Јуве без Роналдо значи дека лигата е сега целосно отворена. Без разлика со кого ќе го заменат, нема во моментов ниту еден достапен играч за Јувентус, што може да се доближи до квалитетот на Роналдо. Тоа значи дека веќе нема изразит фаворит за Скудето. Интер е ослабен, Јувентус е играчки уште послаб од лани без Роналдо, а останатите воопшто не се засилија. Не би ме изненадило и некој ко Аталанта да игра за титула до крај.
Од оваа перспектива, страшно промашен трансфер е трансферот на Роналдо во Јувентус. Освен енормни трошоци, ништо продуктивно не видоа од него. Титулите што ги освоија, ќе ги освоеа и без него, бидејќи немаа конкуренција тие сезони. Спонзорите што ги донесе, ќе си отидат заедно со него. Плус ова посерување на имиџот на клубот со потезите од претходните неколку дена, е шлагот на тортата. Човекот се поздрави, си отиде од тренинг, си се качи на авион и си одлета од Италија, додека Јувентус уште му одредуваше цена.
Без разлика што воопшто не ми пречи што вакви бламови му се случуваат на Јувентус, трагично е каква моќ имаат играчите во денешниот фудбал. Па дури и за Роналдо и Меси да станува збор. Меси менуваше претседатели на клубот, а Роналдо си оди од клуб-фудбалски гигант, со кој има договор, како да се отпишува од теретана.
Ова е лошо и за лигата. Не остана ѕвезда во лигава, што може да привлече публика. Најголеми ѕвезди кои останаа во Серие А, се недокажани играчи како Лаутаро и Киеза и полураспаднат Ибрахимовиќ.