Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Сеа ме разврза у сериозните муабети, одамна го неам дрвено, али поврзано со темава. :D Во посериозна нота за муабетов. Ова важи за секоја уметничка форма, било литература, филм, музика или било што.

Едноставните уметнички форми што се пишуваат по рецепта се супер. Нема ништо погрешно у нив и ја никад не сум ги судел. Иам изглеано/ислушано/прочитано мал милион забавни и „евтини“ работи. Али каде лежи вредноста у „добрата“ уметност? Таа е навидум досадна, ама не е интринзично досадна, туку е можеби најинтересна од све ако ја разбираш. Досадно ни е сѐ што не разбираме, умот го трга вниманието бидејќи не регистрира значење и го доживуваме како досадно. Некој што е навлезен у кодирање дрка на кодови пошо разбира што се дешава и го глеа јакото у тоа. На многумина тоа им е најдосадното нешто у свет. Да ја земеме музиката ко пример (со Шабан и оркестарот). Да речеме дека почнуеш да свириш инструмент и се упознаваш со основните правила на музичка теорија. Глеаш молски и дурски скали. Тие се така дизајнирани, не дизајнирани, откриени, што као формула кликаат кај секој. У природата на луѓето е да се осеќаат добро кога слушаат песни со прогресија на акорди у тие скали. И свириш 20-30 песни што се кечи. Супер се, убави се, ама после некое време ти скурчуе од истата „мелодичност“. Фаќаш подлабоко да проучуеш теорија и сакаш да знаеш зошто елитистиве трзаат на џез или класика. И као што проучуеш, навлегуваш у интрикантни детали на музичката форма, односно хармонија, мелодија, ритам, строфи итн. И зборувајќи со стручњаци, проучувајќи, гледајќи ја нивната перспектива, решаваш да го слушаш Ерик Сати. Приметуеш дека и он ги запазуе тие работи што си ги научил, на уште позаебано ниво. Убацуе некоја намалена тријада со седмица каде не треба да стои, ама звучи фраерски. Ствара тензија и после ја разрешуе тензијата. И си викаш, супер, типов е генијален, го контам до некаде, ама не скроз. И лонг стори шорт, после долго време проучување музичка форма, конташ дека мадафакерите што свират добар џез прават некои маестрални ствари кои не само што веќе не ти се досадни, туку ти се прејаки. Ги преслушуеш по 100 пати и откриваш нови финеси, јаки детали, музичката структура ти делуе ко топка што вибрира со тристо иљади особини на динамичност, енергија, ова она, глеаш дека овие си играат со тоа на некое префинето ниво и почнуеш да уживаш, дури и ти е прејако. Си морал да вложиш огромен напор за да стигнеш до фазата у која спонтано уживаш у џез. Наеднаш осеќаш дека ти се раѓаат нови естетски чувства што никад не си ги осетил и музиката ти задоволуе некаков глад што веќе не ти го даваат едноставниве форми. После слушаш некоја песна од Тоше и ти е репетитивна, досадна, истата формула. Ти се навикнало увото на таа елеганција, комплексност, што и да е, сеа Е А Б акорди ти се толку мех... Ти изглеа премногу евитно откако си просведочил ненормални композиции што ти будат такви чувства. Идејата е дека во секоја форма, не само музика, откако ќе решиш да навлезеш подлабоко, глеаш дека такви ко Бергман, Тарковски и слично, предизвикуваат елегантни чувства и Зек Снајдер почнуе да ти стануе срање. Достоевски така си игра со формалните елементи што ти буди некои заебани чувства, а пред сѐ ти е јак пошо сфаќаш и што праи. После више не те задоволуе нешо лабаво пошо не те храни и не добиваш ништо од тоа.

Грешката е ако станеш елитист. Елитистите не можат да сфатат како другиве што не навлегле до толку ко нив, не ја гледаат генијалноста у семиотика на ликови, не дркаат на тоа што авторот решил да ги замени субјектот и објектот, ама го задржал адресантот у некоја психолошка тријада и такви срања. Стануваат нердови што комуницираат на нердовски јазик и изолирани од останатиот дел од светот што можеби не сака така да глеа на уметноста ко нив. Стануваат Шелдон. Ми се дешавало и на мене, се вика илузија на лажен консензус. Очекуеш секој да „ги сака/согледа“ работите што ти ги согледуваш, секој да го интересира. Ако на тебе ти е јако, на сите треба да им биде јако. И нормално е тоа, сите сме тригер хепи за ствари што ни се свиѓаат. А и ја не сакам некои работи во кои луѓе уживаат пошто навлегле. Не ми биле приоритет. На пример ја не сум глеал фудбал и порано ми бил убер досаден (само ко мал гледав/играв). Еден краток период решив да навлезам у формации, ово, оно и да глеам фудбал со другари што пратат. И кога почнав да глеам колку заебанции има, почна да ми стануе интересно. Порано ми бил срање, после кога сум почнал да го учам, ми станал јак. Само шо ради обврски и силом прилике, не продужив активно да пратам. Нејсе.

Ја иам другари елитисти со кои се понашам ко шабан пошо тоа им преминуе у его-трип, мислат дека само пошо се навлезени у филмска форма/музичка форма/итн. дека контаат све и се интринзично подобри од другите. Е сеа, има една друга форма на елитисти што не сфаќаат квалитет, туку станале елитисти ради социјални околности. У друштво се гледа Тарковски, ерго Тарковски е супер. Шабан Шаулиќ е кич, Крафтверк е 10/10. Сум сведочел ситуации у кои некој пушта песна и чека дали другите ќе ја сакаат или ќе ја осудат ко кич. Ако не ја сакаат, доживуе тешки мелодрами, кршење на самодоверба, оувертхинкање за своите постапки у животот и тристо други срања. Тоа е више патолошко. Тие луѓе некад не ни уживаат у музика/филм, туку се цело време на штрец и самопреиспитување дали имаат добар вкус. Тоа е одвратно. Небаре ако слушне песна од Тоше у кафич ќе оглупе ако му се допадне. Ова не се ни заебавам, језиво е. Иам другар таков. И тоа е за на психијатар. Пошо има ненормално генијална уметност у ствари што се забавни и на кои трза публиката. Не мора да е комплицирано и/или немелодично за да е добро. И луѓе што го знаат тоа, бегаат од тие класификации што поише се его-трип него евалуација на уметност. Тарантино е забавен и е генијален, композициски, секако, да не навлагам. Пинк Флојд се многу мелодичен бенд, а се супер. Шабан, патем, со све Шемса, Синан и остала банда творат ненормално добра музика. Елитистичките постпанкери ќе го серат тоа ко кич (освен Ѓорѓи од 103 што поштуе Шабан и Шемса), ама тоа е ненормално добра музика, а плус гаѓа. И тоа ми требаше време да го сконтам иако ко копиљ ја слушав од Мерлин до Цеца. Па и сеа не ми сметаат. Така што може да е забавно за сите, а сепак многу добро. И секој треба да ужива во што сака, без да суди. Али честопати сакам, нешто што е многу субјективно, луѓето што гледаат некаква уметност, да речеме филм у случајов, да почнат да навлагаат у теорија на филм и други ствари, па да ги видат работите што ја сум ги видел за да разберат зошто Х е премногу добро. Дека откако би навлегле у тоа, ќе имаат огромна сатисфакција од филмови што сеа им се досадни бидејќи не знаат некои ствари што доколку би ги знаеле, би ги глеале истите филмови со други очи. Но тоа не значи дека секој треба да го праи тоа, само што човек тешко искача од својата глава и проекции. Нема зошо сите да сакаат да го прават тоа.
П.С. Жаки е на жалост пензионирана од музиката, последна информација е дека работи како обезбедување на СГС во Сити Мол.
Ти знаеш ли, дечко, дека пред 20 години (ко копиљ) јас сум ја просведочил Жаки на брод у Претор? И дека сум ѝ стаил 100 денари у цицки на танчарката што играше додека Жаки развалуеше? Иам и слика, ќе ја најдам и ќе ти ја пратам како доказ.
Само не на форум, Бијонс има најмено хакери.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Тоа ќе ти обезбеди влез по автоматизам.
У Пролет (кај Железничка што беше) се иам два пути тепано за пичка. Сакам вип дрвена маса у кафана и поише сирење у шопската!
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Прв меѓу еднаквите и единствен за кој нема да важат протоколите ќе биде Вардарски поради овој пост тука:
Дали како редовен посетител порано на Еспана(за жал не работи веќе отворија селски ноќен клуб Аломос) и Кај Беко имам загарантиран фри пас?
Со Еспана верувам си запознаен, а "Кај Беко" накратко е текстбук биртија, синтисајзер+пјевалка, ентериер од 1980 појачан со диско светла на моменти и на сето тоа додај 40+ изгризани мрсни бугарки/србинки кои шетаат од маса на маса и ти се нудат.
Еве доказ слика од ланското лето
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.094
Поени од реакции
25.100
клуб Рицар трговскиот во Лисиче
А ова е кладилница Копачка. :D

Ма да горното спратче уште си постои, нормално проследено со коцката на ќошот кај што редовно имаше плешачица.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Ете, се појавија сељаците и знаат што треба да одговорат. Кога викам јас има патерни на препознавање на луѓе Даркии и Асеко-Нееее, се е индивдуално и не треба да се генерализира.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Ова е апсолутно точно.
Одма се препознав тука кога прв пат го глеав Ќе има крв на ПТА и искоментирав дека е ужасно досаден филм каде вреди само глумата на ДДЛ. Каков нонсенс и епска глупост.
И доста време се кочев да пуштам филм од Андерсон поради самоизмислениот факт дека е досаден, комплексен и тапа филмаш ама нешто ме влечеше да се позанимавам со него, некогаш.
Дојде неговото време пред некој месец и од сите 8 филмови мене 6 ми беа врв од кои Ќе има крв ми е најдобар и e филмско ремек дело, дефинитивно најдобар на 21от век и еден од моите омилени.

Ваљда со погрешни очекувања и во погрешен момент му влегов на Бергман, или па сеуште не сум доволно паметен. Гарант ако некогаш во иднина опаметам уште малце (хехе ок стековци да не ви ебам све) ќе ми биде добар и ќе се самопонижам на претходно кажаново. Али за тоа останува да видиме.

А за постов си максимално во право.
 
Вашиот сељачизам ја нема постигнато најдлабоката естетска нота, суштината на шабанеријата. Здрави-живи, ќе те однесам у Јаса и Каго. Јаса е кафана у Скопје Север, внатре седат урбани легенди ко Љупчо Џандарот, Тони Рибарот, Агата почина у курац, Шуми и сл. Тоа се бивша ДБК, боеми, хард кор камионџии и сличен сплет од демографии. На ТВ стриктно иде фудбал, има афтери со покер и силен мирис на стоена цигара пошо се пуши. Тепачки две-три у вечер. После се гушкаат. Од јадење кебапи и уште пет-шес ствари. Во Каго имаш од босанско-албански мафијаши, до егејци од Чешка. Мулти култура ко шо треба, не ко оваа политичка коректност. Се љока, имало проституција, дилови и вооружени пресметки. Тепачки поретко од Јаса, ама тепачките се покрвави. Тука Тарантино може десет филмови да напраи, Каго е особено таа естетика.
Ова е апсолутно точно.

Одма се препознав тука кога прв пат го глеав Ќе има крв на ПТА и искоментирав дека е ужасно досаден филм каде вреди само глумата на ДДЛ. Каков нонсенс и епска глупост.

И доста време се кочев да пуштам филм од Андерсон поради самоизмислениот факт дека е досаден, комплексен и тапа филмаш ама нешто ме влечеше да се позанимавам со него, некогаш.

Дојде неговото време пред некој месец и од сите 8 филмови мене 6 ми беа врв од кои Ќе има крв ми е најдобар и e филмско ремек дело, дефинитивно најдобар на 21от век и еден од моите омилени.

Ваљда со погрешни очекувања и во погрешен момент му влегов на Бергман, или па сеуште не сум доволно паметен. Гарант ако некогаш во иднина опаметам уште малце (хехе ок стековци да не ви ебам све) ќе ми биде добар и ќе се самопонижам на претходно кажаново. Али за тоа останува да видиме.

А за постов си максимално во право.
Наравно, бе, треба мотивација и расположење. Нема везе тоа со опаметуење, ти си кажа дека Персона ти бил искрено досаден и тоа не е нешо лошо. Боље е него да глумиш дека свршуеш, а да не мислиш така. На крај краева, ја сакам литература и има писатели што знам дека се маестрални, а мене не ми пашаат. Толстој е таков пример. Можда за некоја година ќе ми кликне на расположење, сеа не ми е легнат. Има и такви режисери што ми биле пејн ин ди ес, а скроз ми се погодиле у некои периоди у животот. Ја ова шо го пишав ми е стриктно ради некои видувања и лична перцепција шо сакав да ги споделам. Муабетот е дека човек не треба да пристапуе со предрасуди пошо си затвара врати да открие нешто што ќе му отвори нови чакри. Ако сите „психодркачки филмови" ги глеаш со осудување од старт, нема да дадеш шанса да си отвориш нови перспективи за тие ствари. Утре можда ќе навлезеш у таква уметност и ќе си го збогатиш идентитетот со нови ствари. А може никад нема да ти легне и нема да сакаш да се трудиш да го засакаш. И тоа е сосем океј. Не мора сите да идат низ истите животни траектории. Истото им го викам и на фаци што пропуштиле милион добри холивудски филмови пошо се Ла Еуроп Артхаус. Али пак тоа е до мене. Ја сум чоек што е отворен кон нови искуства и сака да се обогатуе со знаења и естетики, па мислам дека тоа е важна етичка максима за секој.
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Дали како редовен посетител порано на Еспана(за жал не работи веќе отворија селски ноќен клуб Аломос) и Кај Беко имам загарантиран фри пас?
Со Еспана верувам си запознаен, а "Кај Беко" накратко е текстбук биртија, синтисајзер+пјевалка, ентериер од 1980 појачан со диско светла на моменти и на сето тоа додај 40+ изгризани мрсни бугарки/србинки кои шетаат од маса на маса и ти се нудат.
Еве доказ слика од ланското лето
Те немет тебе тука, ова можит да е генерична слика од нет. Да приложиш како си сликан со Жика (чим си од Охрид не треба да ти објаснувам на кој Жика мислам) или евентуално со газдата од Арена, оној со репчето а горе ќељав.

Вашиот сељачизам ја нема постигнато најдлабоката естетска нота, суштината на шабанеријата.
Аха, мисли си.

Сум ја подизоставил темата но како компензација се враќам со една култна биртија. Местото е топ оф д топ, по мене the ultimate најбиртија во Скопје и шире моментално. Омиленото место за искачање на секој од Кучково до Кучевиште и од Црешово до Соње.
И не признавам некој да ми се прави сељак а да не бил ниту еднаш во

НОЌЕН КЛУБ (БАР) ДЕСПИНA

Но што го прави ова место толку посебно чим јас како ненадмашлив авторитет на оваа тема го ставам на пиедестал меѓу толкуте многу во Скопје и Скопско?

За почеток на гугл пишете клуб Дeспина на кирилица и погледнете ги резултатите. Односно ќе бидам добар и ќе го направам тоа место вас
http://www.google.com/#q=клуб+деспина&ei=lr-tUcvpEM_EtAbJ_4CwDw&start=0&sa=N&bav=on.2,or.r_qf.&bvm=bv.47244034,d.Yms&fp=371c40299b906e21&biw=1280&bih=629

Во Деспина постојат мали и незначителни но сепак шанси да се збогувате со овоземскиот живот. Еден пееесет коефициент да го јадете до болница ни крив ни должен. Ноќен клуб Шкорпион-Волково, клуб Рицар-Лисиче, па и Сити во Беверли се само пусифицирана форма на тестостеронската моќ што излегува од тоа место.

Откога веќе ја добивте од Гугл преставата за месотото да продолжиме со деталите.

Подобра локација за местото не може да има. Населба Мичурин е позната по биртијашката префинетост и софистицираност на нејзините жители. Само една уличка води до клубот, изгледа како на филм во сред град некое запуштено патче што води до местото каде што се договараат матни зделки. И градбата е таква, изгледа како модфицирана и фасадирана бордо верзија на стар хангар што кога ќе влезеш внатре очекуваш некоја сцена од Резервоар Догс. Со право еден другар ќе даде една легендарна изјава-Брат јас патот до Деспина го погаѓам само кога сум пијан. Пред влезот има направено тенда од плексиглас а пред неа два брендирани столба во знакот на разбира се-Џани Вакер. Интересното е што прво се влегува во една мала по градба но голема по значење импровизирана налик монтажна барака која како да служи како тампон зона помеѓу надворешниот, обичниот свет и внатрешниот, помеѓу иницираните и профаните, како тунелот во Демир Капија кој дели 2 временски зони и пројдеш ли кроз него од пролет инстантно преоѓаш во касна есен (Демир Капиџии и околина ќе ме разберат) иако таа барака е едвај дали 5 квадратни места. Таа барака го амортизира културолошкиот шок и ве припрема за она што ве чека внатре. Но пред да влезете во бараката на влезната врата стојат 4 известувања залепени на истата. Ги читам и се прашувам што би рекле големите мајстори на апсурдот: Кафка, Ками, Семјуел Бекет на тоа, и дали кога би го виделе момците од Монти Пајтон тоа би признале дека некој ги надминал во сатирата.
На првиот знак стои бројот од Државен Пазарен Инспекторат.
На вториот знак стои-Забрането пушење.
На третиот знак стои работното време.
На четвртиот заборавив што стои но не беше ништо помалку битно.

Влегуваш внатре во бараката. Во неа има еден шанк кој личи на импровизиран штанд а позади истиот на ѕидот има екран поделен на повеќе делови каде што се прикажуваат снимките од разните камери внатре. Тој екран е како онаа законска обврска на цигарите-Пушењете е штетно по здравјето. Кажува-Тражили сте гледајте и улевајте на сопствен ризик.
Импровизираната барака е споена со ''хангарот'' со врата. Кога ја отварате таа врата веќе е point of no return. Слика од досегашниот опис.

После втората врата Бекет е позади мене, оставен на прагот да си ги брои брчките. Не сме дојдени тука да филозофираме туку да го извадиме исконското сељачко во нас, оној дел кој скоро секој од нас го има но ретко кој сака да го признае и прегрне.
Деспина е поделена на три дела.
Првиот дел и најударниот дел е веднаш кога се влегува. Во овој прв дел одма од вратата лево е бината малку издигната со црно знаме на ѕидот на кој пишува-Клуб Деспина. На бината се кренати две шипки од подот до таванот. Освен бината во првиот дел се ставени и коњопои со тук-там по некое шанкерско столче што е и нормално, во Деспина не се оди за да седиш.
Вториот дел се граничи со првиот и се наоѓа право од влезот. Оделен е со издигната платформа и скали. Поради таа издигнатост делува како балкон во однос на првиот дел и има поставено ограда на работ што гледа надолу према ќецот. И тука се поставени коњопои од скалите лево затоа што на вториот дел по скалите влегувате од неговата скоро крајно десна страна. Десно е единствено шанкот.
Третиот дел е десно од првиот и е исто така благо издигнат како на платформа. Тој дел се рачуна како најелитниот, тука обично има сепариња и ВИП гости, односно тепачи пред кои сите се тргаат на страна. Сите три дела се налик на кругови кои се допираат меѓусебно при што ќецот е најдолниот дел двојката е горниот лево а тројката горниот десно. Онаму каде што се допираат двојката и тројката е шанкот.

