Ги примив сите потребни вакцини до мојата 15та година, така дадов и саможртва и свој придонес кон искоренување на многу болештини. Сега не знам што сакате повеќе од мене!?
Covidот и сезонските грипчиња не се опасни за да ме кутнат во послела мека бела и на неа лиду ду ти и јас...
И да паднам, мислиш на системот му е грижа? Не бе Ронче. Јас и ти сме само статистика за нив, црна или бела, успех или неуспех. И така никој не одговара за неуспесите. Па затоа ќе си го тестирам имуниот систем, ако нешто бидне, ќе биде памет за во иднина.
Гледам мерките ќе останеле на сила се додека немаме 70-80% имунизирано население! Па се мислам дали да фатам патот и да се вратам за 5-10 години кога ќе ја зацртате таа цел и ќе се ослободите од сите мерки. До кај стигнавме, ни 40% од целокупното население со една доза! На пола пат сме. Ќе биде. Со многу верба, ќе биде.
секаде е исто дамби, нема антиваксерски рај никаде на светов. Освен во некои држави од третиот свет, а верувам дека не сакаш да одиш таму.