Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да беше Меси шмекер, ке останеше да игра на минумумот со кој може Барса да го плати и да биде во рамки на регулативите со Ла Лига. Ова е продавање на душата на ѓаволот и напуштање на бродот кој тоне.
Као што разбрав од негде за да го регистрираат сезонава ќе требало да ја смали платата повеќе од 50%, но ЛаЛига не дозволувата толкаво намалување на платата у рок од 1 сезона или нешто така. Така да иако он се согласил да ја намали на пола сепак не било доволно и немало никаква опција да се регистрира летово.
 
Веројатно ако го продадеа лани ќе беа линчувани, но со 100+ милиони евра во џеб. Колку минатите управи ја имаат упропастено Барселона ќе се види во периодот што следи. Не ми е јасно само кога ги потпишуваа и Агуеро и Депај, не им беа јасни правилата? Пошто ако не продадат некој или некој не прифати помала плата не можат ни нив да ги регистрираат, а ко што читам и Кун нешто не бил многу заинтересиран да продолжи без Меси...
 
Последно уредено од модератор:
Западна клубов во некој хорор филм без крај, нагло одиме по патот на Милан, Интер, Јунајтед. Ако се вратат приходите со публика, ова она може да се подврати ситуацијата во нормала, ако потрае ова уште ќе биде многу заебано.
 
Што си отиде Меси си отиде, за 2-3 секако ќе се пензионираше. Нека му е со среќа во ПСЖ, за мене секогаш ќе остане најголемиот на сите времиња.

Прашање е сега, кој ќе ја земе 10ката?
Ла лига не дозволува броеви после 25... значи или ќе регистрираме 24 играчи или некој мора да ја земе.

Ја би им ја дал моментално само на Педри или Фати. Тие се иднината во клубот.

За викенд поише анализи околу составите и очекувањата од Барса за оваа сезона.
 
Меси беше неизбежно да замине, дали имало криза или не. Платата му беше астрономска.
Правилата на Ла Лига се самоуништувачки за самата лига и клубовите. Корона кризата ја дотолчи и така лошата финансиска состојба поради астрономските плати и преплатените трансфери.
Барса треба да се врати на основите со играчи од Ла Масиа со одредени "звезди" ако се вклопуваат во тимот.
 
Меси се знаеше дека ќе замине наскоро, но не смееше на ваков крајно глупав начин. Неговото простување требаше да биде ежење, спектакл на Кампот со 100.000 публика. Ова е огромна црна дамка за клубот. Допрва ќе ги осетиме последиците од идиотското владеење на Бартомеу и неговата управа.

Се навивало и пред Меси, ќе се навива и натаму. Клубот е сепак поголем од било кој играч. Нека му е со среќа во ПСЖ. Секако ако се сретнат со Барса ќе биде чудно да се навива против Меси, но тоа е. Бев доста хајпнат за оваа сезона, можеби најмногу во последните 4-5 сезони. Сега тотално се издиша тој хајп како балон. На клубот ќе му требаат барем неколку сезони да се извлече од дупката во која е пропаднат. Но исто и лигата. Ова ќе биде една од најслабите сезони во Ла Лига воопшто, што дури не осеќам никаква возбуда или замарање за тоа кој ќе биде шампион.
 
Да расчистиме некои работи:Уште месеци месеци наназад се чекаше Меси да потпиши договор два месеци се тегнеа да се потпиши тој ФАМОЗЕН Договор и одеднаш 5 до 12 пред потпис на крајот последен момент законските регулативи не дозволуваат потпис?Друга работа Лапорта кога дошол на власт што по мое изборите ги доби поради фатот дека ке остани Меси беше запознаен со ситуацијата и не е толку малоумен да дозволи најдобриот играч иконата на клубот да си замини во последнен момент све договорено поради некои законски регулативи? И капак на сето тоа за нецели 48 часа правиш трансфер во Псж? Како го договорија На Wiber :D По кратко време излезе на површина дека сето тоа беше изглумено и добро смислено сценарио,и онаа ПРес конференција на Лапорта мртов ладен,и подмолното смеење на Куман.Јас сум убеден и сигурен дека од клубот знаеа дека Меси ќе си оди уште од многу порано само бараа начин како а и да не се лажеме сите потајно се надевавме дека ќе си оди после онај биро факс лани само сето ова се ИСЦЕНИРА НА МНОГУ ДОБАР НАЧИН.. Добро знаеме дека секој голем трансфер бара добро изработена стратегија, напорна работа и пред се време.Само што ете сакаа да ја префрлат топката на Тебас и супер лигата.Многу фактори се во прашање,ама јас мислам дека Спортскиот проект пресуди....Меси брка рекорди а и знае дека со Барса нема да може да освои.
 
Сега треба секој да преземе одговорност, не е Меси тука па да му додаваат само него и чекај што ќе направи. Гризман ќе има поголем простор и слобода, му се отвори конечно позицијата која му одговара, па да видиме дали ќе искористи. Најголем прашалник е Ансу Фати, дали ќе се врати како пред повредата, тука лежи мислам најголемата надеж меѓу навивачите.

Не знам што да очекувам од тимов, може да биде пропаст на ниво на Билбао, а може и да се бори за титула, со оглед на тоа што кој од кој е поотепан во лигава, многу работи зависат и од тоа како Куман ќе го воигра тимот сега после Меси.
 
Лео... Нема зборови со кои можеме да му се заблагодариме. Каква штета, штетите од 10 годишната криминална управа се неизбежни.
Идиотот Тебас ги уцени клубовите со 50 годишна "хипотека". Никој нормален неможе да го прифати тој договор, освен Бартокопукот, кој денес со писмо на 10 страни без срам се отргна од штетата која ја направи во клубот и одозгора го обвинува Лапорта. Во писмото пишува дека тој без двоумење ќе го прифатил ЦЦВ договорот :гомце: скапано да не види бел ден. Мораме да бидеме здружени во овие времиња, и посилни од било кога. Јас верувам во Лапорта, но задачата за враќање на клубот е многу тешка после таква штета што е направена. Потребно е време и среќа. Visca Barca
 
Нема пари бе луѓе, клубот моментално функционира со мини кредитчиња од локалните банки во Шпанија.

10 милиони од таму, 15 од друго место, чисто колку да имаат да истуркаат сезоната. И Депај и Агуеро дојдоа само заради тоа што не плативме ништо за нив, да требаше пари немаше да бидат сега во Барса. За Меси да го платиш годишно ти требаат 70 милиони евра, толку му беше бруто платата. Good luck with that.

За сите тие ствари може да им заблагодариме на сектата расипничка шо владееше во изминатите години. Лапорта со 3-4 месеци на чело на клубот е најмалце крив за ова.

На играчки план сеа би било идеално Фати да не осеќа никакви последици од повредата, само за тоа се молам. Депај имаше супер подготовки, ќе видиме како ќе биде во регуларниот дел од сезоната. Гризман еве му шанса сеа, природна позиција и простор за докажување. Од Агуеро немам некои очекувања, од клупа ќе влева и тоа е. Еве го пак повреден до ноември, за 4 милиони евра годишно толку е. Педри Господ да го поживее, иднината на клубот во него и Фати ја гледам, само да бидат добро на здравствен план.
 
Убав гест од Пике. Прифатил големо намалување на платата за да се регистрираат Депај, Гарсија и Менај. Се надевам Бускец, Роберто и Алба ќе постапат исто. Кога веќе не можеме да ги расчистиме платениците барем Каталонците да покажат разум.
 
Можеме само да јадеме гомна за Пиќе, ама човекот си го сака многу клубот. Секад е реален, без влакна на јазикот.
Најголемиот мотиватор во клубот, без разлика што имал слаби партии, битно секад давал 100% и секад сакал да победи. За разлика од него некои други ако не им е по кејф само гледаа да заврши утакмицата... и кур ги боли.

Околу сезонава, не треба да бидеме песимисти, можеби не сме тоа тоа без Меси, ама барем во ЛаЛига можеме да бидеме конкурентни.
Очекувам многу од Гризман сезонава, пред се ради слободата на теренот и притисокот од кој се ослободи откако си отиде Меси.. ма да и лани во втората полусезпна искина и на крај имаше 30+ голови и асистенции.

Да не заборавиме дека Лапорта за разлика од гомното Бартомеу, многу гледа на Ла Масиа и на донесување талентирани млади фудбалери...
Транзиција е ова што требаше да почне пред 2-3 сезони, али еве сега му дојде редот.

Да не забораиме дека имаме одлични млади фудбалери од кои очекувам многу, пред се Педри, Де Јонг и Фати.
Тука се и Дест, Араухо, Гарсија..
Ако на тоа ги додадеме веќе искусните Гризман, Депај, Тер Штеген, Дембеле... очекувам со добра политика и малку вложувања барем оваа и наредните 2 сезони да бидеме конкурентни во Лигата и купот, а не да паднеме на нивото на Милан и Манчестер од пред некое време.

Ако Реал не го донесе Мбапе, мислам дека Атлетико е пак фаворит за освојување, ама и они не се нешто посебно, да двојат ептен.

Visca El Barca!
 
Да не забораиме дека имаме одлични млади фудбалери од кои очекувам многу, пред се Педри, Де Јонг и Фати.
Тука се и Дест, Араухо, Гарсија..
Ако на тоа ги додадеме веќе искусните Гризман, Депај, Тер Штеген, Дембеле...

На страна финансиите, но Барса има добра основа за градење на тим. Ги гледав против Јуве, ми се допадна и фудбалот што го играат. Добро тоа е безвезен пријателски натпревар, но мислам дека и кажува нешто.

За Депај мислев дека немаше потреба да го доведат и дека им треба друг профил, но сега може и добро да дојде. Гризман е топ фудбалер, неверојатно колку е потценет откако е во Барса. И за разлика од младите таленти на Реал, Барса навистина има таленти кои може да бидат светска класа.
 
Пике треба да потпише нов договор до 2025, до 38години ќе игра во Барса :D
 
Слична сезона ќе биде како лани, и трите клуба ќе се падни стани. Ако им освоиме титула со Депај, чолка у менопауза ќе иде. :pos:

Во ЛШ успешна сезона ќе биде само против ПСЖ да не се паднеме па Меси да треба да им суди. Друго шо и да се деси ќе преживееме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom