ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Што им е со тетоваживе, не можат минута да изиграат во второлигаши во Франција, ама битно се ишарани повеќе од кошаркарине во Америка.
Комплекси, претежно.
 
Да потпишеме петиција да ги отстранат, можеби тогаш ќе станат подобри играчи? Мислам стварно не ми е јасно како можеле да се шараат...
Ок, може ми е без врска коментарот, но некако ова со тетоваживе + тоа што не се снаоѓаат во потпросечни клубови ми укажува на недоволна фокусираност, дисциплина и посветеност. За Стојановски многу луѓе зборуваат дека има голем потенцијал, а тој седи на трибини додека мајстори на фудбалскиот занает како Крсте Велкоски добиваат поголема шанса во репрезентацијата.
 
Што сте се фатиле за тетоважите, тоа им се дел од приватниот живот, сигурно им значат чим решиле да бидат на нивното тело.
 
Што им е со тетоваживе, не можат минута да изиграат во второлигаши во Франција, ама битно се ишарани повеќе од кошаркарине во Америка.

Дрогираши се у слободно време. Сигурно е некој нивен таен код, што само они го разбираат :)
 
Голем проблем е шо во задна линија сме лоши не можиме пас да погодиме до везњаците, Муслиу е катастрофа со топка, Велковски знае ама е малце споричок, доколку од младинциве успееме да извадиме уште еден квалитетен везњак (Станковски, Атанасов..), добро би било да се проба Адеми како штопер, знае да игра со топка и да извлечи напред, а и онака пополека го стигаат годините, не би било лоша опција во иднина да се рачуна на него како штопер, мислам дека и Динамо Загреб го играа на неколку утакмици во лига на шампиони на таа позиција.

Шо се однесува до стартните 11 против Австрија, реалноста е дека тоа е најдоброто со кое што располагаме. Во овие 25 играчи имаме точно 13,5 квалитетни имиња кој што можат да се носат на едно вакво ниво, голем проблем ни е напред Пандев и Трајковски неможи ни најмал пресинг да извршат, противничките штопери лесно си комбинираат и креаираат без никаков притисок, плус и двајцата се спори неможи да извлечат контри/полуконтри напред, најдобар за таа работа ни е Елмас, и мора Мрме понапред да го игра против Украинците ради неговата брзина.

Замените ни беа катастрофа, разбирам сакаше да го одмори Барди, опциите беа тие Костадинов или Спировски, на крај Костадинов испадна како лошо решение, друга ствар кога губиме 2-1, го уфрлува Бејтулаи на местото на Николов, Бејтулаи е дефензив мајнд играч и плус исто со топка е лош (особено за натпревари на едно вакво ниво), тука мораше да проба со Чурлинов (во Штутгарт баш го играат на таа позиција десен винг бек), ќе добиевме на техника, свежина и брзина со него по десна страна во продолжение на натпреварот, вака се дозакопавме во дупката која сами ја ископавме со лошите замени, штета 1 бод можевме и заслуживме, ќе ни значеше многу, тоа е тоа одиме ал ин против Украина.
 
Без навреди.


Следната е наша :kafence:

giphy.webp
 
Еден другар нема да може да иде ми пиша дека ја продава картата 60 е ако е некој заинтересиран има и превоз .
 
За поразот со Австрија вината лежи во Мрме, тактички бевме прочитани во нападот а посебно со високиот пресинг со кој го пресекоа на цело нашиот среден ред, измените кои ги направи беа тотално промашени додека тие не убија со нивните џокери од клупа кои го решија на крајот натпреварот.
Украина е убедливо најтешкиот противник според мене во групата но ако ја развиеме нашата игра и влеземе похрабро зошто да не победиме, како и да е без разлика на резултатот убавина е да се живеат овие денови и оваа еуфорија која владее кај нас.
 
Кој му се има преплатено на каналот знаеше дека е жив одамна :icon_mrgr:

ПС:Има ставено видео од две минути од денсот на Пандев :ROFLMAO:
Прашање што ме мачи: зошто драгонски е посмешен со објавите на фејс него тука? :ROFLMAO:
 
Прашање што ме мачи: зошто драгонски е посмешен со објавите на фејс него тука? :ROFLMAO:
Немав појма кој е до постот за европското и прославата, многу јак хумор и мимови има на фб.
 
Ај тактика, постава и се тоа, ама физички не утепаа Австријците. Во второ полувреме коментаторот кажа дека Австријците за "нијанса" биле подобри од нас во истрчани километри, а чита статистика Австрија 9км просек vs Македонија 8км просек. Километар истрчан повеќе во просек е нијанса? :pos:

Последните 15-20 минути нашива папсаа на терен, а они ораа ко да се играат првите 15 минути.
 
Ај тактика, постава и се тоа, ама физички не утепаа Австријците. Во второ полувреме коментаторот кажа дека Австријците за "нијанса" биле подобри од нас во истрчани километри, а чита статистика Австрија 9км просек vs Македонија 8км просек. Километар истрчан повеќе во просек е нијанса? :pos:

Последните 15-20 минути нашива папсаа на терен, а они ораа ко да се играат првите 15 минути.
Eпа тоа е таа разлика што скоро сите австријци играат прва постава во своите клубови кои 90% се од Германија, а нашиве сите се замени или воопшто не играат за своите клубови, освен Адеми каде што е стандарден..
 
Реков дека многу бњвме несериозни пред првенството по цел ден на инстаграм и еве сега попара од австријците. Не добија пред се тактички но и физички. Стоперите покажаа дека се на ниво балкански лиги. Ајде против Украина да покажеме нешто повеќе..

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom