Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше начин да се види дали се пуштени парите како идеше тоа?

Мене ми стигнува нотификација за секој прилив на сметката, преку апликацијата на НЛБ банка. Провери си ја трансакциската сметка.
 
Имаше начин да се види дали се пуштени парите како идеше тоа?
Во случај да немаш од банката апликација или не те известува за состојбата на сметката се проверува на Е ПДД сајтот дали си добил пари од ДДВ скенирање сметки. Се влегува со мејлот и лозинката со која си направил акаунт во УЈП.
 
Последно уредено:

Да да брат на тоа мислев
 
Здраво, имам прашање во врска со повраток на ддв но за фирми а не наидов на таква тема. Ме интересира дали доколку се купува некаква опрема, пример лаптоп, телевизор преку фирма има можност да се направи повраток на ддв-то и како оди таа процедура? Ви благодарам
 
Ова е работа на сметководителот, прашај го специфично и ќе ти каже.

Мислам дека беше 5% на лаптопи, НО внимавај, лаптопот ќе биде на име на фирмата а не твој, и во иднина како таков ќе треба да го продаваш и покриеш сметководствено.
Згора на тоа не инсталирај нелиценциран софтвер, или внимавај ако инсталираш да не те ошурат ако влезат на проверка.
 
Здраво, имам прашање во врска со повраток на ддв но за фирми а не наидов на таква тема. Ме интересира дали доколку се купува некаква опрема, пример лаптоп, телевизор преку фирма има можност да се направи повраток на ддв-то и како оди таа процедура? Ви благодарам

За лап топ фирмата има право на поврат на ддв и сметководителот сигурно така ти прокнижил.
За телевизор, фирмата нема право на поврат. По закон, УЈП сметаат дека е луксуз (исто како слики, теписи).

Исклучок за телевизор може доколку докажеш дека ти е неопходен за работењето на фирмата, па да ти дозволат, но тоа тешко, во зависност со каква активност се бави фирмата.
 
Дололку некој има што не скенира сметки и е фин сака да помогне може да ми праќа во пп. Само треба да го скенирате убаво кодот.
 
Vo posledno vreme non stop pokazuva nema konekcija do ujp, dali i kaj vas se desava istoto?
 
Да бре нека си ја попраат апликацијава или нека дадат некоја алтернатива ако не може ова да се поправи. Едно нешто у државава бива да биде како што треба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom