Прва вожња на автопат - препорака, совети, искуства

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Епа дечки скоро имам положено, и пред неколку денови си ја земав возачката дозвола.

За книшката ми кажаа за едно 6 месеци наводно ќе ми се јавеле да ја земам, а до тогаш ќе сум можел да возам.

Еве што знам:

  • Сега првите 2 години ќе сум возач почетник.

  • На пат резервиран за моторни возила знам дека е 80 km/h максимум, а на автопат 100 km/h максимум. А и реално, јас не би возел повеќе од тоа.

  • Знам дека на автопат треба да погледнувам на ретровизор (позади) кога престигнувам некој друг автомобил, или камион.

  • На непрегледно место, или ако веке некој престигнува не смеам да престигнувам.

  • За вклучување на автопат морам секогаш да ги почекам тие коли кои што се на автопатот да поминат па да се вклучам.

  • За светла долгите ги пуштам само кога нема возило од другата страна, а кратките нонстоп вклучени. Исто и за кога нема да сум на автопат.

  • Е сега за брзина намалување, како што сум возел низ град со инструкторот, треба постепено, пр. од 5-та брзина на 4-та, па на 3-та. Помала брзина за полесно искачување.

  • Лентата за сопирање се користи стриктно за сопирање во итни случаеви, или пр. при несреќа

Е сега, освен ова дали има нешто друго што би ми препорачале, дале совет како за почетник? Основните работи мислам ги знам, горе доле ги наведов. Секако треба внимание, трпение и погледнување убаво бидејки сепак е автопат, збориме за брзини над 80 km/h. Нема играње со воланот, возењето е озбилна работа.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Ако врне многу дожд и има собрано многу вода на патот, никако престигнување од најлева лента.
Исто така избегнувај возење во најдесна лента/најлева лента, бидејќи патиштата не ни се рамни и таму се собира најмногу вода.

ПС: На патишта кои имаат угорници како патот кај Кичево, со која брзина си се качувал, со иста брзина да се спушташ.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
ПС: На патишта кои имаат угорници како патот кај Кичево, со која брзина си се качувал, со иста брзина да се спушташ.
Па нормално, нема сигурно со 2 - ра да се искачам па после 5 - та да ставам па уште толку да се улетам XD

Се знае, на удолница пополека, не треба забрзување бидејки и така е удолница, самото тоа забрзува.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Еден совет од постар возач......со многу поминати километри на отворено.

Кога возиш на отворено......научи да не ги правиш барем овие две работи.....зошто кога некој пред мене ќе го направи тоа, во истиот момент БЕГАМ од такви возачи.....ризични ми се.

- немој да си играш со кочницата......тоест без ВИСТИНСКА (ИТНА) потреба да стискаш на кочница. За да успориш пушти ја гаста....употребувај моторно кочење. Кочиш само ако е морално.....ризично и немаш избор.....или при застанување пр. на патарина
- немој да шантраш во лентата во која што возиш.......држи прав и стабилен правец
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Теоријата веќе си ја минал. Не се преоптеретувај. Вози си внимателно. Потребно е време да си легне брашното. И запомни го воа: Не давај значење на шоферите кои зад тебе ќе ти свират.
Сите се нешто брзат и нон стоп ќе ти свират. На кој му се брза нека те претица.
И без разлика на кога си на пат со прединство секогаш внимавај и ако треба пропушти го возилото кое е или невнимателно или безобзирно.
Овоа е повеќе за градска вожња бидејки е реално позаебана.
За отворена вожња како шо кажаа погоре внимателно со кочницата. Фактот шо си пишал тука говори дека си внимателен и обзирен. Опуштено и држи се ограничуваето на брзината.
И да. Мобилен тел јок. Ако треба да се јавеш или дигнеш застани и збори.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.913
За кочницата да го дополнам @TrendS: никако кочење во кривина, ако си брз намалувај пред да влезеш во кривината.

На мостови/пропусти секогаш внимавај и влегувај побавно, бидејќи во: зима, рана пролет, доцна есен и кога не е замрзнато на другите места ваму може да биде (често се влажни, плус струењето на воздухот под нив ги прави поладни и замрзнуваат).

На почеток не се сили на брзина, барем не првите 7-8 000км, гледај да си 10-20км под дозволеното.

Ако е возилото задна влеча внимавај на кривини, може да те исфрли многу лесно затоа што најчесто моторот е напред и таквите се лесни позади.

Внимавај премногу на возила со приколка, често може да не го приметиш трепкачот ако тргнат да вртат, или пак истите да не те приметат тебе кога се разминувате и да направите белја.

Ако има снег не гази полна гас за да шлајфуваш затоа што ќе излеташ или ќе заглавиш.

Не верувај на кочниците, и секогаш држи растојание во зависност од брзината. Грубо на 50км на час ти требаат 40тина метри за да застанеш целосно, на 100ка речиси 100 метри (ова се теоретски вредности, секоја нерамнина на пат, камчиња, песок, гранулација, неисправност на систем за кочење, шара на гуми - влијаат на овие бројки).

Има уште многу работи, ама ќе ги учиш со тек на време, со среќа и безбедноста пред се!
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Озбилно е 100 km/h дозволено кај нас на автопат? :eek:
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.427
Поени од реакции
9.132
Колку ми се свиѓа кога ќе прочитам или пак ќе слушнам вакво нешто од младо дете.
Браво!!!
Мило ми е што си одговорен и не си како повеќето твои врсници кои заради погрешно домашно воспитување или убиле некого или сами себе си напакостиле.

Запомни една работа, колата е како огнено оружје и ти имаш дозвола за управување т.е. користење на тоа огнено оружје.

Иако прашањето е за возење на автопат, прво ќе ти скренам внимание за возење во населено место:
- НИКОГАШ али НИКОГАШ немој над дозволена брзина т.е. 40-50km/h од едноставна причина што иако некои места во некои градови го дозволуваат тоа сепак немаш доволно време за реакција или далеку да е од стопирање веднаш.
- Може да ти претрча некој пешак, а безобразни се трчаат (ова ќе го увидиш зад волан и ќе сфатиш колку тоа многу сите сме грешеле пред да станиме возачи што сме трчкарале од зад секое можно ќоше).
- Може да ти излета дете со ролери, веспа, точак или сега со тие електричните тротинети - на ова особено мораш да внимаваш.
- Може некој стар човек да ти падне до/пред кола или да не те види или слушне (особено ова второто) така да внимавај многу - особено внимавај на стари лица со велосипеди.
- Може да се случи во твоја лента да влегуваат и излегуваат возила со голема брзина (од двете страни) - вообичаено за Скопје, а и за други градови каде има поголеми сообраќајници.
- МНОГУ, многу повнимателен да бидиш при вожња низ град и НИКОГАШ да не им се правиш паметен на полиција (колку год да се тие во криво, а ти во право) - едноставно носи појас, имај секогаш уклучено позиција и биди чист со документи, нема да имаш проблеми.

Во однос на возење на отворено:
- Немој да се тркаш, тоа е за на ТВ пошто ниту имаме возила за истото, а уште помалку патишта. Доколку некоја будала те претекнува НИКОГАШ да не додаваш и ти гас, туку отпушти ја папучата и остави го лудакот нека помине.
- Немој да претекнуваш во кривиниа, никогаш.
- Немој да претекнуваш при угорнини/надолнини кога немаш доволно преглед од спротивна страна што иди зад/под подигнатото место (ридче, така да го наречам).
- Немој при петекнување ПРЕмногу да се лепиш до возилата пред тебе пред да претекниш бидејќи, ќе ти повторам, ова не е F1 и не е баш исто како што гледаме на ТВ.
- Кога претекнуваш гледај СЕКОГАШ да се задржиш во спротивната лента ШТО Е МОЖНО ПОКРАТКО ВРЕМЕ.
- При претекнување не менувај брзини!!! Исклучок само ако направиш погрешна проценка и колата нема доволно сила да претекнеш па мораш да вратиш брзина надолу (помала брзина).
- На прав пат кога нема возила околу тебе тестирај ги можностите на колата т.е. како забрзува, колку време му треба да забрза 80-120km/h (отприлика тука некаде ќе ти се движи брзината кога претекниваш на отворено). Ова не значи да лудуваш со 180km/h туку да внимаваш на тоа како се понаша колата пред да ти треба некогаш реално да ја употребиш при претекнување или во некоја изненадна ситуација за кочење.
Кога си сам на отворено тестирај си и како кочи, колку време и треба и слично.

ПРЕД да тргнуваш на пат на отворено, СЕКОГАШ прави проверка на ладен мотор на нивото на масло.
Прави проверка дали имаш доволно течност во резервоарот за бришачи (ова во секое годишно време ќе ти треба).
Прави проверка на светлата, жмигавците, позиција, кратко/долго светло + обврзно назад дали сите светла светат кога кочиш.
Прави проверка на притисокот во гумите. Обично има шема со подесувања на гумите (различно е од возило до возило која е пропишаната) и се наоѓа на страната од вратата (од внатрешна страна нормално) или пак на капачката од резервоарот за гориво.

Секогаш имај барем 10 литра повеќе гориво отколку што ќе ти треба за да стигнеш од точка А до точка Б. Кога возиш на отворено не вози на резерва. (Слично на ова, никогаш во возилото не држи со тебе бензин или дизел како резерва во туби или шишиња).

Секогаш носи прва помош, резерва антифриз, моторно масло и течност за бричи.
Носи, ако си во можност, клеми за палење ако откажи акомулатор, обврзно носи елек кој е со флуросцентни ленти за да те забележат ако ноќе си покрај пат и имаш мака со возилото.
Носи вода во шише која ќе биде техничка вода т.е. ќе ти послужи да се измиеш раце доколку застаниш и нешто буричкаш низ колата.
Носи нараквици и ако си во можност мал сет на крцкалка и крстачи.
Во зима СЕКОГАШ носи зимска опрема (без разлика што гуми имаш) + носи ќебе и свеќа/ќибрит.

ДВЕ РАБОТИ:
Немој да користиш мобилен додека возиш (без разлика дали на отворено или во град).
Немој да паничиш при возењето. Доколку те фаќа паника застани и одмори, најлошо и најголеми глупости се случуваат од возачи кои испаничиле - НЕ од неискусни возачи.
(Мое мислење е дека тие што паничат уште при часови од автошкола не треба да им дозволуваат да поседуваат возачка дозвола - возењето не е за паничари, опасност се и за себе и за околината. Но го задржувам за себе тоа мислење)

Уште еднаш, мило ми е што си совесен и на пат НЕМА да имаш проблеми. Слободно вози и уживај во возењето - бидејќи ќе видиш дека самото знае на моменти да биде ОГРОМНА релаксација.

п.с.
НЕМОЈ да возиш под дејство на алкохол. Не само што ти е забрането со закон туку треба да знаеш дека рефлексите ти се намелни дури и по „една чашка“.
НЕМОЈ да тргнуваш на пат со точно определено време од (на пример) 2h за да стигнеш од точка А до точка Б. Секогаш оставај си резерва време заради непланирани работи на пат, сообраќаен метеж, замор и слично.
НЕМОЈ да возиш кога си преморен или пак недоволно наспан.

Исто, мој совет ти е на почеток да не возиш во полумрак т.е. кога ќе се затемнува и кога ќе се разденува. Тоа е најлошото време за возење бидејќи ниту е стемнето комплетно за да имаш помош од светлата, ниту пак е доволно дење за да функционираш без нив.
Прегледноста ти се намалува многу.

EDIT:
Носи и ПП апарат, во мкд не ти е задолжителен - во Грција ти е.
Иако не е сепак носи го, мн возила особено во лето знаеле да имаат пожар заради неисправна ел инсталација.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.419
Поени од реакции
4.249
Епа дечки скоро имам положено, и пред неколку денови си ја земав возачката дозвола.
Срање чоече браво. Кажи колку се намачи ментално да се спремам
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
За книшката ми кажаа за едно 6 месеци наводно ќе ми се јавеле да ја земам, а до тогаш ќе сум можел да возам.
Нели нема потреба од сообракајна книшка више бидејки нема казнени поени више

Јас положив пред година и пол уште неам таква.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Нели нема потреба од сообракајна книшка више бидејки нема казнени поени више

Јас положив пред година и пол уште неам таква.

Нема потреба, укинати се колку што знам. Ама мене ми ја дадоа тогаш и ми рече вработениот дека и таа одела во цената која е платена за вадење на возачка по прв пат. Ако мислеше на онаа за казнени поени.
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Види голема филозофија нема.. едноставно е, поштувај-гледај колку е лимитирано брзина на тој дел од автопатот, поштувај-гледај знаци и немаш промашај бад. (y)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.340
Поени од реакции
4.951
На регионални и автопати држи се десна лента и не се занашај да претицуваш да не земеш некого на душа.

Инаку спомнавте 40-50км/ч в град... Каде Делчево? Мак. Брод? :)
Скопје испод 70-80 немаш вожња.

Најбитно од се. Имаш или немаш перцепција за околина. Моментот кога ќе научиш да перцепираш растојание си станал шофер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom