Многу едноставна тема. Училишната година почнува во среда, за жал сега под посебни околности и чудни правила и протоколи, но да се потсетиме како беше во училишните клупи кога немаше Covid. Ги бираме 30 најдобри филмови за училиштата, за учениците, за студентите, за школувањето воопшто. Се што во најголем дел се случува во училишните клупи, без разлика дали е во градинка, основно, средно школо или на факултет, може да влезе тука, без разлика дали е краток филм, игран филм, анимиран филм или документарен филм. Далеку поедноставно од претходната тема, а?
Гласаме до недела, 05.09.2021, 19:00 часот.
ВО УЧИЛИШТЕ

Правилата:
Или пократко:
Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови (може и повеќе, зашто ако нема доволно предложени, ќе бидат земени предвид и останатите после десеттиот) кои одговараат на описот од болдираниот текст погоре, кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите).
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од од било која држава, било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено додека е на тема УЧИЛИШТЕ.
@Anon , твоја тема. Само ако не ти проработела тиња меморијата!
Гласаме до недела, 05.09.2021, 19:00 часот.
ВО УЧИЛИШТЕ

Правилата:
-еднаш неделно ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.