Јбг, времето е 24 часа на ден. Почнав од многу општо за тргување, па со МСЕ акции и има многу за учење но етапно ќе ја совладам материјата паралелно со пракса проследена со одредени добивки но и загуби

кои засега се во рамките на подносливото. Во меѓувреме и за сребро и за злато по малце учам. Во главно гледам разни
гости на овој канал. Исто Киосаки на неговото радио шоу носи гости интересни. Со валутите немам ништо, но имам белешки за овие работи кои ги спомна погоре па ќе им дојде и нив времето.
Од аспект на логистика е захтевно со сите овие различни инструменти и ротации како што велиш, но ако си на една платформа со се веројатно е полесно по одреден период пракса. Кога велиш Forex која платформа ја користиш? FX leader? Ја гледав еднаш таа и се ме наведуваше накај ЦФД и другите финансиски дерифати кои не ме бендисаа и ми изгледаа многу шпекулативни. Отворив демо акаунт но кога видов маргини, хеџирање, стоп лос...сфатив дека мора со ред и по полека. Така што сега на МСЕ акции сум најмногу и злато и сребро како поддршка, но и тука имам исто многу за учење.