Изгледа пак ќе биде неизвесна борба за место во ЛШ, иако сега очекувам помала разлика помеѓу првиот и четвртиот, што значи и понеизвесна борба за прво место.
Не знам обложувалниците кого го сметаат за фаворит, но ако се земе составот на тимовите и резултатите изминативе две сезони, веројатно овака нешто би било:
Фаворити секако се Јуве и Интер. Јуве би ги ставил и за први фаворити. Аталанта за која веќе неколку сезони чекаме да падне е трет фаворит. Имаат систем кој дава резултати, веќе имаат искуство со играње ЛШ и италијанско.
Е сега тука настанува поголема гужва. Наполи би требало да има мала предност пред другите. Милан изгуби двајца првотимци, а еден уште не е заменет, што ги прави послаби од лани. А Лацио и Рома се енигма со новите тренери, но по состав, не се меѓу првите 4.
А моето мислење кој ќе биде подобар или полош од очекувањата ќе го пишам кога ќе заврши трансфер рокот.
Горе доле се сложувам, ете со Аталанта човек никогаш не знае на што е, веќе 2-3 сезони им предвидуваме пад, но тие стандард си играат добро.
Точно дека Интер и Јуве одскокнуваат, му давам на Јуве предност ради заминувањата на Конте,Лукаку, Хакими и несреќата со Ериксен(штета можеше да биде новиот СМС на Инзаги), а и ради заминувањето на Пирло и враќањето на сигурицата Алегри.
А ради тоа што очекувам Аталанта да падне(и оваа година
), во исти кош би ги ставил до Милан и Наполи. Дури од овие три екипи, на Наполи им давам предност, поготово со Спалети и што го задржаа тимот, со надеж Кулибали дека ќе им остане.
Милан на хартија искрено ми се послаб слаб тим во споредба со Аталанта и Наполи(што ги ставив у исти кош), Али ете лани фатија форма, зачудувачки многу јако изиграа. Уште се чудам како со играчи како Салемакерс,Ребич, Кастилехо, Леао, оној Хауге, Кјаер толку добро ја изиграа сезоната. Ете покрај Аталанта најголема енигма ќе ми се оваа година. Доколку продолжат како лани, може да бидат блиску и до Интер и Јуве, Али мислам дека потешко ќе биде за нив да продолжат со исти ритам како лани, поготово што изгубија двајца битни играчи, а и да не заборавиме дека сега ќе играат и ЛШ.
За Рома ме мрзи да пишувам, пишав се што фали на тимот во фан клубот, пишав дека на хартија не се за во топ 4 и дека единствена надеж гледам да им се случи 'Милан со Пиоли' и да ги погодат засилувањата што ги купија. Затоа ете си ме цитирал од фан клубот, ќе повторам, се крстам во Мурињо
За Лацио нема што да кажам, поарно да си ќутам, еве една слика ќе ставам
Рано е ипак, да видиме кој што ќе купи/продаде до крај на прегазен рок