Колку ми се свиѓа кога ќе прочитам или пак ќе слушнам вакво нешто од младо дете.
Браво!!!
Мило ми е што си одговорен и не си како повеќето твои врсници кои заради погрешно домашно воспитување или убиле некого или сами себе си напакостиле.
Запомни една работа, колата е како огнено оружје и ти имаш дозвола за управување т.е. користење на тоа огнено оружје.
Иако прашањето е за возење на автопат, прво ќе ти скренам внимание за возење во населено место:
- НИКОГАШ али НИКОГАШ немој над дозволена брзина т.е. 40-50km/h од едноставна причина што иако некои места во некои градови го дозволуваат тоа сепак немаш доволно време за реакција или далеку да е од стопирање веднаш.
- Може да ти претрча некој пешак, а безобразни се трчаат (ова ќе го увидиш зад волан и ќе сфатиш колку тоа многу сите сме грешеле пред да станиме возачи што сме трчкарале од зад секое можно ќоше).
- Може да ти излета дете со ролери, веспа, точак или сега со тие електричните тротинети - на ова особено мораш да внимаваш.
- Може некој стар човек да ти падне до/пред кола или да не те види или слушне (особено ова второто) така да внимавај многу - особено внимавај на стари лица со велосипеди.
- Може да се случи во твоја лента да влегуваат и излегуваат возила со голема брзина (од двете страни) - вообичаено за Скопје, а и за други градови каде има поголеми сообраќајници.
- МНОГУ, многу повнимателен да бидиш при вожња низ град и НИКОГАШ да не им се правиш паметен на полиција (колку год да се тие во криво, а ти во право) - едноставно носи појас, имај секогаш уклучено позиција и биди чист со документи, нема да имаш проблеми.
Во однос на возење на отворено:
- Немој да се тркаш, тоа е за на ТВ пошто ниту имаме возила за истото, а уште помалку патишта. Доколку некоја будала те претекнува НИКОГАШ да не додаваш и ти гас, туку отпушти ја папучата и остави го лудакот нека помине.
- Немој да претекнуваш во кривиниа, никогаш.
- Немој да претекнуваш при угорнини/надолнини кога немаш доволно преглед од спротивна страна што иди зад/под подигнатото место (ридче, така да го наречам).
- Немој при петекнување ПРЕмногу да се лепиш до возилата пред тебе пред да претекниш бидејќи, ќе ти повторам, ова не е F1 и не е баш исто како што гледаме на ТВ.
- Кога претекнуваш гледај СЕКОГАШ да се задржиш во спротивната лента ШТО Е МОЖНО ПОКРАТКО ВРЕМЕ.
- При претекнување не менувај брзини!!! Исклучок само ако направиш погрешна проценка и колата нема доволно сила да претекнеш па мораш да вратиш брзина надолу (помала брзина).
- На прав пат кога нема возила околу тебе тестирај ги можностите на колата т.е. како забрзува, колку време му треба да забрза 80-120km/h (отприлика тука некаде ќе ти се движи брзината кога претекниваш на отворено). Ова не значи да лудуваш со 180km/h туку да внимаваш на тоа како се понаша колата пред да ти треба некогаш реално да ја употребиш при претекнување или во некоја изненадна ситуација за кочење.
Кога си сам на отворено тестирај си и како кочи, колку време и треба и слично.
ПРЕД да тргнуваш на пат на отворено, СЕКОГАШ прави проверка на ладен мотор на нивото на масло.
Прави проверка дали имаш доволно течност во резервоарот за бришачи (ова во секое годишно време ќе ти треба).
Прави проверка на светлата, жмигавците, позиција, кратко/долго светло + обврзно назад дали сите светла светат кога кочиш.
Прави проверка на притисокот во гумите. Обично има шема со подесувања на гумите (различно е од возило до возило која е пропишаната) и се наоѓа на страната од вратата (од внатрешна страна нормално) или пак на капачката од резервоарот за гориво.
Секогаш имај барем 10 литра повеќе гориво отколку што ќе ти треба за да стигнеш од точка А до точка Б. Кога возиш на отворено не вози на резерва. (Слично на ова, никогаш во возилото не држи со тебе бензин или дизел како резерва во туби или шишиња).
Секогаш носи прва помош, резерва антифриз, моторно масло и течност за бричи.
Носи, ако си во можност, клеми за палење ако откажи акомулатор, обврзно носи елек кој е со флуросцентни ленти за да те забележат ако ноќе си покрај пат и имаш мака со возилото.
Носи вода во шише која ќе биде техничка вода т.е. ќе ти послужи да се измиеш раце доколку застаниш и нешто буричкаш низ колата.
Носи нараквици и ако си во можност мал сет на крцкалка и крстачи.
Во зима СЕКОГАШ носи зимска опрема (без разлика што гуми имаш) + носи ќебе и свеќа/ќибрит.
ДВЕ РАБОТИ:
Немој да користиш мобилен додека возиш (без разлика дали на отворено или во град).
Немој да паничиш при возењето. Доколку те фаќа паника застани и одмори, најлошо и најголеми глупости се случуваат од возачи кои испаничиле - НЕ од неискусни возачи.
(Мое мислење е дека тие што паничат уште при часови од автошкола не треба да им дозволуваат да поседуваат возачка дозвола - возењето не е за паничари, опасност се и за себе и за околината. Но го задржувам за себе тоа мислење)
Уште еднаш, мило ми е што си совесен и на пат НЕМА да имаш проблеми. Слободно вози и уживај во возењето - бидејќи ќе видиш дека самото знае на моменти да биде ОГРОМНА релаксација.
п.с.
НЕМОЈ да возиш под дејство на алкохол. Не само што ти е забрането со закон туку треба да знаеш дека рефлексите ти се намелни дури и по „една чашка“.
НЕМОЈ да тргнуваш на пат со точно определено време од (на пример) 2h за да стигнеш од точка А до точка Б. Секогаш оставај си резерва време заради непланирани работи на пат, сообраќаен метеж, замор и слично.
НЕМОЈ да возиш кога си преморен или пак недоволно наспан.
Исто, мој совет ти е на почеток да не возиш во полумрак т.е. кога ќе се затемнува и кога ќе се разденува. Тоа е најлошото време за возење бидејќи ниту е стемнето комплетно за да имаш помош од светлата, ниту пак е доволно дење за да функционираш без нив.
Прегледноста ти се намалува многу.
EDIT:
Носи и ПП апарат, во мкд не ти е задолжителен - во Грција ти е.
Иако не е сепак носи го, мн возила особено во лето знаеле да имаат пожар заради неисправна ел инсталација.