаво е да се направи напор да се убеди Гоче да изигра, ке биде од огромна помош...
 
проблемот е што како разбрав Костадинов мисед некст матцх ама и Елмас ??? Адеми тешко со толку повреди, може ќе треба да не го ставиме во почеток на плеј офф туку од 45минута...
Па и Николов е повреден...
 
Aj za Kostadinov imame dobri opcii da go zamenat ama steta za kakva glupost Elmas dobi zolt karton i ke go propusti barazhot. So nego timov ima barem 30-40% pogolem potencijal vo napad
 
проблемот е што како разбрав Костадинов мисед некст матцх ама и Елмас ??? Адеми тешко со толку повреди, може ќе треба да не го ставиме во почеток на плеј офф туку од 45минута...
Па и Николов е повреден...

Костадинов и Елмас ради жолти картони, али не го спомнав Костадинов дека таму ке ги имаме и Адеми и Ракип па и Николов, али Елмас е огромен хендикеп затоа напоменав ако можат да го убедат Пандев да помогне барем за баражот навистина не гледам кој може да го замени Елмас
 
проблемот е што како разбрав Костадинов мисед некст матцх ама и Елмас ??? Адеми тешко со толку повреди, може ќе треба да не го ставиме во почеток на плеј офф туку од 45минута...
Па и Николов е повреден...
До Март ваљда ќе му поминат повредите и ќе се спремни Ракип, Адеми и Николов
 
Kaj moze za sigurno da se proveri podatok dali ke se prefrlat kartonite za vo baraz? Jas mnogu ne veruvam na ova bedno nase sportsko novinarstvo oti koj stigni pisi na tie portalite...
 
До март има време, само нека бидат живи, здрави. Штета што Елмас и Костадинов нема да играат во тоа полуфинале. Но, затоа има други играчи кои се тука како Николов, Адеми, Ракип, Несторовски, и уште некои други ако пропуштив. Ова е само мое размислување, но мислам дека ни фали еден квалитетен шпиц.
 
Моментално распределбата на второпласираните:
1636928956909.png

Многу незгодни екипи се накотија во горната половина. Ако по некоја случајност уште Швајцарија направи гол разлика потребна за 1во место, ете ни ја и Италија како можен противник :D Австрија и Чешка кои ќе дојдат од Лигата на нации ќе бидат во пот 2. Значи ако мора да бираме од пот 1 секако Велс изгледа како најповолен противник или евентуално Русија, со сите останати ќе биде претешко на нивни терен, а права трагедија би било да налетаме на Португалија. Али чудата се случуваат, па нема зошто да не се надеваме. Кога можевме да ја добиеме Германија на гости и прикажавме одлични партии во финишов на квалификацииве, нема зошто да не можеме да се носиме и сега против било кој противник. Башка што, целиот притисок ќе биде на фаворитот што ни дава одлична можност да изненадиме. Уфф ама е јако чувството да се измешаш вака со појаки и да играш за пласман на СП.:oeoeoe:
 
Ептен греота ќе беше да не ја искористиме победата во Германија за да обезбедиме бараж на крај, таа утакмица ни го донесе ова задоволство. Дефинитивно поголем резултат е ова него ли пласманот на ЕП, сега сме во топ 20 европски репрезентации. Не знам дали овој резултат ќе не помрдне и шешир погоре во квалификации за ЕП 2024, многу покул би било да обезбедиме пласман од таму него ли пак да чекаме на Лига на Нации.
Се надевам дека ќе бидеме комплетни во март. Највеќе дека Несторовски ќе си ја врати формата после повредата. Ристовски и Миовски не се (сеуште) квалитетни за да бидат шпиц на репрезентација, Јаховиќ не ми се ни коментира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom