FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Абе а оти сите го коментирате фактот дека не е хорор? Што има врска тоа ? :D

Seven Pounds на HBO е ставен у категорија комедија, а според мене е најтажниот и депресивен филм. Не разбирам, ко да ви мењава нешто тоа како го карактеризирале :D

А иначе, хорор не значи БУ и да се исплашиш. An intense feeling of fear, shock, or disgust. Според мене се од ова има филмов.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.500
Поени од реакции
28.928

Јас го спомнав пошто очекував хорор. Fear и shock не доживеав само мала тензија и disgust. Тоа што не е хорор нема никаков удел на оценката. Сцената што ме disgust-на имаше. :D

Не ме сфаќај погрешно, kudos за предлогов. Сам не би да пуштам ваков филм, затоа со мерак учествувам на натпревариве.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.886
Поени од реакции
6.156
Angst

Не знам зошто толку сте го исхејтале филмов. Мене ми беше сосем солиден, тензичен, и ми држеше внимание додека го гледав.
Требаше да предизвика страв. Кај мене не предизвика, но имав чувство на гадење, одвратност, посебно на сцената во тунелот каде ја убиваше девојката.
Мора малку и да му се прогледа на филмот од тој аспект, поради самата нискобуџетност, а и годината на снимање. Верувам дека тогаш на луѓето итекако им бил страшен. Ние, денес, сме отрпнати на ова поле.
Еве мене филмовите на Дарио Арџенто, од тој аспект денес ми изгледаат смешно, посебно кога ќе ги видам визуелните ефекти, прав ужас. Но, сепак се филмови кои ми будат некој немир во душата.
За мене овој ги чекна сите полиња за хорор, и беше далеку по тензичен од секој нов филм кој користи ефекти, музика и fear factor.
Сме имале ние тука и "посмешни" хорори, ако можам така да ги наречам. Сигурно се сеќавате на Чешкиот Lunacy што беше со јазици, меса, црева? :D

Камерата и јас ќе ја пофалам, тие блиски кадри беа одлични за доловување на ликот. Актерот заврши огромна работа исто така. Одличен кастинг. Фацата му беше таква...гадна, одвратна. Уште од првата сцена ти ствара чувство на омраза, на гнев.
На моменти ми беше смешен кога го даваа во широк кадар кога трчаше. Ме потсетуваше на трчањето во ГТА Сан Андреас. :D

Одлично е што имаме можност и овакви филмови да гледаме во клубот. Различни. Маргинализирани. И, непознати. Секогаш ќе добиваат порализирано мислење, но оценката воопшто не треба да биде референца за филмовите овде, туку колкав импакт ќе остават истите на нас.
Овој ќе остави на мене.

6
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Gazpapir глеј што најдов

FB_IMG_1619686275405.jpg

Предлог реформа, со овој формат да ги пишуваме нашите рецензии за филмовите, @wot?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Страв/Angst (1983)

Омилени ми се филмовите со малку дијалог во кои сликата и звукот ја пренесуваат приказната. Потребна е голема мајсторија за да се направи таков филм. Овде имаме обид за такво нешто, но не баш успешен. Премногу имаше од внатрешниот глас на главниов лик и тоа работи што се повторуваа.
Ретко се обработува настанот од гледиште на убиецот, со сета негова трапавост. На многу добар начин камерата ни ја долови неговата психичка состојба. Одлични движења, особено они кадри каде беше фиксирана на ликот. Малку претераа со кадрите од птичја перспектива, ама може така ми изгледаше заради нивната должина. Во првиот кадар можевме да направиме комплетна анализа на покривот и ќерамидите. Оваа забелешка важи и понатаму низ филмот. Немаше потреба толку долго да траат некои кадри и да гледаме неважни дејствија во целосна должина, досадни беа. Како да сакаше дејствието да го прикаже во реално време. Монтажа треба, монтажа.

Ова семејствово што настрада, како да беа роботи, не луѓе. Ни да викнат, ни да писнат, ни да се спротивстават. Воопшто не видовме страв во нивните очи, а тоа е она што не поврзува со нив и на тој начин го доживуваме хоророт на ситуацијата во која се најдоа, тоа гради тензија. Но, ништо од сето тоа, едноставно ми беше сеедно што ќе се случи. Според најавата на Gazpapir очекував некои крајно садистички сцени, но тоа не се случи. Не дека сакав да ги има, но со погрешната најава освен што ја разбрка публиката :), имав и погрешни очекувања.
Музиката одлично се вклопуваше иако и таа стана досадна заради монотоноста.

Има материјал во филмов, но му фалат некои работи (или ги има премногу) за да биде бисер. Се познава дека режисерот баш и не барата најдобро со филмскиот јазик, но сепак имал добра идеја. Штета што останал само на овој филм. Можеби со повисок буџет и попрофесионална екипа би бил подобар.

Ако не друго, сега барем знаеме Гаспар Ное од каде крадел.

6/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Според најавата на Gazpapir очекував некои крајно садистички сцени, но тоа не се случи. Не дека сакав да ги има, но со погрешната најава освен што ја разбрка публиката :), имав и погрешни очекувања.
Па ако ви кажев прекрасен е, ќе уживате во него, @Violetova можда и ќе ми бараше адреса да ме убие поради сцената во тунелот. Мораше некако да предупредам дека постои нешто гадно во филмот. :D
Автоматски споено мислење:

+ Со само едно пребарување на google истото се кажува 1619693100757.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Па ако ви кажев прекрасен е, ќе уживате во него, @Violetova можда и ќе ми бараше адреса да ме убие поради сцената во тунелот. Мораше некако да предупредам дека постои нешто гадно во филмот. :D
Автоматски споено мислење:

+ Со само едно пребарување на google истото се кажува Прегледај го приврзокот 293904
Сцената што траеше половина филм :) ништо гадно немаше, пар убоди со нож што не ни беа експлицитно прикажани.

Затоа не се пребарува пред гледање, треба да се гледа без предрасуди :)

А и референцата за тоа дека е баниран води до неактивен сајт, баш сакав да прочитам за кое екстремно насилство се однесува.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Сцената што траеше половина филм :) ништо гадно немаше, пар убоди со нож што не ни беа експлицитно прикажани.

Затоа не се пребарува пред гледање, треба да се гледа без предрасуди :)
Епа јас презентирам, нели треба да презентираме како сме го доживеале? Јас за разлика од повеќето од вас, се внесов доста многу и се тоа ми беше тензично и гадно и се чуствував исцрпено после филмот. Што е до мене ја ќе го пуштев и така без збор, секако не сакам да пишувам и дрвам многу, али Злате вика пиши збор два :D
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.864
Поени од реакции
6.905
Какви се ова бљувотини од филм?! И какви болни умови воопшто замислуваат и снимаат вакви филмови? Јаките критичари вие, оценувате дали ова бил добар филм и дебатирате колку бил добар...WOW o_O нешто што треба да се забрани да постои воопшто во снимена форма, вие го гледате и дебатирате за него. Браво на вкусовите што ги имате ако трошите драгоцено време да гледате и дебатирате за вакво нешто. Ај ако не, следно гледајте го Српски Филм, многу добар бил. Каква камера има и дијалози...абе врв на кинематографијата :facepalm:
 
А оценка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom