Локалните трговски центри се идеја која припаѓа на 80тите и 90тите години. Во Скопје, прв ваков ТЦ беше стариот во Капиштец и многу брзо после него ТЦ Буњаковец. Ги градеа градежните фирми, кои беа веќе во залез, како Маврово, Гранит, Бетон. Истите требаа да задоволат некое локално снабдување, а не цел град да оди во нив. Бисер е трговски од тој калибар и тој го јаде стапот по истиот терк како и другите - нема асална заедница/здружение на сопственици на локали, притоа плаќаат некои ситни режиски трошоци за одржување, времето ги јаде објектите, кои веќе и како архитектура се застарени и дури ни тогаш кога се градеа не беа атрактивни, локалите често се минијатурни, тесни и колку да сме затуцани економски, не ни се оди по такви места.
Од друга страна, овие такозвани молови ангажираат служби за хигиена, обезбедување, лифтови, ескалатори, па може и да се каже некаков ред во рекламирање, организираат настани и нормално дека се поинтересни. Ќе биде интересно што ќе се случува со Сити мол. Добар дел од дуќаните се на граница на рентабилност. Корона кризата дополнително искомпликува. Од ова што го пишувате (не сум бил и немам намера скоро да одам), ако понудата е многу слична со таа во СМ, кој qрац да се пикам у гужви и да плаќам уште поскапо поради некаква си "атрактивност на просторот" или како некаква си новина во градот.
Го имам шетано Dubai mall, мислам дека по површина е најголем во светот - тоа е врвен нонсенс. Да, ги има најатрактивните (ебени) брендови, покрај кои набиваш километража (99,9999% од посетителите) за пак да отидеш до продавницата во која ете имаш пари нешто да купиш, ама истото го плаќаш поскапо од некое продавниче во Деира само затоа што си под Бурџ Калифа и до таа продавница се продава злато и белгиски дијаманти - голем стап. Најбезвезна форма на конзумеризам. Се' што се случува со молов е обратнопропорционално на потребите, можностите и капацитетот и на градот и на луѓето у него.