ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Ди Лоренцо и Палмиери има у џеб да ги стаат Грилиш и Санчо. :kafence:
 
Имат нешчо нејасно за кој се навиват?
Само Италија брату!
 
Хајпот продава во 21 век. Исто, нека не ве чуди што 90% од првенствово сите англиски медиуми збореа само и само за Англија и нивните перспективи. Играат Италија-Шпанија полуфинале, дури и откако завршува текмата многу малце зборат за таа утакмица, туку само за нивната репрезентација, кој требало да игра и тн и тн. Мора хајпот цело време да се одржува за да има консумпција, едноставно е.
Истото го правиме и ние. Играат две рандом репрезентации и на мтв се е восочено кон Македонија. Сите го прават ова, ама најверојатно зошто сите следиме англиски медиуми па ни изгледа дека само они замараат со нивната репрезентација.
 
Дај бе не замарајте со детскиве препирки, 70 страни се испишаа како Англија биле инцестоидни, нафурани, самобендисани и како Жабарите биле плачковци, се влечеле итн... Ок е, навивајте за било кој само не трујте со глупости.

Мене овој тим на Англија ми е скроз симпатичен, зборам на хартија и по поединци, ама не ми се допаѓа она што го игра Саутгејт. Без разлика на тоа што се во финале сметам дека можат многу подобро и поубаво да играат. Генерално гледано Англија е подобра екипа од Италија на хартија, ама ко колектив и не баш. Манчини створи машинерија од Италија, играат директен и модерен фудбал, пресинг, напаѓачки и брзо, скроз атипично за нив познавајќи ги историски како играле.

Нијанси ќе одлучуваат, а клучна ќе е секако средината каде сметам дека Италија има предност и е подобра. Триото Барела-Верати-Жоржињо е способна да надтрча и надјача све и свашта, а не пак средина составена од Рајс и Филипс. Мислам, секоја чест за двајцата, коректни играчи се, ама не е тоа тоа.

Се надевам на меч со голови без мртва игра, а ќе навивам за Италија иако немам против и Англија да освои.
 
да го клаам на игнор или ќе се преземе нешто?
Клај го на игнор.

@Io Sono Interista со време да ти кажам да го вметнеш подвлечениот во листата на мртвите...:kafence:

Прегледај го приврзокот 300928
Никако. Ништо изненадувачки нема овде, Џони како Џони, или им прави малери или преминал на темната страна поради Киеза :D
 
@Io Sono Interista со време да ти кажам да го вметнеш подвлечениот во листата на мртвите...:kafence:

Прегледај го приврзокот 300928
Лелеле овајјј, од ко падна како мал не е и не е исто дете поќе. Море глуп @Трибиани дај малце фокусиран се, излади се в в црква во дворот, види нешто напрај жити се….Од раце испуштен си од ко ме нема :unsure:
 
Јас ќе навивам за Англија, зашто италијанците беа окупатори во западна Македонија за време на Втора Светска Војна. Плус, Англија има крст на знамето. Исто така, Manchester United = United Macedonia, а кај италијанците има клуб што се вика Хелас Верона. Толку од мене, вие си знаете.
 
Инаку и тука да прашам ова, кај што работам имаме канцеларија у Италија, па еден колега од таму купил карти за финалево у Лондон на 11 јули без да му текне дека на ист ден му е закажана и свадбата.

Па ако некој сака да иде на негово место, црквата е у Комо, Италија (мнг убаво место), и невестата се вика Франческа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom