Каква лојалност бе, егото им е поголемо од сите клубови за кои настапувале комбинирани во едно.
Иако до пред некоја година важеше муабетот дека Роналдо е шминкер, педерче и его-манијак... Мислам дека Меси го шие на тој план и дефинитивно е гадно типче, таков накурчен, тивко исфрустриран лик (овие се најгадни уствари во секоја смисла). Пиче што иде на сигурно. Роналдо смени 3 тима, еве на повидок е и 4. Ценам лојалност, ама ако веќе се компарираме, пробај се и во некоја друга КОМПЕТИТИВНА лига како ПЛ или Серие А (од лани пак се врати на компетитвни патеки таљанското). Иако веќе и лојалноста одамна е небитен параметар во фудбалот.
Мада држи вода и на Кукоч муабетот за Џордан (двајцата ги сметам дека се фудбалските Џордани). Ќе го цитирам - "Со оглед на тоа колку беше ѕвер Мајкл, можеше да биде и уште по-арогантен и по-бахат". Истото важи и за Роналдо и за Меси.
Дури и да отиде во Сити манекенот, да направи таков гнасен потег, за мене Роналдо > Меси. Повеќе ЛШ (+1) и поголем подвиг со освајање ЕП со Португалија, титула која тежи многу повеќе од онаа на Меси од ова лето. Да не идам ултра во детали, ама 2006та ЛШ сезоната, Лео беше резерва, иако ете, и таа му се брои, и не смее да се смета помалку вредна во никој случај.
Свесен е дека му фали 1 титула во ЛШ за да се изедначи со Роналдо, и тоа има удел во целава приказна. А португалсково шминкерче т.е неговото его, мора да реагира.
Им останаа уште малце сезони и секоја изгубена може да ги кошта многу. Фудбалот се сведе на борба меѓу две егоцентрични особи. Нешто налик сценарио Леброн/Коби/Џордан компарациите, само што они играа во различни декади и ери на баскет.
Во таква констелација и поставеност на работите, искрено можам да го разберам Роналдо што ќе фати пат назад во Манчестер.
Фудбалот веќе одамна е НБА-изиран, мислам дека не ни мора да дојдат Амери и да креираат Супер Лига за да тоа се оствари, кога веќе тоа активно се случува последниве 10 години. Бројките што Меси ги генерираше на секој план при неговата преселба во ПСЖ, тоа само го докажуваат.