Вака сега, и обратно да беа одлуките пак ќе напишевте 10+ страници.
Да свиреше пенал за Јуве како оној на Лаутаро, ќе ни објаснуваше Стефан како Лаутаро не ја стигал никако топката, контактот бил случаен и немало пенал.
Да го исклучеа онака Гаљардини како Бентанкур, со втор жолт 3 секунди после стартот каде што на прва се доби впечаток дека судијата нема ниту прекршок да досуди, притоа обичен старт, кој не спречи никаква опасност, Син ќе ја заборавеше вклучена латиницата од нервоза, рацете ќе му се тресеа и ќе создадеше уште еден војна и мир пост за сите криминали на Јувентус, освен оние со неговиот човек Конте кои мудро ќе ги избегнеше, како Заев што во последно време ги скока оние на Началникот и компанија.
Што сакаш од луѓе на кои црвениот на Весино пред три години уште им е сомнителен и нема дерби да помине, а да не го споменат.
Весино и самиот ќе си дадеше црвен картон за тој старт тогаш, битно фан клуб Интер на Кајгана не може да се помири со тоа.
Зборувате демек од жал за Наполи и Милан како судиите ќе биле против нив за Јувентус да се пласира во ЛШ, а заборавате што му се случи на Лацио 17/18та сезона кога судиите го убија со 10+ бодови и тоа со ВАР, а тимот кој се пласираше во ЛШ на сметка на Лацио, со исти бодови, е ни помалку ни повеќе чесниот Интер.