Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.242
- Поени од реакции
- 8.142
Местено беше бе, им пуштија.Simpaticniot Kileni trebase crven da jade + penal.
Местено беше бе, им пуштија.Simpaticniot Kileni trebase crven da jade + penal.
Саутгејт како кравата со млекото, макар да коа се слегне прашина второ место е голем успех. Уште пак на 19 годишен копиљ му дава да шутира решавачки пенал а не на Грилиш на пример, ептен ја усра пенал серијата Саутгејт, за разлика од Ван Гал тогаш коа со Холандија внесе голман за пенали овој внесе двајца као сигурни и двајцата промашија.Приказната на Саутгејт со Англија е скроз иста со приказната на Солскјер во Јунајтед (бар досега) - успеа да изгради убава атмосфера, да внесе некоја позитивна енергија во тимот, но и едниот и другиот се недоволно тактички и фудбалски спремни да го направат оној последен и најбитен чекор.
Пред да почне првенството пишав неколку пати дека Англија има добра, но сеуште недоволно искусна екипа и дека прајмот на овој тим го очекувам некаде на СП 2022 и ЕП 2024. Во секој случај сметав дека имаат некаква шанса за титула, пред се поради фактот дека на ова ЕП немаше екипа што двои, односно тим што беше класа над другите, како Франција пред 3 години, Германија во 2014, Шпанија пред тоа, итн..
Сепак, првенството се движеше по некоја перфектна траекторија за нив, од ждреб, преку играње на 6 од 7те утакмици на домашен терен, до преполн Вембли со нивни фанови за 1/2 финалето и финалето. Но на крај, неискуството на играчите, а богами и на тренерот пак беше одлучувачко во клучните моменти.
Реално, Англија мораше да игра поубав и поатрактивен фудбал на ова ЕП, посебно со оглед на ростерот со кој располагаше Саутгејт. Групната фаза како да не ја ни играа, со Германија не покажаа ништо посебно и имаа среќа кога најмногу им требаше. Украина реално беше преслаб противник, плус им дадоа рано гол и во двете полувремиња со што и го решија мечот, а Данска ја тепаа буквално на мускули.
А Саутгејт од утакмица во утакмица, вклучувајќи го и финалево ги правеше истите глупости. Иста, дефанзивна тактика, која спомнав и претходно во текот на првенството, целосно го извади Кејн од колосек. Правеше доцни измени на сите утакмици, посебно во полу-финалето и финалето, скоро и да не отстапуваше од неговата замисла и многу ретко ја прилагодуваше играта на самата утакмица.
@jamey jasta, како што ти одговори видук, Кејн цело првенство беше дух и искрено сметам дека тоа е една од најголемите грешки на Саутгејт. Стерлинг може даде голови и изнуди пенал со Данска, но изгуби безброј топки и човекот освен брзина нема апсолутно ништо друго фудбалско во него. Само не знам како тактичките замисли на селекторот на Англија ги прават Премиер Лигата и Кејн слаби и преценети. (за Стерлинг се сложувам) Место да изгради партнерство меѓу Грилиш и Кејн, и да го искористи целосниот потенцијал на еден од најдбрите напаѓачи на светот, тој се реши да прави игра за Стерлинг, а Грилиш, кој можеше да го направи ѕвезда на ова ЕП да му го помине 80% од првенството на клупа.
И не дека целосно пофрли со тоа, Англија пак стигна до финале, што генерално е успех за едно вакво натпреварување, но добрите тренери осеќаат ситуација и имаат план Б, Ц, Д за битни утакмици. Петти пенал за Сака, па и пенал за Рашфорд, кој ја заврши сезонава во лоша форма во Јунајтед, а и изигра се на се 15 минути на ова ЕП му беа исто катастрофални одлуки, кои го коштаа и титула на крај.
Генерално гледано, финалево беше слабо, без некаков јак фудбал и интензитет. Италија можеби имаше топка, но не направи ништо посебно и конкретно во најголем дел од мечот. Сметам дека Англичаните требаше да ги притиснат веднаш после погодокот и да пробат да дојдат до некое побезбедно водство, но тие го направија сосема спротивното и нормално, им се одби од глава.
Кога ќе се земе цело ЕУРО во предвид, Италија најмногу заслужи да ја освои титулата. Ја издоминираа групната фаза, а во нокаут фазата покажаа неверојатен дух и најголема желба за победа. Пеналите вечерва можеа да одат во било која насока, но на крај уште еднаш се покажа дека фудбалот сепак е тимски спорт и дека победува тој што знае најдобро да го склопи коцките.
Мислам дека ги потценуваш таљаните. Освен нападот и крилата каде едини класа играч у Италија е Киеза и очајните бекови (Спинацола на страна), на другите полиња не би рекол дека се послаби Италија. Барела, Жоржињо и Верати се класа над средината од Англија, а богами и Донарума, Киелини и Бонучи се подобри од Пикфорд, Стоунс и Мегуајр.Не се слагам. Јас бев за Италија со цело срце и душа ама Англија стварно има добри играчи, т.е. слободно може да кажам подобри од Италија на хартија.
Sudijava e namesti, za kladilnici.Местено беше бе, им пуштија.
Мегуајр.
Баш ова, Саутгејт многу лошо одигра со замените и тоа не само оваа утакмица. Можеше да ги добие Италија ако сменеше формација и го внесеше Санчо или Рашфорд порано, не знам зашто одеше на пенали кога имаше поголема шанса да прими уште еден гол.Мислам дека ги потценуваш таљаните. Освен нападот и крилата каде едини класа играч у Италија е Киеза и очајните бекови (Спинацола на страна), на другите полиња не би рекол дека се послаби Италија. Барела, Жоржињо и Верати се класа над средината од Англија, а богами и Донарума, Киелини и Бонучи се подобри од Пикфорд, Стоунс и Мегуајр.
Е сега стартни 11 на страна, кога ќе ги погледне човек играчиве што влагаат од клупа, тука е веќе друг муабет. Кај Италија влагаат Кристанте, Бернардески и Белоти, кај Англија влагаат Хендерсон, Санчо и Рашфорд. Добро и Грилиш ај.
Meh, уживаат и се забавуваат со буљење во екран? Ќе пробам и јас некогаш, сигурно е прејак филинг да видиш два гола за 120 минути играLugeto uzivaat i se zabavuvaat.
Probaj i ti nekogas.
И јас се слагам со тебе, многу успешно се бранеше Англија 120 минути и е стварно за пофалба. Прав начин да одиграш финале и изгубиш.Сега ја читам темава наназад и гледам дека Италија им одржала лекција по фудбал на енглезите, а искрено јас не памтам да креираа една шанса цела утакмица, ниту пак да имаа некоја изработена акција. Шпанија беше далеку поконретна на пример во 1/2 финалето, па тука имаше коментари дека фудбалот не се игра на посед.
Голот на Англија бил на жими мајка, како тој на Бонучи да не беше после корнер и 3 карамболи во 16ник. Си ја вртите како ви одговара, секоја чест.
Влезе многу усрано и дефанзивно уште од старт со таа формација, па уште кога го дадоа брзиот гол уште толку се затворија. Им требаше време на Италија да почнат да играат ама задњите 15 минути од прво и цело второ полувреме ги издоминираа. Многу лоша стартна постава извади Саутгејт по којзнае кој пат. Покрај послаби репрезентации и најслаба Германија икад може да упали ама против добро организирана екипа како Италија тешко. Се виде и со Данска дека имаат проблем со организирани екипи енглезиве, требаше нешто да смени и у тактика и у формација Саутгејт ама ја еба работата. Особено незнам зошто толку мала минутажа добиваа и Санчо и Грилиш на цело првенство.Баш ова, Саутгејт многу лошо одигра со замените и тоа не само оваа утакмица. Можеше да ги добие Италија ако сменеше формација и го внесеше Санчо или Рашфорд порано, не знам зашто одеше на пенали кога имаше поголема шанса да прими уште еден гол.
Тоа не го менува фактот дека Шпанија пред некој ден имаше повеќе шанси од Италија денеска, па не видов никој да пише дека шпанците им одржале лекција по фудбал на италијаните.И јас се слагам со тебе, многу успешно се бранеше Англија 120 минути и е стварно за пофалба. Прав начин да одиграш финале и изгубиш.