- Член од
- 11 мај 2013
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 153
- Возраст
- 39
Е ова се постови вредни злато, мислења на паталци наместо препродавачи, вака треба да функционира форумов.Пријателе не знам која е потребата да грееш салони и седиш со отворени врати.
Салон, минуваш низ него и толку. Во денот дали трошиш едно 10 минути таму.
Од друга страна, според мене, едната клима да не си ја чепкаш каде што е наместена (бидејќи секоја преместена клима потоа нема да ти работи со ист капацитет - нормално заради прекрасните ни монтери).
Во дневниот боравак да си поставиш уште еден LG или пак некоја буџет клима до кај 40к која за 30 квадрати (дневна + кујна АКО ти е отворено) ќе биде сосема доволно. Доколку ти е битен издувот гледај некоја со повеќе брзини за да имаш комоција во седењето, доколку не ти е тогаш нема врска каква клима - ќе ти брка работа што и да ставиш.
А во другата спална доколку не сакаш да ти дува клима тогаш со панел ќе збркаш работа. Доколку една сезона поминеш со панел и не ти брка работа следната сезона повторно можеш да ставиш некоја 2,5kw клима за ич пари и да бидеш згреен.
Како и да е, наместо да лупниш 100к за клими (или недај Боже трократно повеќе), гледај со половина од тие пари да завршиш работа, а останатите вложи ги во изолација на просторот - СЕКОГАШ тоа е подобра идеја, верувај ми.
Изолирај ги во визбата и гаражата таваните со стиропор (можеш сам, не е тешко), а на другите простори можеш да изолираш дел по дел или пак целосно со некој мини кредит па да ти се тргне од глава загревањето на просторот.
Крај краева заради финансии и ништо да не изолираш во толку мали простории со климите ќе бидиш загреан.