Со овој распоред на мулти сплит нема да морам да седам со отворени врати а секаде ќе ми биде топло, и нема да биде цела куќа накитена со клими пошто имам и комшии лево десно кои што имаат спални каде што би стоеле надворешните единици , и пред се лично за себе. Го ценам твоето мислење и знам дека е голем влог , но мислам дека вреди инвестицијата. Знам дека изолацијата е must have па ќе размислам кој чекор да го направам. Можно е засега да наместам само една клима , најверојатно Haier Flexis дури да наместам изолација, а 2.5ката нема да ја чепкам па за понатаму ќе видиме. За во дневна мислам дека нема да ми пречи што нема ниска модулација, би размислил и за Toshiba shorai edge или за некој Mitsu, но секој поголем влог за еден клима уред ми одзема од буџетот за мултито/изолација. Иначе да , кујната и дневната се отворени со простор колку две врати , вкупно 32 квадрати.
Секако другар, секој со своите размислувања и пред се' можности и потреби.
Логично би било да се изолира прво просторот па потоа да се климатизира, но колку од нас можат така?
Јас не можев, еве и други не можат. Едноставно толкава ни е купивната моќ и те разбирам во потполност.
Досега се грееше на дрва дома или на панелка? Во дневната особено...
Бидејќи мал ти е просторот мислам дека како и да го решиш прашањето со греењето ќе бидеш загреан, работата е каде прво да инвестираш и колку.
Направи пресметки, најдобро од се' немој да брзаш.
Искрено кажано голема тема е, но може да се извлечат кориснички искуства иако ќе имаш многу за читање.
Многу се гледа да има меѓусебни препукувања во однос на јапонец вс. кинез, во обид да се направи реклама или антиреклама (кој за што е дојден) но ретко некој ќе излези со фул анализа на тоа што го купил и како е задоволен од истото.
Супер е темава, само се пополнуваат многу страници и треба читање во континуитет.
Обиди се да најдеш кориснички искуства на јузери кои имаат клими со ECO или Quiet mode, бидејќи мислам дека истото ќе ти заштеди ел енергија пошто просторот ти е мал и ќе може побрзо да го загрееш, па потоа да одржаваш температура во ECO mode, со што најверојатно би добил распон од 100-250w заштеда за саат време (зависно од моделот на климата).
Има овде доста дечки со мерачи дома, па може да го потврдат или негираат ова - во зависност од нивното искуство.
Јас би одбрал клима со повеќе брзини за во дневната кај тебе (но тоа сум само јас, лично мислење, не го сфаќај моето здраво за готово) и со функционален и добар ECO/Quiet mode.