До сега сум презадоволен од играта на Брејтвајт откога дојде. Човекот ниту е некоја класа фудбалер, ниту ќе биде, но се труди цело време и дава сто проценти од себе. Можеше да биде само фуснота во клубот а се наметна како важен играч на моменти.
Само не му требаат тие пресметки со тие што го критикуваат. Видов денес нешто на Твитер. Тоа е битка што не може да ја добие, кога-тогаш ќе има лош натпревар и овие пак ќе му рипнат. Многу е погрешно кога спортисти, глумци, водители се замараат со коментари и хејтања по социјални мрежи.