"Ругање со Христос"
Вчера Шонче прослави мал јубилеј од 100 изгледани македонски играни долгометражни филмови и тоа на големиот екран во затемнета сала после 2 години пауза од кино.
100 од 110 филмови што имале премиера и не е лоша бројка. Лошото е што прославив со лош филм. Реализација на ниво на приказните што ги снимаат Канал 5 и Алфа.
И тоа се благи зборови за тоа што го гледав.
Два и пол саати филм без замисла и идеја. Убеден сум да се изберат 5 студенти на режија од ФДУ и да им се даде одреден рок да напишат сценарио, сигурно 4/5 би имале подобро сценарио од ова што го гледав.
Главниов лик за малку не удира девојка со кола, ја носи дома зашто цурава имаше крв на нос, и после она поаѓа со него на патешествие низ Грција и Македонија и овој ја запознава со негови роднини. Сериозно?
Онака запознаваш личност и утре ја носиш сегде со тебе ко да се знаете со години.
Мешање Егејци и Шипци, брак и прељуба, лезбејки и нивно конвертирање у стрејт цури, религија, Грци... мизерни реплики во 99% од филмот.
Глума? Зар имаше глума во филмот?!
Со оглед на лошото сценарио и реплики, не може многу да се очекува од глумата.
Сцена кај што Гркинкава му раскажува нешто тажно на Упа и овој наместо да направи тажна фаца, прави некоја изненадена фаца.
Јоана и Мето што се стари волци изиграа нешто, другиве од лош полош.
Музика неадекватна. Прв пат гледам свадба кај што свират Ако умрам ил загинам, а на погреб свиреа некој разигран чочек.
Не треба да се лутат шипците, треба Македонците да се лутат што така болни настани од историјата ко убиството на кошаркарскиот терен и мачењето на градежните работници се прикажани во вака лош филм без поента. А политичките структури што сакаа цензура на филмов само му кренаа популарност и повеќе луѓе слушнаа за него отколку да го пуштеа да изигра во кино. Убеден сум дека без тие галами што ги створија дали 20 луѓе ќе го видеа филмов.
Вака непотребно создадоа мит околу Бојаџи и самиот ќе го користи тоа дека направил филм што е цензуриран и сега не му даваат поддршка ради тој филм.
Треба да си опериран од вкус за да ти се допадне филмов. Оцена 1/10. Еден од најлошите филмови што некогаш сум ги гледал.