Кринџ реунион.
Трејлерот ми беше поемоционален од тие два саати.
Не знам зашто упорно форсираат дека тие треба да се понашаат ко фамилија и да се дружат ептен кога се гледа дека не е така. Работеле некоја година заедно, колеги биле, секој по својот пат, али ова форсирањето е многу фејк. Пола реунион за тоа мелење, истите прашања што на секое интервју им ги поставуваат. Метју со она I dont hear from anybody, ми се виде реален.
Корден, сам по себе карикатура, не знам чиј љубимец е од либералнава страна, што секаде е испикан, ептен ме нервира да го гледам.
Фешн шоу, непотребно. Сите овие од нигде некаде фаци, искрено гајле ми е на Бекам и Џон Сноу која им била омилена епизода.
Парадава со различните, мислиш само на нив некако им помогнала серијава со хуморот, ок. Се нормално не се брои во публика, не заслужува да си каже што мисли.
Читање на стари епизоди, не знам кому му беше интересно.
Највеќе ми се допадна делот со писателите и продуцентот, кога опишуваа како ги нашле актерите, требаше да има повеќе од историјата на шоуто.
За изглед, Лиса и Мет ако подослаби малце, изгледаат најдобро.
Овие двете женски, јас не знам како достигнале до таа точка за ова да им се допаѓа кога ќе се видат во огледало. Кортни беше преубава, во 10та сезона веќе се имаше ботоксирано и не и се мрдаше фацата, али сега на ништо не личи. А Анистон личи на маж, што е лошо, бидејќи имаше понежни црти од сите.
Чудно беше да се видат сега и со сцени од прва сезона, поготово зашто никој скоро не остарил од нив без некоја пластика во фаца.
Можевме да поминеме и без ова. Ќе си изгледавме по 4-5 епизоди за тоа време.