Голем проблем е шо во задна линија сме лоши не можиме пас да погодиме до везњаците, Муслиу е катастрофа со топка, Велковски знае ама е малце споричок, доколку од младинциве успееме да извадиме уште еден квалитетен везњак (Станковски, Атанасов..), добро би било да се проба Адеми како штопер, знае да игра со топка и да извлечи напред, а и онака пополека го стигаат годините, не би било лоша опција во иднина да се рачуна на него како штопер, мислам дека и Динамо Загреб го играа на неколку утакмици во лига на шампиони на таа позиција.
Шо се однесува до стартните 11 против Австрија, реалноста е дека тоа е најдоброто со кое што располагаме. Во овие 25 играчи имаме точно 13,5 квалитетни имиња кој што можат да се носат на едно вакво ниво, голем проблем ни е напред Пандев и Трајковски неможи ни најмал пресинг да извршат, противничките штопери лесно си комбинираат и креаираат без никаков притисок, плус и двајцата се спори неможи да извлечат контри/полуконтри напред, најдобар за таа работа ни е Елмас, и мора Мрме понапред да го игра против Украинците ради неговата брзина.
Замените ни беа катастрофа, разбирам сакаше да го одмори Барди, опциите беа тие Костадинов или Спировски, на крај Костадинов испадна како лошо решение, друга ствар кога губиме 2-1, го уфрлува Бејтулаи на местото на Николов, Бејтулаи е дефензив мајнд играч и плус исто со топка е лош (особено за натпревари на едно вакво ниво), тука мораше да проба со Чурлинов (во Штутгарт баш го играат на таа позиција десен винг бек), ќе добиевме на техника, свежина и брзина со него по десна страна во продолжение на натпреварот, вака се дозакопавме во дупката која сами ја ископавме со лошите замени, штета 1 бод можевме и заслуживме, ќе ни значеше многу, тоа е тоа одиме ал ин против Украина.