Американските газди од ПЛ на чело наместени.
Мора сегде да метастазираат и да ја шират нивната верзија на корпоративен капитализам. Секој општествен феномен, каде и да е на планетава, мора да биде subdued.
Мислам дека вакви иницијативи, воопшто не се добри за фудбалот, како глобално најпопуларен спорт.
Фудбалот е бизнис и тоа е ок. Ама, фудбалот е и социјален и културен феномен. Неговата глобална популарност е последица на фактот што, за него се врзуваат идентитети на илјадници локални заедници низ светот. Луѓето од секое мало место на планетава, каде е популарен фудбалот, имаат мал фудбалски клуб со кој се поврзани, поголем клуб од државата од која се, што патриотски го следат и голем (најчесто) европски клуб за кој навиваат.
Ако направат ваква супер лига, ќе ги исцедат финансиите од првите и вторите, односно од националните лиги низ Европа и од помалите клубови по реноме, оние второкласни и третокласни клубови, кои живеат од учество во европски клубови. Фудбалот ќе се претвори во елитен спорт, и ќе исчезне како grassroot појава. Луѓето помалку ќе го следат споротот, зошто квалитетот ќе биде концентриран во неколку далечни, странски клубови, со кои они немаат многу конекција.
Јас мислам дека е ова исклучително глупава, елитистичка, педерска и на долг рок автодеструктивна идеја, на старата гарда европски клубови, кои сакаат да си ја задржат доминацијата со ставање на бариери за влез на конкуренцијата. Пробаа со ФФП, што на крај искочи едно комплетно фијаско, па ајде сега со уште поглупа идеја, ќе си направиме приватна лига за никој друг да не ни зема дел од колачот.
Разбирливо е дека се големи пари во прашање, ама за мене вакви работи се посерување врз убавината на спортот.
Уште па учеснициве што ги избрале. Што бараат Тотенхем и Арсенал, па дури и Интер и Милан од последнава декада, во некакво елитно друштво. И Атлетико М., сериските лузери, ќе влегуваат во некаква елита.
А Сити, ПСЖ и Баерн, можеби трите најквалитетни тима во моментов, ги нема никаде.