Внатрешниот дел е приказна за себе. Во ќецот е гол под, додека двојката и тројката се со ефтин тепих како оној од првата слика пред влезот оние стандадрните сиви. Коњопоите се излитени и истругани. Внатре доминираат две бои: бела и бордо. На плафонот има вградени плафоњерки некои ги викаат и мини рефлекторчиња кои се чести кај шанковите. За да не биде монотоно и на плафонот и на ѕидовите има правено сводови, кружни форми, фрагменти од демек тули и останати орнаменти и геометриски фигури, а во кецот во самиот ѕид има дури вргадено статуа од некоја мешана форма Милоска Венера, Менада, Атена Палада и уште неколку. Се е се разбира во бордо-бела верзија. Слики од досегашните описи (чаша ракија добива оној кој ќе ја најде статуата во ѕидот):

Доста беше за формата, да преминеме на суштината. Во овој пост http://forum.kajgana.com/threads/Биртии.63174/page-12#post-5557439 зборувавме за хибридизацијата, амфибијзацијата и аморфизацијата на биртиите и како Окарина е биртија од хибриден тип.
Таква амфибијзација доживеа и Деспина.
Пред скоро деценија отприлика кога прв пат беше отворена, Деспина функционираше како класична биртија со маси и столици. На почетокот имаше многу строга политика која во полабава верзија ја задржаа и денес, не пуштаа секого и имаше дресинг код. Не си во кондури и кошула, нема да влезеш. Тоа што внатре трешти Раџај Синове од Џеј кое по логика на нештата нема апсолутно никаква смисла и не ти дава никакво право да тераш селекција на гости според било кој критериум е апсолутно занемарливо. Мислите ли дека вратарите во клубот кои поради специфичноста на задачата и реномето на местото се двојно понабилдани и поглупи од другите клегите во другите клубови сфаќаат што е апсурд, парадокс и да се чека Годо?

Амфибијзацијата се случи малку подоцна. Имено потребата на луѓето наложува бизнис креативност. Фолкерај и биртијашење имаше само во биртиите кои работеа до 12 на полноќ. Таман си дошол, си седнал си се запил и трепкаат светлата, а газдата прво културно а после и со повишен тон те брка од страв дека инспекторите не се запиени и запушени моментално во некој локал кај орките. И што си направил ти до 12? Ништо. После тоа изборот ти е да одиш на некое наркоманско рупци-дупци во Сектор и Колосеум или на некој маслосани рок издеравања во Маркана, Хавана каде што пичките не се куроповикателни, каде што музиката е одвратна, каде што не можеш ни асална тепачка да направиш, каде што од прва не ти успева да ебнеш нешто со Мерцедесот. Душата ти плаче за Брена, минич до пичка, кршење пепељара од нечива глава, дисплеј на твојата тазе змај тетоважа на рамо, фалтите и наборите на тилот. Сопствениците на Деспина го увидоа тој крик на толкуте напатени души и решија од тоа да направат бизнис. Како сијаличката над глава што им светнуваше на јунаците од руските комунистички цртани филмови тие си рекоа-А зошто да не биде биртија-ноќен клуб и би тоа. Од биртијата ги позајмија концептите на турбофолк музика, певаљка и бенд во живо, а од ноќните клубови осветлувањето со плафоњерки, диско топки, врхунската декорација, поставувањето на коњопои наместо маси и столици, исфрлувањето на менито за јадење и терање политика само со пиење како и поместувањето на работното време од самрак до зори и воаља добивате модел на биртија ноќен клуб-биртија. Но ако сепак мораме да пресечеме и ако изборот е сведен на џа или бу, во самата суштина Деспина е биртија, бидејќи биртијата не се дефинира преку надворешните карактеристики туку преку духовниот елемент то го носи со себе, како што беше тоа објаснето од моја страна пред некоја страна на темава.

Зборевме за физичките карактеристики на клубот, зборевме и за што е Деспина по текстбук дефиниција, дисекција и анатомија. Но како што и човекот е многу повеќе од клетки кои формираат ткива коие формираат организам, така ништо не сме направиле без да ја опишеме душата на Деспина и компонентите на таа душа т.е. народот, атмосферата, смислата на нејзиното постоење.
На веќе споменатата бина настапува бенд обавезно 2 певаљки, млади, згодни и заводливо море забригадливо облечени како и бенд составен од задолжително Корг синтисајзер (еднаш пишав-Не признавам турбо фолк сајзерист ако сајзерот не му е Корг), гитара и бас. Се пее НОН-СТОП, пауза нема, од некаде 11-12 до фајронт, а фајронт знае да биде и 7 сабајле, пејачките или напоредно се менуваат или заедно пеат а дури и сајзеристот често ги менува како пејач на оние машките песни. Пејачките кружат од маса на маса, фрчат 500-ки и 1000-ки по чело а ако ти е поголем и меѓу цицки, повеќе се меѓу публиката отколку на сцената. Исцрпувачко темпо-Свака им част. На бината на шипките една или повеќе танчерки уште помлади и уште побригадливо накај поармиски облечени од пејачките предизвикуваат интензивни мечти и ги стоплуваат срцата на бучук лејките без врат.
Рајата е well народни луѓе но искрени. Ако им е до гушкање ќе те гушкаат ако им е до акање флаша во глава ќе ти акнат флаша во глава. Не можеш да ги обвиниш за лицемерие. Мажите се главно мускулести, тетовирани често и ќелави, репер на Пинки и Шваба од Ране облечени во тесни устело маички со л'штливи накити по рацете, вратот и прстите. Има и оципелена верзија на првите во одела и кондури кои сакаат но не успеваат да се искамуфлираат моментот дека не се како првиве. Бидете Многу внимателни, фитиљот им е краток, оружјето и топло и ладно, мислењето го оставиле кај Декарт а го задржале постоењето, примитивистичките им инстинкти изоштрени како мачот на Том Круз у Задњиот Самурај а физичката надмоќ во 90% од случаеви поголема од вашата која мусклулативно ја користите само за куцање по тастатура. Нормално кога сум во Рим станувам Римјанин, откопчувам кошула до пола, дигам раце во вис и се уклопувам во средина. Ако тие потези и моите нескриени симпатии кон турбо фолкот, биртиите и таа атмосфера ме прават сељак, ондак so be it.
Жените се горе долу како бугарки матурантки. Танги, штикли, деколтиња, бланширани коси, пудри, тапирани глави. Се мислам дали на тие од темата саписосексуалност ако им се однесе една ваква дали нема уште во гаќи да свршат. Мозок многу-многу не но сепак, секој си има функција на ова парче земја некои се пилоти, некои ковачи, некои амбасадори а други агенти за осигурување. Без нив сликата не е комплетна.
Излишно е да кажам дека атмосферата е лудница. Секако нема да ти биде лудница ако слушаш некои геј пост панк бендови од 80тите кои текстуално немаат некој поголем квалитет од тоа што вие го слушате. Ако текстовите на Смитс се преведат на српски лесно ќе се установи дека Аца Лукас за Морисеј е Пабло Неруда. Но во Деспина се е во воздух. Имам еден другар кој соработува со кинези кои се на привремене престој тука. Тие од се што виделе најубаво им било во биртијашењето.

Опатија-Има многу цркви и манастири а само еден е Соборен Храм. Така и јас ја викав Опатија-Храмот (The temple). Да пишувам за Опатија меѓу биртиите е како да пишувам за Пинк Флојд во рокенрол музиката. Лоцирана во центарот на Скопје, на самиот кеј на Вардар непосредно до градскиот стадион, Опатија беше село во град. Зозе Мургоски во преводот на кафана треба под зборот да стави слики од Опатија. Морам да се задржам тука малце поопширно, затоа што сакам споменот за Опатија да остане, бидејќи на жалост и кафаните и биртиите се во фаза на изумирање а Опатија беше барем за мене најтипичната и најдобрата. Значи прво кога влегуваш во Опатија ја имаш истата реакција кога Тарентино и Клуни влагаат во Тити Твистер во култниот филм Од самрак до Зори. Жени качени на маса, столици и тањири летаат на сите страни, на една маса седат полицајци во униформа и пиштоли, две маси понатаму локални мафијаши исто така со пиштоли се гледаат меѓу себе и не се закачаат дојдени се за пиење. На сцената не еден туку два синтисајзера марка КОРГ плус тапани, кларинет, гитара и бас. Од тогаш јас не признавам фолк сајзерист или биртија каде што сајзерот не е марка КОРГ. Келнерите, спори и стари, ракијата-медицинска од онаа што ти го мачкаат гзот во амбуланта пред да ти удрат инекција, патлиџанот во шопската фатил брчки од исушеност. Собрани средновечни тетки со стомаците и свадбарките (попадната кожа под бицепсот/лактот што се тресе како вреќа кога тетката игра на свадба) со шампањско во метална кофа со мраз на сред маса слават нешто облечени во лштави лампион како на Тошо малерот оделото фустани со трекол... море квадроколте и сукња без комплекс што го открива петослојниот целулит, слават и шмекаат млади како да се матурантки и гајле немаат. Внатре сложно оро играат ѓуптин до наш, до шќиптар , до влав до 70 годишен старец што слави свадба на внуката, до брк каков што немал ни Ристо Шишков во екранизираната верзија на Табакерата, до 17 годишно крцкалче со извадени боски трилитарки, до случајно залутани часни цури кои демек не оти они сакале него од роденден славеникот инсистирал. Столиците пред распаѓање, стаклото од вратите менувано секоја втора вечер па секогаш беше чисто, дупки на чаршафот од цигари. Значи врз масата прво е поставен црвен ако смеам да го наречам чаршав со реси а врз него не по маса него како баклава со темето на средина помеѓу отсечките е поставен чаршафот оној белиот

Певаљката мрсна и средновечна оркестарот професинален и на ниво. Опатија редовно беше на црните хроники и вестите поради престрелки со огнени и убоди со ладни оружја. Пред 5-6 години Македонска Куќа онаа од Кале ја купи и сега Опатија и целата нејзина легендарност заминаа во историјата.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Те НЕМАТ тебе тука, ова можит да е генерична слика од нет. Да приложиш како си сликан со Жика (чим си од Охрид не треба да ти објаснувам на кој Жика мислам) или евентуално со газдата од Арена, оној со репчето а горе ќељав.
Имам и неколку видеа за доказ :D Тој е Џепарот, баш така го опишале скопјани кога го пријавувале в полиција ќељав со репче :pos:
Слика со Жика тешко јбг не сум модел/старлета на 20-25 годишна возраст, ама се имам дружено и стојам добро со син му негов и од џепарот (моја мала се) па ако се прифаќа со нив.

Имаш право ептен забегавме оф топик нека се префрли дискусијава во соодветна тема.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.175
Поени од реакции
8.255
Па добро е вака у црно бело техника ке испага како Дензел да се исунчал малкуцка да не го познаат дека е негро
 
Kajgana Shop

На врв Bottom