Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
8.703
Сето тоа ќе овозможи опасно приближување на Рома до 6то место.
Играчки можеби не сме појачани многу, Али затоа како што вие се надевате со новиот тренер и истите играчи да направете исчекор 4 места во однос на претходната година, така и ние се надеваме на скок од 3-4 места, пошо нели и ние имаме нов, подобар тренер :P
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.018
Поени од реакции
84.697
Ако тргне низбрдо, му ја ебе мајката и прима 4 гола од Берарди на Сан Сиро.
Dude, 12 играчи му заминаа таа година на човекот, и јас да влезев ќе му дадев 4 комада на тој Милан :icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.416
Поени од реакции
58.389
и јас да влезев ќе му дадев 4 комада на тој Милан :icon_lol:
*се мачи да стане од кревет да оди до продавница, го боли кичмата... :D
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.102
Поени од реакции
17.931
Дрвењето и влијанието на медиумите и различниот однос кон Јувентус, најбоље се глеа по фактот, класично жабарски, дека Алегри упорно и упорно се претставува како СВЕТСКА КЛАСА тренер. И навивачиве го пијат тоа и го бладаат упорно.

Имав и во старата тема пишано. Неам намера и не ми е целта да му смалам на квалитет и значење, Алегри е топ тренер и сигурно моментално поквалитетен од Пирло, ама да го наречеш светска класа е се уште безвезе и неосновано. Јас Алегри го имам видено само во Каљари, Милан и Јувентус, а тоа е само Серие А, не е светот. За разлика од други италијански тренери, да не споредувам, ко Анчелоти и Конте рецимо. Па и Раниери. Дали не го барале Алегри во друг тим или сам не сакал да оди, не знам, ама знам дека 2 години е без ангажман, иако милион тренерски измени се десија во топ европските тимови, не е ни мрднат од Италија. Мислам дека добро го знам, истиот беше и во Милан и секако е добар тренер, врвен, ама сигурно не е светска класа. Бар не засега.

Со Алегри сум кажал, мирни води, права линија. Ако све оди добро тој појачува и оди уште подобро. Ако тргне низбрдо, му ја ебе мајката и прима 4 гола од Берарди на Сан Сиро. Чак е и прашање како ќе се справува со овој тим на Јувентус којшто е далеку поразличен од оној којшто го остави во 2019, или поточно од којшто беше отпуштен - да не заборавиме, затоа што и покрај Роналдо не успеа да освои ЛШ.

Сеа наравно ќе се јават: Амаааа две финалиња ЛШ има Алегри. Да, има. И Аврам Грант има едно финале ЛШ. Роберто Ди Матео има чак и освоено.

Ми се чини интересна сезона е пред нас во Италија, можда и поинтересна од лани. Колку и да сме градски ривали, криво ми е што Конте не е тука баш сега со оваа клапа тренери, интересно ќе беше чак и надвор од терен. Само ми е битно да го рендаат прљавото копиле Гасперини, па нека скока колку сака, да скокам на ќерка му.

И најважно, се враќаат навивачите.

За подетална анализа и мислење, здравје на завршено меркато.
Не се само италјанските медиуми и јувенташите, туку голем дел од светските медиуми, без разлика дали Шпанија или Англија го сметаат Алегри за поквалитетен тренер од Конте. Многу фанови го сметаа тоа, дури мислам дека на најголем дел мислењето не им е сменето, освен после минатата сезона кога овој издоминира со Интер.

И не ја гледам врската со Јувентус, кога баш Конте, кој е фудбалска легенда и беше тренер на Јувентус, честопати беше распнат и омаловажуван додека го водеше тимот и дополнително во блиското минато.

Третманот на медиумите има врска и со индивидуалноста, Конте е таков лик, привлекува гнев и омраза кон себе, нема многу влакна на јазикот, кур му дрема. Алегри е повеќе политичар, има испади, ама секогаш контролирани и кога нему му одговара тоа. И како и да ја вртиме, сепак во Европа стекна почит со игрите во ЛШ од 2015 - 2018 година, кога не освои, ама имаше јаки настапи и тактички утакмици.

За разлика од нас фановите, без разлика дали на Јуве кои сме нервозни оти не освоивме или на Милан и Интер кои се ситат на тоа, објективната јавност во Европа не заборава какви беа Барселона и Реал Мадрид во периодот кога баш Алегри го водеше тимот.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.614
2 години без тим додека доста големи тимови сменија тренери кажува доста. Ама продолжете да си верувате дека Алегри е светска класа тренер.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Не се само италјанските медиуми и јувенташите, туку голем дел од светските медиуми, без разлика дали Шпанија или Англија го сметаат Алегри за поквалитетен тренер од Конте. Многу фанови го сметаа тоа, дури мислам дека на најголем дел мислењето не им е сменето, освен после минатата сезона кога овој издоминира со Интер.

И не ја гледам врската со Јувентус, кога баш Конте, кој е фудбалска легенда и беше тренер на Јувентус, честопати беше распнат и омаловажуван додека го водеше тимот и дополнително во блиското минато.

Третманот на медиумите има врска и со индивидуалноста, Конте е таков лик, привлекува гнев и омраза кон себе, нема многу влакна на јазикот, кур му дрема. Алегри е повеќе политичар, има испади, ама секогаш контролирани и кога нему му одговара тоа. И како и да ја вртиме, сепак во Европа стекна почит со игрите во ЛШ од 2015 - 2018 година, кога не освои, ама имаше јаки настапи и тактички утакмици.

За разлика од нас фановите, без разлика дали на Јуве кои сме нервозни оти не освоивме или на Милан и Интер кои се ситат на тоа, објективната јавност во Европа не заборава какви беа Барселона и Реал Мадрид во периодот кога баш Алегри го водеше тимот.
Не сакам да зборам вака со бастање од памет. “Многу луѓе низ светот, многу од медиумите низ светот, стручната јавност го сметаат ...“ Што значи тоа? Кои се тие многу? Засновано е на истраживање нешто, има некои емпириски податоци или впечаток е?

Чак и не ми беше тоа поентата, ни муабетот. Не зборев за тоа како го перцепираат Алегри ко човек или Конте ко карактер. Муабетот ми беше во тоа рангирањето за “светска класа“ тренер. За мене искрено не е светска класа, бар не се уште. Одличен е, сум кажал, ама не е на светско ниво. Да, точно е тоа што го викаш, има перцепција за Алегри како за добар тренер којшто нуди стабилност и константност, знае да забие некоја тактичка умисла, ама знаеш и сам дека и тоа како знае да ја зговни тактички. (хинт еве за шампионскиот Милан, 2011, да не биде за Јувентус - против Арсенал во ЛШ тепа 4-0 првата, а втората губеше 3-0 више 30та минута, па се тресевме. Или испаѓањето од Тотенхем во осминафинале сезоната кога Милан освои Серие А). Ама па, ако цела стручна јавност и тие многу луѓе низ светот го сметаат за светска класа, зошто никој од нив не го зеде за тренер на голема екипа надвор од Италија во време кога сите големи европски тимови, па чак и од оној малку понизок ранг (а есктра богати), менуваа тренер?

За да не се натегаме, ќе скратам и повторам пак. Во ред е, одличен тренер е Алегри и кажав и погоре и наназад што мислам за него, ама за мене не е светска класа и се уште не е тренер којшто сам по себе е доволен и гарантира успех по секоја цена. Барем засега не го покажал тоа.

Ако вие сакате да си го перцепирате како светска класа, слободно. За мене освен перцепции и впечатоци, се бројат и суви резултати. Знаеме и други тренери коишто тактички издоминирале двомеч против светски силна екипа, па не се светска класа.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.918
Поени од реакции
24.551
Имав и во старата тема пишано. Неам намера и не ми е целта да му смалам на квалитет и значење, Алегри е топ тренер и сигурно моментално поквалитетен од Пирло, ама да го наречеш светска класа е се уште безвезе и неосновано. Јас Алегри го имам видено само во Каљари, Милан и Јувентус, а тоа е само Серие А, не е светот. За разлика од други италијански тренери, да не споредувам, ко Анчелоти и Конте рецимо. Па и Раниери. Дали не го барале Алегри во друг тим или сам не сакал да оди, не знам, ама знам дека 2 години е без ангажман, иако милион тренерски измени се десија во топ европските тимови, не е ни мрднат од Италија. Мислам дека добро го знам, истиот беше и во Милан и секако е добар тренер, ама сигурно не е светска класа. Бар не засега.
Како бе Алегри не е светска класа тренер?
Каква врска има дали бил само во една лига, 13 титули има во неговата кариера до сега човекот.
Зидан од помладиве само во Шпанија бил тренер, не е светска класа?
Не ни сакам Фергусон да го зимам за пример.
Башка што Алегри ги одби Реал сезонава, па ти паѓа во вода дека никој не го барал.

Мислам океј, разбирам, за Милан си, конкуренти на Јуве бла бла, ама дај бе читајте што пишувате понекогаш.
Алегри не бил светска класа тренер, бреееј.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
8.703
Не се само италјанските медиуми и јувенташите, туку голем дел од светските медиуми, без разлика дали Шпанија или Англија го сметаат Алегри за поквалитетен тренер од Конте.
Бреј какво инфо ни даде, подржано со факти, статистики, анкети, со све.. свака част:cuc:

Имаш некое инфо за медиумите во Германија и Франција? И кај нив Алегри е бољи или е 50/50 работава?
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Како бе Алегри не е светска класа тренер?
Каква врска има дали бил само во една лига, 13 титули има во неговата кариера до сега човекот.
Зидан од помладиве само во Шпанија бил тренер, не е светска класа?
Не ни сакам Фергусон да го зимам за пример.
Башка што Алегри ги одби Реал сезонава, па ти паѓа во вода дека никој не го барал.

Мислам океј, разбирам, за Милан си, конкуренти на Јуве бла бла, ама дај бе читајте што пишувате понекогаш.
Алегри не бил светска класа тренер, бреееј.
Сега прочитав уште еднаш што сум пишувал, извинете тоа не бев јас, змејот бил у пизду материну да се носи и тој више не чита што пишува све му ебем издрогирано. Се разлетал над облаци, брза негде и пишува без да прочита, извинете стварно. Повлекувам се што напишал во мое име, до хашишот е, не ни тој крив.

Масимилијано Алегри е светска класа тренер.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.918
Поени од реакции
24.551
Сега прочитав уште еднаш што сум пишувал, извинете тоа не бев јас, змејот бил. Повлекувам се што напишал во мое име, до хашишот е, не ни тој крив.

Масимилијано Алегри е светска класа тренер.
Не мора да ми се извинуваш, баш ми е мило што можев да ти помогнам да ги разбистриш очите и мислите и да сфатиш што глупост си истрескал. (y)
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.934
Поени од реакции
13.948
Не менува многу нешто дали е светска класа или одличен во однос на тоа што ќе направи сега со Јуве. И светска класа тренери имаат доживеано неуспеси, не е тоа некоја гаранција. Плус мене секогаш ми е проблематично кога некој се враќа на место каде што претходно постигнал некаков успех.

И можеби најважно прашање е дали Јуве е уште во тој тренд на опаѓање или го допреа дното минатата сезона и сега ќе се креваат нагоре?! Не мислам само резултатски.


А Алегри не заврши во голем клуб надвор од Италија затоа што го сметаат за "традиционален италијански тренер" кој форсира ретрограден, досаден, дефанзивен фудбал. А и фати тој тренд во Англија на форсирање на млади тренери, поранешни истакнати фудбалери од тој клуб. Од друга страна, на Барселона и БМ веројатно никогаш не им бил опција.

Е сега на РМ им беше опција, одсебно летово, иако не сакаше да почека и ја прифати покајничката понуда од Јуве.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.027
Алегри го одби Арсенал пошто не знае англиски, ја одби и Борусија пошто му била испод чест, го одби Реал од скроз нејасни причини а најверојатно од непознавање на шпански и страв од притисок и одлучи да се врати у комфорт зоната поради љубов кон Јуве откако активно преговараше и беше пред потпис со Интер лани.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.550
Поени од реакции
5.036
Патриот е човекот, затоа не сака надвор од Италија.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
А што кур ве заболе вас дали Алегри е светска класа тренер или не? мене битно ми е да го донесе скудетото во Торино, неам друга работа сеа ќе се замарам дали Инзаги или Пиоли се тренеришта или не,на едните им се распаѓа тимот тие ми го коментираат што постирал Роналдо или Алегри дали бил класа тренер,другите немаат освоено скудето 10 години и нема што да пишат ај ќе замараме за Алегри.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom