ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.717
Би те потчинил.

Па у споредба со другите напаѓачи барем 5 стативи погоди и што би рекол Бранко Илиевски, во неколку наврати опасно БИЕШЕ кон противничкиот гол.

Би те упропастил.

Фала што ми кажа дека во сериозна репка тешко дека ќе добиел повик. Јас мислев дека Шпанија ќе бара да го натурализира сеа.
Он ваљда мисли на шпанско првенство. Така те сфатил :D
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Би те потчинил.

Па у споредба со другите напаѓачи барем 5 стативи погоди и што би рекол Бранко Илиевски, во неколку наврати опасно БИЕШЕ кон противничкиот гол.

Би те упропастил.

Фала што ми кажа дека во сериозна репка тешко дека ќе добиел повик. Јас мислев дека Шпанија ќе бара да го натурализира сеа.
Никогаш.
Во истиот пост ги омаловажи Адеми и Стефан,кои изиграа сезона ипол со Динамо Загреб,а раперот го сведе на тоа дека имал добро првенство.
У реду е Тони Стојановски ххххх.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Тоа е тоа луѓе... Нема за што посебно да жалиме. Ни се исполни сонот да ја гледаме Македонија на ЕП, вечно ќе се памети и споменува оваа генерација. Овие дечки ни овозможија моменти кои мислевме дека нема да ги доживееме. Затоа заслужуваат секаква поддршка во иднина.

Штета што оваа еуфорија околу нашите на ЕП заврши. Убаво ќе беше да земеме барем еден бод, но што е тука е... Сега со сите сили во квалификациите за Светско. Групата ни е погодена, останува уште да изиграме.

За Пандев што уште да пишам што не е кажано. Капитен, лидер, легенда... Икона на репрезентацијата. Капа доле за се' што направи.

Мрме, ваков или онаков, сепак заврши одлична работа. Кога стана селектор искрено се прашував кај им е паметот на ФФМ ама од денешна дистанца мислам дека и ретко кој друг ќе се нафатеше да ја води репрезентацијата кога беше во таков хаос. Најголеми две заслуги му се враќањето на Пандев и создавањето на одлични односи во тимот и убава атмосфера, што знаеме колку е тешко во средина како нашата. Паметно му е сега да замине. Нека има успешна клубска кариера.

Сега, пошто циклусот за Светското е веќе започнат, не треба да се експериментира со странски селектори. Нека преземе Милевски, секако ги знае добро играчите и е најдобро решение за оваа генерација. Па ако потфрли да се бара друго решение.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Никогаш.
Во истиот пост ги омаловажи Адеми и Стефан,кои изиграа сезона ипол со Динамо Загреб,а раперот го сведе на тоа дека имал добро првенство.
У реду е Тони Стојановски ххххх.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
Дамла имаш. Генерираш блам, дно и мешаш поими.
Оди изиграј тенисери предваклификационо коло Вимби и не замарај до Шкотска-Хрватска.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.738
Поени од реакции
2.266
Мислам дека голем дел од македонскиот народ имаше преголеми очекувања од репрезентативците. Дури и кога ве читав овде бев пријатно изненаден колку луѓе се оптимисти во поглед на генералниот односно крајниот пласманот на репрезентацијата во својата група. Уште од почетокот претпоставував дека ќе бидат последни, ама не сакав да ја нарушувам пријатната атмосфера која ја создававте тука. Очекував дека ќе им земат бод барем на Австрија или Украина, ама за жал завршија со 0 бодови. Некако сум песимист за иднината на репрезентацијата со оглед на тоа дека ќе нема да има лидер како што тоа беше Пандев. Од друга страна одбраната е доста слаб сегмент и играчи како Бејтулаи, сметам дека не треба да бидат дел од репрезентацијата. Истото го мислам и за Костадинов.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
Пандев: Мислам дека селекторот треба да добие шанса да ги заврши квалификациите за СП, но знаеме како функционираат работите кај нас.

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Не знам зошто не му даде некоја минута и на Крсте Велкоски, нема постигнато гол уште од U17 репрезентацијата, може сега ќе му се посреќеше.
Таман едно голче да даде и да се продаде на Кипар. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.220
Поени од реакции
84.146
Пандев: Мислам дека селекторот треба да добие шанса да ги заврши квалификациите за СП, но знаеме како функционираат работите кај нас.

„Да, дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам ѝ се добро познати на јавноста. Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација ѝ посакувам сѐ најдобро во иднина и дај Боже да им се радуваме на уште вакви големи настани“, изјави Ангеловски по пристигнувањето во Скопје.

Што е добро познато на јавноста?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom