Биртии

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Не ја нарекувам јас биртија, биртија и беше со најдобра скара во цел град. Требало да го продолжите занаетот.
Добро кој како го сфаќа зборот биртија.Гледам твоите критериуми некако не ми одговараат за тука ама тоа си е твое мислење.
Бидна што бидна можеби во иднина некој ќе покаже заинтересираност.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Сум ја подизоставил темата но како компензација се враќам со една култна биртија. Местото е топ оф д топ, по мене the ultimate најбиртија во Скопје и шире моментално. Омиленото место за искачање на секој од Кучково до Кучевиште и од Црешово до Соње.
И не признавам некој да ми се прави сељак а да не бил ниту еднаш во

НОЌЕН КЛУБ (БАР) ДЕСПИНA



Но што го прави ова место толку посебно чим јас како ненадмашлив авторитет на оваа тема го ставам на пиедестал меѓу толкуте многу во Скопје и Скопско?

За почеток на гугл пишете клуб Дeспина на кирилица и погледнете ги резултатите. Односно ќе бидам добар и ќе го направам тоа место вас
http://www.google.com/#q=клуб+деспина&ei=lr-tUcvpEM_EtAbJ_4CwDw&start=0&sa=N&bav=on.2,or.r_qf.&bvm=bv.47244034,d.Yms&fp=371c40299b906e21&biw=1280&bih=629

Во Деспина постојат мали и незначителни но сепак шанси да се збогувате со овоземскиот живот. Еден пееесет коефициент да го јадете до болница ни крив ни должен. Ноќен клуб Шкорпион-Волково, клуб Рицар-Лисиче, па и Сити во Беверли се само пусифицирана форма на тестостеронската моќ што излегува од тоа место.

Откога веќе ја добивте од Гугл преставата за месотото да продолжиме со деталите.

Подобра локација за местото не може да има. Населба Мичурин е позната по биртијашката префинетост и софистицираност на нејзините жители. Само една уличка води до клубот, изгледа како на филм во сред град некое запуштено патче што води до местото каде што се договараат матни зделки. И градбата е таква, изгледа како модфицирана и фасадирана бордо верзија на стар хангар што кога ќе влезеш внатре очекуваш некоја сцена од Резервоар Догс. Со право еден другар ќе даде една легендарна изјава-Брат јас патот до Деспина го погаѓам само кога сум пијан. Пред влезот има направено тенда од плексиглас а пред неа два брендирани столба во знакот на разбира се-Џани Вакер. Интересното е што прво се влегува во една мала по градба но голема по значење импровизирана налик монтажна барака која како да служи како тампон зона помеѓу надворешниот, обичниот свет и внатрешниот, помеѓу иницираните и профаните, како тунелот во Демир Капија кој дели 2 временски зони и пројдеш ли кроз него од пролет инстантно преоѓаш во касна есен (Демир Капиџии и околина ќе ме разберат) иако таа барака е едвај дали 5 квадратни места. Таа барака го амортизира културолошкиот шок и ве припрема за она што ве чека внатре. Но пред да влезете во бараката на влезната врата стојат 4 известувања залепени на истата. Ги читам и се прашувам што би рекле големите мајстори на апсурдот: Кафка, Ками, Семјуел Бекет на тоа, и дали кога би го виделе момците од Монти Пајтон тоа би признале дека некој ги надминал во сатирата.
На првиот знак стои бројот од Државен Пазарен Инспекторат.
На вториот знак стои-Забрането пушење.
На третиот знак стои работното време.
На четвртиот заборавив што стои но не беше ништо помалку битно.

Влегуваш внатре во бараката. Во неа има еден шанк кој личи на импровизиран штанд а позади истиот на ѕидот има екран поделен на повеќе делови каде што се прикажуваат снимките од разните камери внатре. Тој екран е како онаа законска обврска на цигарите-Пушењете е штетно по здравјето. Кажува-Тражили сте гледајте и улевајте на сопствен ризик.
Импровизираната барака е споена со ''хангарот'' со врата. Кога ја отварате таа врата веќе е point of no return. Слика од досегашниот опис.



После втората врата Бекет е позади мене, оставен на прагот да си ги брои брчките. Не сме дојдени тука да филозофираме туку да го извадиме исконското сељачко во нас, оној дел кој скоро секој од нас го има но ретко кој сака да го признае и прегрне.
Деспина е поделена на три дела.
Првиот дел и најударниот дел е веднаш кога се влегува. Во овој прв дел одма од вратата лево е бината малку издигната со црно знаме на ѕидот на кој пишува-Клуб Деспина. На бината се кренати две шипки од подот до таванот. Освен бината во првиот дел се ставени и коњопои со тук-там по некое шанкерско столче што е и нормално, во Деспина не се оди за да седиш.
Вториот дел се граничи со првиот и се наоѓа право од влезот. Оделен е со издигната платформа и скали. Поради таа издигнатост делува како балкон во однос на првиот дел и има поставено ограда на работ што гледа надолу према ќецот. И тука се поставени коњопои од скалите лево затоа што на вториот дел по скалите влегувате од неговата скоро крајно десна страна. Десно е единствено шанкот.
Третиот дел е десно од првиот и е исто така благо издигнат како на платформа. Тој дел се рачуна како најелитниот, тука обично има сепариња и ВИП гости, односно тепачи пред кои сите се тргаат на страна. Сите три дела се налик на кругови кои се допираат меѓусебно при што ќецот е најдолниот дел двојката е горниот лево а тројката горниот десно. Онаму каде што се допираат двојката и тројката е шанкот.

Внатрешниот дел е приказна за себе. Во ќецот е гол под, додека двојката и тројката се со ефтин тепих како оној од првата слика пред влезот оние стандадрните сиви. Коњопоите се излитени и истругани. Внатре доминираат две бои: бела и бордо. На плафонот има вградени плафоњерки некои ги викаат и мини рефлекторчиња кои се чести кај шанковите. За да не биде монотоно и на плафонот и на ѕидовите има правено сводови, кружни форми, фрагменти од демек тули и останати орнаменти и геометриски фигури, а во кецот во самиот ѕид има дури вргадено статуа од некоја мешана форма Милоска Венера, Менада, Атена Палада и уште неколку. Се е се разбира во бордо-бела верзија. Слики од досегашните описи (чаша ракија добива оној кој ќе ја најде статуата во ѕидот):

















Доста беше за формата, да преминеме на суштината. Во овој пост http://forum.kajgana.com/threads/Биртии.63174/page-12#post-5557439 зборувавме за хибридизацијата, амфибијзацијата и аморфизацијата на биртиите и како Окарина е биртија од хибриден тип.
Таква амфибијзација доживеа и Деспина.
Пред скоро деценија отприлика кога прв пат беше отворена, Деспина функционираше како класична биртија со маси и столици. На почетокот имаше многу строга политика која во полабава верзија ја задржаа и денес, не пуштаа секого и имаше дресинг код. Не си во кондури и кошула, нема да влезеш. Тоа што внатре трешти Раџај Синове од Џеј кое по логика на нештата нема апсолутно никаква смисла и не ти дава никакво право да тераш селекција на гости според било кој критериум е апсолутно занемарливо. Мислите ли дека вратарите во клубот кои поради специфичноста на задачата и реномето на местото се двојно понабилдани и поглупи од другите клегите во другите клубови сфаќаат што е апсурд, парадокс и да се чека Годо?

Амфибијзацијата се случи малку подоцна. Имено потребата на луѓето наложува бизнис креативност. Фолкерај и биртијашење имаше само во биртиите кои работеа до 12 на полноќ. Таман си дошол, си седнал си се запил и трепкаат светлата, а газдата прво културно а после и со повишен тон те брка од страв дека инспекторите не се запиени и запушени моментално во некој локал кај орките. И што си направил ти до 12? Ништо. После тоа изборот ти е да одиш на некое наркоманско рупци-дупци во Сектор и Колосеум или на некој маслосани рок издеравања во Маркана, Хавана каде што пичките не се куроповикателни, каде што музиката е одвратна, каде што не можеш ни асална тепачка да направиш, каде што од прва не ти успева да ебнеш нешто со Мерцедесот. Душата ти плаче за Брена, минич до пичка, кршење пепељара од нечива глава, дисплеј на твојата тазе змај тетоважа на рамо, фалтите и наборите на тилот. Сопствениците на Деспина го увидоа тој крик на толкуте напатени души и решија од тоа да направат бизнис. Како сијаличката над глава што им светнуваше на јунаците од руските комунистички цртани филмови тие си рекоа-А зошто да не биде биртија-ноќен клуб и би тоа. Од биртијата ги позајмија концептите на турбофолк музика, певаљка и бенд во живо, а од ноќните клубови осветлувањето со плафоњерки, диско топки, врхунската декорација, поставувањето на коњопои наместо маси и столици, исфрлувањето на менито за јадење и терање политика само со пиење како и поместувањето на работното време од самрак до зори и воаља добивате модел на биртија ноќен клуб-биртија. Но ако сепак мораме да пресечеме и ако изборот е сведен на џа или бу, во самата суштина Деспина е биртија, бидејќи биртијата не се дефинира преку надворешните карактеристики туку преку духовниот елемент то го носи со себе, како што беше тоа објаснето од моја страна пред некоја страна на темава.

Зборевме за физичките карактеристики на клубот, зборевме и за што е Деспина по текстбук дефиниција, дисекција и анатомија. Но како што и човекот е многу повеќе од клетки кои формираат ткива коие формираат организам, така ништо не сме направиле без да ја опишеме душата на Деспина и компонентите на таа душа т.е. народот, атмосферата, смислата на нејзиното постоење.
На веќе споменатата бина настапува бенд обавезно 2 певаљки, млади, згодни и заводливо море забригадливо облечени како и бенд составен од задолжително Корг синтисајзер (еднаш пишав-Не признавам турбо фолк сајзерист ако сајзерот не му е Корг), гитара и бас. Се пее НОН-СТОП, пауза нема, од некаде 11-12 до фајронт, а фајронт знае да биде и 7 сабајле, пејачките или напоредно се менуваат или заедно пеат а дури и сајзеристот често ги менува како пејач на оние машките песни. Пејачките кружат од маса на маса, фрчат 500-ки и 1000-ки по чело а ако ти е поголем и меѓу цицки, повеќе се меѓу публиката отколку на сцената. Исцрпувачко темпо-Свака им част. На бината на шипките една или повеќе танчерки уште помлади и уште побригадливо накај поармиски облечени од пејачките предизвикуваат интензивни мечти и ги стоплуваат срцата на бучук лејките без врат.
Рајата е well народни луѓе но искрени. Ако им е до гушкање ќе те гушкаат ако им е до акање флаша во глава ќе ти акнат флаша во глава. Не можеш да ги обвиниш за лицемерие. Мажите се главно мускулести, тетовирани често и ќелави, репер на Пинки и Шваба од Ране облечени во тесни устело маички со л'штливи накити по рацете, вратот и прстите. Има и оципелена верзија на првите во одела и кондури кои сакаат но не успеваат да се искамуфлираат моментот дека не се како првиве. Бидете Многу внимателни, фитиљот им е краток, оружјето и топло и ладно, мислењето го оставиле кај Декарт а го задржале постоењето, примитивистичките им инстинкти изоштрени како мачот на Том Круз у Задњиот Самурај а физичката надмоќ во 90% од случаеви поголема од вашата која мусклулативно ја користите само за куцање по тастатура. Нормално кога сум во Рим станувам Римјанин, откопчувам кошула до пола, дигам раце во вис и се уклопувам во средина. Ако тие потези и моите нескриени симпатии кон турбо фолкот, биртиите и таа атмосфера ме прават сељак, ондак so be it.
Жените се горе долу како бугарки матурантки. Танги, штикли, деколтиња, бланширани коси, пудри, тапирани глави. Се мислам дали на тие од темата саписосексуалност ако им се однесе една ваква дали нема уште во гаќи да свршат. Мозок многу-многу не но сепак, секој си има функција на ова парче земја некои се пилоти, некои ковачи, некои амбасадори а други агенти за осигурување. Без нив сликата не е комплетна.
Излишно е да кажам дека атмосферата е лудница. Секако нема да ти биде лудница ако слушаш некои геј пост панк бендови од 80тите кои текстуално немаат некој поголем квалитет од тоа што вие го слушате. Ако текстовите на Смитс се преведат на српски лесно ќе се установи дека Аца Лукас за Морисеј е Пабло Неруда. Но во Деспина се е во воздух. Имам еден другар кој соработува со кинези кои се на привремене престој тука. Тие од се што виделе најубаво им било во биртијашењето.

Додека во позадина се пее Ављије, Ављије на Зорица Брунслик не можам а да не си го прекршам заветот што го дадов на влезот и да не размислам малку. Што би рекол Јунг на ова а што Огист Конт? Зошто е сето ова што се случува тука? Дали е ова дното на човештвото како што атеобудистите сакаат да го претстават или нешто друго? Заклучувам дека ова е тоа-голата суштина на човештовото без маските, без облеките, без непотребните филозофии. На крајот на краиштата што се овие луѓе посетители на Деспина поразлични од оние што одат на концерт на Пи Џеј Харви? И фурдермор што е Пи Џеј Харви во суштина поразлична од Цеца, Шабан Шаулич од Ник Кејв, Миле Китич од Мајкл Џексон, Аца Лукас од Сид Барет? Да едниве се рокери, другите фолкери, едните имаат повисоко ај кју другите пониско, едните се перцепирани од масата како интелектуалци и прогресивци и другите како сељаци, едните имаат вокабулар и симфонија, другите прости зборови и нео-ориентална музика. Но да се запрашаме, дали не е сето тоа само гола форма? Во Love will tear us apart Џој Дивижн пејат за љубовта како дестриуктивна сила која раздвојува. Во Нешто против болова Лукас ја нагласува омразата како сила која може сепак да спои. Во Where the wild roses grow Ник Кејв ја потенцира кобната убавина која на крај води кон зло. Во Доказ и Лепотан, Цеца ни говори за истата таа убавина и надворешност кои контрастно носат уништување. Што е разликата? Разликата е стилот, екстериерот, софистицираноста, суптилноста, надворешните атрибути. Но сржта е иста. На крајот од денот Ник Кејв е несреќен од љубов. И Аца Лукас исто така. Тања Савич живее од спомените кои ќе бидат избришани и на крај ќе донесат само бол. Дијаманда Галас такоџе.
И тогаш го наоѓам одговорот на прашањето која е смислата на биртијата и зошто толку јас сакам да ја впијам. Затоа што често пати ти е доста од лицемерие, сакаш искреност макар и преку нечиво пцуење кон тебе. Некогаш не сакаш некои јадења кои на менито звучат француски а стигнуваат декорирани за сликање на инстаграм со баснословни цени. Некогаш сакаш ќебапи расфрлани во селско лепче со сол и кромид од пред коперациската скараџилница. Преку глава ти е од луѓето како напредна и моделирана форма од дипломатии, скриени агенди, софистицирани вокабулари, истакнати образованија, големи идеи, интелектуални дискурси, мршојадни дволичија. Сакаш само барем малку да ги посматраш а некогаш и да си дел со луѓето во нивната најсимплистичка, најгола, најнетупаџиска форма, само нуклеусот без декорациите. Да видиш што ги боли, што ги води, како функциноираат, зошто така прават, сакаш да ја дигнеш хаубата и да ги отштрафиш компонентите и да се препуштиш на чистата човекова есенција онаква кава што е, без финти и скриени тршоци. А тоа не можеш да го најдеш во Македонската Опера и Балет. Тоа можеш да го најдеш едиствено во Деспина.

Ноќта завршува и веќе не е ни изгрејсонце туку утро или поточно Јутро је, јутро је-Нада Топчагич. Деспина брои едвај дваесетмина внатре. Иако уште 6 пати ја свиреа вечерта, сајзеристот ја најавува повторно како последна песна за вечерта Лаку Ноч.
И баш истиот тој час додека попаметните од мене во тој момент го користат викендот и се чекаат на Кочо за да направат нешто корисно за своето тело и дух искачувајќи се на Водно, јас и моите промили се возикаме накај дома, додека во главата си викам Адиље, у право си да си ебеш тоа асли ѓуптинот. И неможе да постои во тој момент поубава песна на светот. До следниот пат. За душу сам те зашио, и дуго плашио, да те не изгубим...

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
У.п.м ова баше магистарски труд на тема биртии. Ми ствара желба да седнам у кола и од Кавадарци да се зацепан на гореопишаното место иако немам ни време ни пари за тоа. :unsure:
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Баш у неделата бев у Деспина :D Долго време слушав за тоа место, и се решивме да отидеме, и имаше што да се види :D
Сусаро све убаво детално објаснил, само заборавил еден ситен детал, дека машките после 3 саат нагоре се соблечени голи, а женските се без штикли качени по маси, по столчиња....
Ние влеговме негде накај 4 саат, внатре што да се види, не се знае кој пие, кој плаќа, гз преку преку гаќи беше. Фаците на мажиштата се у фазон „ќелавиот од Мичурин е тука, 1,2,3 спремен да пука“...
И ја прашувам келнерката, до колку саат работите, и ми вика, додека ќе пиете :D така да нема лимит, до кога има народ до тогаш се урла...
Искочивме негде накај 6ипо, и ако си натрескан повеќе од потребното, голема е веројатноста да те мавне некој шлог од сонцето (y) Тоа е тој шмек што го правело Деспина (y)

Али стварно е доживљај, искуство кое се памти, само ризикот е голем, јас мислам дека побезбедно би се чуствувал у сабота у 2 по полноќ на Дижонска, него ли у Деспина, четири очи треба да ти се отворени, од сегде демне опасност, и у секој момент чекаш да те чукне нешто по глава :D
Али вредеше :D
Ви препрачувам да отидете, 2 недели ќе има после за што да зборите и да се мочате од смеење :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ако не се биртииве, човек ќе нема каде за евтини пари да се издува.. :P
Не сум љубител и посетител на биртииве, но сепак мислам дека Деспина е една од најоригиналните биртии :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ако не се биртииве, човек ќе нема каде за евтини пари да се издува.. :P
Не сум љубител и посетител на биртииве, но сепак мислам дека Деспина е една од најоригиналните биртии :)
Си ебало мајката за Деспина, таму излагаат само "мафијаши" - скопски сељачиња.

Еве во кратки црти што е Деспина:

http://republika.mk/?p=87093

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=9293

http://star.press24.mk/story/despina/pukale-vo-obezbeduvanjeto-na-„despina“-bidejkji-gi-isfrlilo-nadvor

http://www.time.mk/read/572b9ab8a8/f2f3001547/index.html

http://www.plusinfo.mk/vest/59425/Pukanje-vo-skopskiot-restoran-Despina-

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB4CDF36313F684397A1D9C6F60F2DA1

Да не ги редам уште, има многу и што не се објавени по весници.

Стварно таа дупка треба да биде затворена.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Баш у неделата бев у Деспина :D Долго време слушав за тоа место, и се решивме да отидеме, и имаше што да се види :D
Сусаро све убаво детално објаснил, само заборавил еден ситен детал, дека машките после 3 саат нагоре се соблечени голи, а женските се без штикли качени по маси, по столчиња....
Ние влеговме негде накај 4 саат, внатре што да се види, не се знае кој пие, кој плаќа, гз преку преку гаќи беше. Фаците на мажиштата се у фазон „ќелавиот од Мичурин е тука, 1,2,3 спремен да пука“...
И ја прашувам келнерката, до колку саат работите, и ми вика, додека ќе пиете :D така да нема лимит, до кога има народ до тогаш се урла...
Искочивме негде накај 6ипо, и ако си натрескан повеќе од потребното, голема е веројатноста да те мавне некој шлог од сонцето (y) Тоа е тој шмек што го правело Деспина (y)

Али стварно е доживљај, искуство кое се памти, само ризикот е голем, јас мислам дека побезбедно би се чуствувал у сабота у 2 по полноќ на Дижонска, него ли у Деспина, четири очи треба да ти се отворени, од сегде демне опасност, и у секој момент чекаш да те чукне нешто по глава :D
Али вредеше :D
Ви препрачувам да отидете, 2 недели ќе има после за што да зборите и да се мочате од смеење :)
абе за смеење топ али јас коа бев минатиот пат ( и никад више) пола саат откако сме искочиле утрето на вести пукотници... криминал ипол Ванила гомна да јаде
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ја сефтосав сега саботава што пројде така да имам тазе импресии. Не е биртија, кафанче е, на рангот со комшиската Злате, Дане, Ганза, тој фазон на така да ги наречам-пристојни кафанчиња со средни накај благовисочки цени каде што обично одиш со друштво и се заседнуваш. Не е биртија, не е луксузен ресторан ала Воденица, не е лаунџ бар во модерен стил туку баш класично кафанче, лустерите се во форма на тркала од кочија, има везено народни черги, ѕидот дел има цигли, исто така поставени се тук там по полиците бардаци, фенери, носии има и импровизиран камин односно да се асоцира на старо време. Со други зборови класична авериџ де жаву кафана какви што ги врие низ Скопје веќе спомнатата Ганза, на времето Папу, Читална, Чамо, Перо, Идадија. Не е многу голема, и тој малку простор ми беше некако визуелно чуден не ми ја дава баш таа релакс атмосфера што ја барам во кафана. Дали беше до плочките, поставеноста на масите, малиот простор или се заедно не знам. Далеку е од лошо, доста пристојно е ама ми нема топлина. Цени не знам оти други плаќаа, ама со голема веројатност можам да претпоставам дека се слични на оние Кај Злате затоа што ем се конкуренција ем се врата до врата, па ваљда не е газдата глуп на два така слични концепти да става повисоки цени. Значи средни.

Е сега музиката. Јас во суштина бев викнат како консултант дали хармоникашот што свиреше таа вечер да биде викнат да свири на свадба. Тоа не ме зачуди оти јас сум си сељак и ова е 4ти или 5ти пат каде младоженци ме викаат во кафана кај што свирел некој бенд па јас како стручен консултант да предолжам дали да им свират на свадба. Луѓе мои, хармоникашот ја везеше хармониката како рендање сирење за шопска. Такво работење на хармоника сум видел само три пати. Бог да го прости покојниот ми роднина Ѓорѓе, Горан Алачки и малиов. Татко му беше на кларинет а уште еден тип на гитара. Значи трио. За 5 минтуи ми пројде мрчаторската фаца од ладноста на просторот. Малиов е ремек дело, јас најодговорно тврдам дека ретко сум видел не само толку добар хармоникаш туку уопште музичар кој е до толку добар со својот инструмент. Одеа Ово је моја куча, Милацка, Муштулук, Мој Дилбере па после пребација на Македонски ама подзаборавени Тинке Катинке, Дојди ми Лено на перниче бело, Чудна жена беше Вера и уште еден куп, дечкиве буквално не застанаа. На едната маса имаше некои по јазикот или Словенци Чеси, Словаци или Полјаци ги мешам тие три јазика па дури и они од традиционалното Лрч од фамилијата Адамс расположение почна да викаат, да плескаат со рацете. Топ, топ атмосфера штета што бев многу трезен. Ако резервираш таму сабота прашај дали вечерта ќе биде Војче хармоникашот и ако ти кажат да, ич не му ја мисли. Сабота чалгии, ама баш чалгии во традиционалната смисла на зборот не сум сигурен кај има. На времето имаше во винарија Темов и тоа баш Сабота. А ваму топ, тенк беше. Штета само што нема многу маси па да се добие на поголема атмосфера оти колку повеќе луѓе има што пејат и се веселат толку и подобар амбиент се ствара. Кажав за цените не знам ама за се друго вреди да се отиде макар и само еднаш ради дегустирање на местото.
Кафанчето е супер, цените нормални а храната вкусна и обемна. Убаво музиче има, убав народ. Топло препорачувам на оние кои се љубители на убава храна, вкусно мезе и добра музика.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.899
Поени од реакции
25.225
Препорачајте некоја хард кор биртија, да има певаљка и да биде некаде помеѓу Велес и Скопје.
Фала!

П.С. По можност да не добиеме гратис тровање.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Препорачајте некоја хард кор биртија, да има певаљка и да биде некаде помеѓу Велес и Скопје.
Фала!

П.С. По можност да не добиеме гратис тровање.
Смени правецо, заврти носо источно, после Шчип, ела навам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom