1. Од една страна економијата се уште се мачи да се опорави што значи дека ниските каматни стапки ќе си продолжат што е стимулативно за златото, а од друга страна Џ.Јелен фрли пробен балон за благ пораст на каматните стапки што е контра на златото.
2. Државниот долг расти (што исто е поттик за раст на цената на злато) и не им е во прилог зголемување на каматните стапки. Затоа ЏЈ рече благо зголемување.
3. Доларот во континуиран пад што е топ предуслов за раст на златото, но прашањето е до кога ќе паѓа.
4. Паричната маса се зголемува и државниот стимул за неодење на работа им испадна во прилог на демократите од власта оти бизнисите почнаа да зголемуваат плати за да ги привлечат. Републиканците се збора да го толерираат ова за возврат на намалување на зелениот инвестициски план. Сево ова е исто добар основ за раст на златото.
5. Инфлацијата си бичи нагоре, а ланците за испорака не се опоравени. Засега во прилог на златото.
6. Дел и институции почнаа да купуваат по падот на крипто валутите што е додавање гас на цената на златото.
7. Централните банки натрупаа злато и не го продаваат а дел и прикупуваат. Русија се оттарасува од доларите и ќе купува злато, евра и јуани. За две недели се очекува Базел 3 кој е исто поттикнувачки за златото.
Доаѓа динамичен период. Дали ќе преовладаат фундаментите или ќе накрени економијата или монетарците ќе одат клизачи ќе видиме.