Прва вожња на автопат - препорака, совети, искуства

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Денес возев на A4 од Миладиновци до Штип. Како за почеток не беше лошо. Буквално се осеќаш како на булевар, само со поголеми брзини, и мора многу внимавање и држење волан цврсто. Еден погрешен потег и готово е. На тие брзини играчка нема.

За удолница не ни имав потреба да мењавам брзина, бидејки ја тргнав ногата од гасата, и само малку на кочница.

Е сега си треба вежбање, неможе се од прва да биде. Треба да се усовршам за соодветно закочување, да поработам на тоа под ружна малку, а за другото горе доле сум океј.

Ќе се сложам за тоа дека полицијата треба да се фокусира на оние кои што летаат. Буквално денес ме прошиша едно порше брачата од швицарска 300 на саат леташе.

А да не зборам за тоа видеото што го видов по социјалните мрежи (од тик ток) каде што на оној мостот одма до веро, комотно си преминува во спротивен правец, и тоа полиција што помина буквално покрај него, нит да го казни, нит ништо.... а тогаш еден манијак со црно ауди што за малку ќе ме прегазеше... да не зборам има уште 1,000 такви случаеви. Кога имаш расипан систем кој за едните работи, а за другите не, и каде што секој си ги толкува своите правила, не ме чуди ништо...
За да не бидеш во ситуација да кочиш чат-пат на АВТОПАТ.....ногата ќе ја тргнеш од гаста малку порано. Знаеш колку непријатно делува......кога возиш позади некој пр. 120 и гледаш како му светнува штопот на тој пред тебе.
Ти кажував.....кочиш ако е итно (или застануваш во помошна лента....или на патарина).

Викаш се стегаш додека возиш.....грешка. Не треба да возиш стегнат и под грч.....опушти се и научи да уживаш во возењето. Се додека си во грч.....се мачиш, наместо да уживаш во патувањето. (замисли да треба да возиш 1000км под грч.....невозможно :icon_mrgr:)

Точно.....еден погрешен потег, може да биде богами лошо......на отворено, грешка не смее да има.

Труди се да бидеш опуштен додека возиш.......да не бидеш ни малку исплашен.....прати знаци.....почитувај се на патот и вози.
Секогаш прати ситуација што се случува пред и позади тебе......зиркај постојано на ретровизори (ќе ти стане навика....понатака). Пред тебе гледај неколку коли напред......погледот фокусирај го широко пред тебе.....од колата во близина пред тебе....па се до последната што ти е на видик.

Сега за почеток избегнувај ноќна вожња.....после, почни да вежбаш и ноќе (но не на стемнување/разденување....за почеток). Кога ќе почнеш да возиш ноќе.....ќе правиме муабет на што да се фокусираш кога си под фарови.....како да го пратиш "курсот" по кој треба да се движиш. Билдај километри.....другото ќе си дојде само по себе.

ПС
Знаеш како го оправив внук ми да вози како што треба на отворено.......практично во кола. Седна малиот да вози до Гевгелија.....јас до него....совозач. Секоја грешка му ја посочував (и му објаснував како да не ја повтори).....напорно му беше, зошто му најдов еден тон грешки. На враќање.....пак возеше од Гевгелија до Скопје......веќе беше релативно сосема како што треба. Ова го направив откако веќе имаше поминато некој две-три илјади км.....сам на отворено. Имаше голема самодоверба.....мислеше дека веќе научил се. Видов дека ништо не научил.....додека возеше со мене, стана и он свесен дека нема поима.....ама имаше желба и воља да научи.

Најубаво за некое време.......нека седне некој искусен возач до тебе.....ќе ти ја посочи секоја можна грешка....побрзо и полесно ќе научиш на се......што ќе биде подобро за тебе. Не е само да се стигне од точка А.....до точка Б. Финесите и техниката се најважни......
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863
Муабетот беше колку дозволува патот безбедно и брзо да се извози таа делница.
Колку што се сеќавам само кај Катланово има 80 ограничување, тоа пред Велес пред многу години беше, сега нит џандар сум видел нит бутур.
Ми се случувало да не ги видам и да ги прошишам :D ама или имале веќе пациент или со нешто биле зафатени.
Не дека ќе ти смени дали е 70 или 80, во секој случај со +40км го јадеш квалитетно.

Колку што ме имаат запирано во последниве година и пол не сум бил запиран претходно во 10 години.
Што е најтрагично никогаш не сум запрен за пребрзо возење или за прекршок туку рутинска контрола, ваљда многу сум им сумлив :D
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не дека ќе ти смени дали е 70 или 80, во секој случај со +40км го јадеш квалитетно.

Колку што ме имаат запирано во последниве година и пол не сум бил запиран претходно во 10 години.
Што е најтрагично никогаш не сум запрен за пребрзо возење или за прекршок туку рутинска контрола, ваљда многу сум им сумлив :D
Не реков дека јас со 120 континуирани одам од Скопје до Велес!
Се надоврзав на муабетот дека со Ауди А6 на некои делници возел со 120 и дека било опасно и неодговорно! Само сакав да кажам дека патот дозволува 120 на час и со обична кола, по цела должина.
За овие години возење, што не ми се случило! Сопирање онака без причина и несопирање кога 200% има причина :toe:
Интересно е дека јас како и Форца, у младоста цел по закони, ги уведоа појасите тогаш и јас обавезно со појас! Другите кој како, у првата пола година 2 пати ме репнаа за неносење појас, на делница 200 метри, од бензинска до дома:(
П.С. Вчера за време на џума, кај новата џамија кај Дрисла од коли пешки не се поминуваше, не со кола, куп голфови напикани како сардини и полицијата на сред пат сопрела едни наши дечки, при што зафаќаа пола пат и тие, ги тресеа, а ниетот беше да ги казнат за маски :facepalm: :mad::cautious:
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863
Не реков дека јас со 120 континуирани одам од Скопје до Велес!
Се надоврзав на муабетот дека со Ауди А6 на некои делници возел со 120 и дека било опасно и неодговорно! Само сакав да кажам дека патот дозволува 120 на час и со обична кола, по цела должина.
За овие години возење, што не ми се случило! Сопирање онака без причина и несопирање кога 200% има причина :toe:
Интересно е дека јас како и Форца, у младоста цел по закони, ги уведоа појасите тогаш и јас обавезно со појас! Другите кој како, у првата пола година 2 пати ме репнаа за неносење појас, на делница 200 метри, од бензинска до дома:(
П.С. Вчера за време на џума, кај новата џамија кај Дрисла од коли пешки не се поминуваше, не со кола, куп голфови напикани како сардини и полицијата на сред пат сопрела едни наши дечки, при што зафаќаа пола пат и тие, ги тресеа, а ниетот беше да ги казнат за маски :facepalm: :mad::cautious:
Кај Дрисла ако земат да казнуваат правилно ќе може да ја дигнат платата на сите џандари во рок од една недела.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538
Додека сме на темата, да прашам знаете ли колку е казната за возење на возило со повеќе од 77кw во првите две години за возач почетник. Да речеме доколку вашето возило е неисправно па се послужите со друго возило кое има 80-85кw? И дали е важно колку киловати надминува над 77, или е исто и за 80 и за 130кв?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom