Емотивни моменти ни се случија со вчерашниот меч.
Пандев испратен како најголем великан, Јохан Кројф Арена на нозе да аплаудира, цел фудбалски свет со поздрави...какво фудбалско име сме имале и колку голем амбасадор на Македонија бил Гранде Пандев. Денес по не знам кој пат ја гледам снимката од замената каде што му прават шпалир нашиве...Фала ти Гоче за се!
Со Мрме многу ми е нејасна работава...некако многу нерасчистени сметки ми делува дека има со ФФМ и начинов на кој си заминува не ми се допаѓа. Каде е вината немам инфо да судам. Дали има вистина дека му е подготвувана промена во пресрет на ЕП или се работи за нешто друго не знам.
Се надевам дека каде и да продолжи понатаму ќе реди и бележи успеси.
Инаку, секогаш може подобро. Од денешна перспектива можеме да најдеме низа ситници каде што ни избега некој бод, но не разочаравме и не бевме топовско месо да си играат мајтап со нас. Без разлика на тоа што завршивме со 0 бодови, мислам дека не сме разочарување на првенствово.
Да видиме што ќе се случува наредниов период и се надевам дека нема како кула од карти да се сруши се што се изгради досега. Треба да одиме по проверениот рецепт. Ако се бира нов селектор, мора тоа да биде Боби Милевски...