Еднаш одамна имав каталог со илјадници филмови кои од легални причини нема да кажам дека ги поседував... го боев, го фарбав, го сортирав, категоризирав... мислев дека вечно ќе трае, ќе достигне 10 000 филмови и ќе ми служи како некој потсетник или како место од кое ќе барам што да репризирам... се изгуби и тоа некаде на стари лаптопи и дискови, трага не можам да му најдам.
Сакам да кажам и дека сите овие плакати што ги лепите на Летербокс нема да траат вечно, ќе се изгубат еден ден, како tears in rain.
Џабе лепите.