- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
Сеа ме разврза у сериозните муабети, одамна го неам дрвено, али поврзано со темава. Во посериозна нота за муабетов. Ова важи за секоја уметничка форма, било литература, филм, музика или било што.
Едноставните уметнички форми што се пишуваат по рецепта се супер. Нема ништо погрешно у нив и ја никад не сум ги судел. Иам изглеано/ислушано/прочитано мал милион забавни и „евтини“ работи. Али каде лежи вредноста у „добрата“ уметност? Таа е навидум досадна, ама не е интринзично досадна, туку е можеби најинтересна од све ако ја разбираш. Досадно ни е сѐ што не разбираме, умот го трга вниманието бидејќи не регистрира значење и го доживуваме како досадно. Некој што е навлезен у кодирање дрка на кодови пошо разбира што се дешава и го глеа јакото у тоа. На многумина тоа им е најдосадното нешто у свет. Да ја земеме музиката ко пример (со Шабан и оркестарот). Да речеме дека почнуеш да свириш инструмент и се упознаваш со основните правила на музичка теорија. Глеаш молски и дурски скали. Тие се така дизајнирани, не дизајнирани, откриени, што као формула кликаат кај секој. У природата на луѓето е да се осеќаат добро кога слушаат песни со прогресија на акорди у тие скали. И свириш 20-30 песни што се кечи. Супер се, убави се, ама после некое време ти скурчуе од истата „мелодичност“. Фаќаш подлабоко да проучуеш теорија и сакаш да знаеш зошто елитистиве трзаат на џез или класика. И као што проучуеш, навлегуваш у интрикантни детали на музичката форма, односно хармонија, мелодија, ритам, строфи итн. И зборувајќи со стручњаци, проучувајќи, гледајќи ја нивната перспектива, решаваш да го слушаш Ерик Сати. Приметуеш дека и он ги запазуе тие работи што си ги научил, на уште позаебано ниво. Убацуе некоја намалена тријада со седмица каде не треба да стои, ама звучи фраерски. Ствара тензија и после ја разрешуе тензијата. И си викаш, супер, типов е генијален, го контам до некаде, ама не скроз. И лонг стори шорт, после долго време проучување музичка форма, конташ дека мадафакерите што свират добар џез прават некои маестрални ствари кои не само што веќе не ти се досадни, туку ти се прејаки. Ги преслушуеш по 100 пати и откриваш нови финеси, јаки детали, музичката структура ти делуе ко топка што вибрира со тристо иљади особини на динамичност, енергија, ова она, глеаш дека овие си играат со тоа на некое префинето ниво и почнуеш да уживаш, дури и ти е прејако. Си морал да вложиш огромен напор за да стигнеш до фазата у која спонтано уживаш у џез. Наеднаш осеќаш дека ти се раѓаат нови естетски чувства што никад не си ги осетил и музиката ти задоволуе некаков глад што веќе не ти го даваат едноставниве форми. После слушаш некоја песна од Тоше и ти е репетитивна, досадна, истата формула. Ти се навикнало увото на таа елеганција, комплексност, што и да е, сеа Е А Б акорди ти се толку мех... Ти изглеа премногу евитно откако си просведочил ненормални композиции што ти будат такви чувства. Идејата е дека во секоја форма, не само музика, откако ќе решиш да навлезеш подлабоко, глеаш дека такви ко Бергман, Тарковски и слично, предизвикуваат елегантни чувства и Зек Снајдер почнуе да ти стануе срање. Достоевски така си игра со формалните елементи што ти буди некои заебани чувства, а пред сѐ ти е јак пошо сфаќаш и што праи. После више не те задоволуе нешо лабаво пошо не те храни и не добиваш ништо од тоа.
Грешката е ако станеш елитист. Елитистите не можат да сфатат како другиве што не навлегле до толку ко нив, не ја гледаат генијалноста у семиотика на ликови, не дркаат на тоа што авторот решил да ги замени субјектот и објектот, ама го задржал адресантот у некоја психолошка тријада и такви срања. Стануваат нердови што комуницираат на нердовски јазик и изолирани од останатиот дел од светот што можеби не сака така да глеа на уметноста ко нив. Стануваат Шелдон. Ми се дешавало и на мене, се вика илузија на лажен консензус. Очекуеш секој да „ги сака/согледа“ работите што ти ги согледуваш, секој да го интересира. Ако на тебе ти е јако, на сите треба да им биде јако. И нормално е тоа, сите сме тригер хепи за ствари што ни се свиѓаат. А и ја не сакам некои работи во кои луѓе уживаат пошто навлегле. Не ми биле приоритет. На пример ја не сум глеал фудбал и порано ми бил убер досаден (само ко мал гледав/играв). Еден краток период решив да навлезам у формации, ово, оно и да глеам фудбал со другари што пратат. И кога почнав да глеам колку заебанции има, почна да ми стануе интересно. Порано ми бил срање, после кога сум почнал да го учам, ми станал јак. Само шо ради обврски и силом прилике, не продужив активно да пратам. Нејсе.
Ја иам другари елитисти со кои се понашам ко шабан пошо тоа им преминуе у его-трип, мислат дека само пошо се навлезени у филмска форма/музичка форма/итн. дека контаат све и се интринзично подобри од другите. Е сеа, има една друга форма на елитисти што не сфаќаат квалитет, туку станале елитисти ради социјални околности. У друштво се гледа Тарковски, ерго Тарковски е супер. Шабан Шаулиќ е кич, Крафтверк е 10/10. Сум сведочел ситуации у кои некој пушта песна и чека дали другите ќе ја сакаат или ќе ја осудат ко кич. Ако не ја сакаат, доживуе тешки мелодрами, кршење на самодоверба, оувертхинкање за своите постапки у животот и тристо други срања. Тоа е више патолошко. Тие луѓе некад не ни уживаат у музика/филм, туку се цело време на штрец и самопреиспитување дали имаат добар вкус. Тоа е одвратно. Небаре ако слушне песна од Тоше у кафич ќе оглупе ако му се допадне. Ова не се ни заебавам, језиво е. Иам другар таков. И тоа е за на психијатар. Пошо има ненормално генијална уметност у ствари што се забавни и на кои трза публиката. Не мора да е комплицирано и/или немелодично за да е добро. И луѓе што го знаат тоа, бегаат од тие класификации што поише се его-трип него евалуација на уметност. Тарантино е забавен и е генијален, композициски, секако, да не навлагам. Пинк Флојд се многу мелодичен бенд, а се супер. Шабан, патем, со све Шемса, Синан и остала банда творат ненормално добра музика. Елитистичките постпанкери ќе го серат тоа ко кич (освен Ѓорѓи од 103 што поштуе Шабан и Шемса), ама тоа е ненормално добра музика, а плус гаѓа. И тоа ми требаше време да го сконтам иако ко копиљ ја слушав од Мерлин до Цеца. Па и сеа не ми сметаат. Така што може да е забавно за сите, а сепак многу добро. И секој треба да ужива во што сака, без да суди. Али честопати сакам, нешто што е многу субјективно, луѓето што гледаат некаква уметност, да речеме филм у случајов, да почнат да навлагаат у теорија на филм и други ствари, па да ги видат работите што ја сум ги видел за да разберат зошто Х е премногу добро. Дека откако би навлегле у тоа, ќе имаат огромна сатисфакција од филмови што сеа им се досадни бидејќи не знаат некои ствари што доколку би ги знаеле, би ги глеале истите филмови со други очи. Но тоа не значи дека секој треба да го праи тоа, само што човек тешко искача од својата глава и проекции. Нема зошо сите да сакаат да го прават тоа.
Ти знаеш ли, дечко, дека пред 20 години (ко копиљ) јас сум ја просведочил Жаки на брод у Претор? И дека сум ѝ стаил 100 денари у цицки на танчарката што играше додека Жаки развалуеше? Иам и слика, ќе ја најдам и ќе ти ја пратам како доказ.П.С. Жаки е на жалост пензионирана од музиката, последна информација е дека работи како обезбедување на СГС во Сити Мол.
Само не на форум, Бијонс има најмено хакери.
Последно уредено: